You are currently viewing РИМ АВИО

РИM

06.10. – 09.10.2023 —  5 дена/4 ноќевања

Авионска програма ОД СКОПЈЕ

Рим  Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седум ридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

ПРОГРАМА 

1 ден (06.10.2023  ) | Скопје – Рим

Пристигнување на скопскиот аеродром во 18:45 часот. Полетување за Рим во 20:45 часот. Слетување во Рим во 22:30 часот. Трансфер до хотелот и сместување.). Ноќевање.

2 ден (07.10.2023) | Рим

Појадок во хотел.По појадокот предлог факултативна посета на Ватикан (превоз со метро), – Ватиканските музеи и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. Слободно време па следува организиран разглед на градот со локален водич (пеш и метро), разглед на Пиаца НавонаПантеонФонтана ди ТревиШпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден (08.0310.2023) | Рим – Тиволи

Појадок во хотел. Наш предлог за денес е посета на  Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини.По враќањето во Рим може да ја посетите црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа може да се разгледа (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање. 

 5 ден (09.10.2023) | Рим – Скопје

Појадок во хотел и одјавување од собите. Следува време за слободни активности, прошетки, шопинг, кафе во Рим. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 23:50ч. , слетување во 00:50ч.

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 459 € 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3*  – 4 ноќевања со појадок;
  • Пратител на групата за време на целото патување
  • Организација на аранжманот ;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Туристичка такса – 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

Предлог факултативи:

  • Разглед на Рим со локален водич – 20 €
  • Факултативна посета на Ватикан и Систинската капела (влезница + локален водич) – 60 €
  • Факултативна посета на Тиволи (превоз + локален водич) – 60 €

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

 Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ