You are currently viewing Нова Година 2023 – Рим – Неапол – Тиволи – Сигурна Реализација

Нова Година 2023 – Рим – Неапол – Тиволи

ПРОГРАМА:

1.ДЕН (29.12.2022 – четврток) : БИТОЛА

Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 13.30 часот. Поаѓање за Драч во 14.00 часот. Патот води преку Струга, Елбасан…денско и ноќно патување со кратки попатни одмори. Пристигнување во Драч во вечерните часови – трансфер на траект. Планирано поаѓање за Бари околу 23.00 часот…ноќна пловидба.

2.ДЕН (30.12.2022 – петок) : БАРИ – НЕАПОЛ – РИМ

Пристигнување во Бари во утринските часови. Продолжување на патот за Неапол. Пристигнување во Неапол во пладневните часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…обиколка на Градскиот плоштад, Општинската зграда, замокот Castelo Nuovo, Театарот San Carlo, палатата Reale, црквата San Francesco, како и најстарата пицерија во Неапол и воопшто во Италија, пицерија чии гости биле Софија Лорен, Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона – Da Mateo…слободно време за истражување на живописниот и полн со бои стар дел на градот наречен Spaccanapoli…состанок на групата на претходно договореното место во 18.00 часот. Поаѓање за Рим. Пристигнување во Рим во вечерните часови, сместување во хотел. Ноќевање.

3.ДЕН (31.12.2022 – сабота) : РИМ ВАТИКАН

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Ватикан со стручен водич…запознајте ја Папската држава со целиот нејзин сјај, богатство и гламур… Ватиканските музеи, Систинската капела – ремек делото на Микеланџело како и базиликата „Св.Петар“ – своевремено најголемата базилика во Католичкиот духовен свет…прошетката продолжува низ Рим…посета на Castel Sant Angelo (Адриановата палата), Судската палата, преминуваме преку реката Тибер на Ponte dele Angeli (мостот на Ангелите) и пристигнуваме на најубавиот плоштад во Рим – Piazza Navona…слободно време за уживање со едно Италијанско espresso во Caffe Domiziano или ручек во еден од многуте мали ресторани (tratoria)…прошетката продолжува до Пантеонот (Храмот на сите богови) – единствената градба во Рим, зачувана онаква како што е изградена уште во 6.век н.е. Слободно време за индивидуален разглед на градот или шопинг. Состанок на групата во 17.00 часот. Враќање во хотелот. Вечерта – ДОЧЕК на НОВАТА 2023!!! Ноќевање.

4.ДЕН (01.01.2023 недела) : РИМ

Појадок. Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив…факултативен разглед на градот со стручен водич…црквите, базиликите и плоштадите : San Giovanni Laterano, San Clementе (вечното престојувалиште на Св.Кирил), Piazza Venezia, Altare de la Patria – Vittorio Emanuele (олтарот на татковината), Fontana Di Trevi, Spagna (Шпанските скали)…Античкиот Рим : Colosseo, Campidoglio, Fioro Romani. Слободно време на Via del Corso, или индивидуален разглед на градот. Состанок на групата во касните попладневни часови. Враќање во хотел…Ноќевање.

5.ДЕН (02.01.2023 – понеделник) : РИМ – ТИВОЛИ – БАРИ

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и заминување за Тиволи – факултативна посета на најрепрезентативната вила Дел’Есте и нејзиниот парк со 1000 фонтани…патувањето продолжува кон Бари…пристигнување во Бари во попладневните часови…посета на базиликата Св.Никола, прошетка низ стариот град, базиликата Сан Сабино…трансфер на фери околу 21.00 часот. Поаѓање за Драч…ноќна пловидба.

6.ДЕН (03.01.2023 – вторник) : ДРАЧ – БИТОЛА

Пристигнување во Драч околу 8.00 часот…продолжување на патот кон Битола и пристигнување во попладневните часови.

ЦЕНОВНИК:

РЕДОВНА ЦЕНА: 18.540мкд (299 €) ПО ЛИЦЕ

BLACK FRIDAY ЦЕНА:  16.060мкд (259 €) ПО ЛИЦЕ

Во цената е вклучена:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација;
  • посета и разглед на Неапол со стручен водич;
  • 3 НП во Рим (околина) во хотел со 3*;
  • бродски превоз (дек-седишта) на релација  Драч – Бари (доплата за 1/4 кабина – 10 € по лице во правец, за 1/3 кабина – 15 € по лице во правец, за 1/2 кабина – 20 € по лице во правец – резервација и уплата во агенција);
  • посета на Тиволи;
  • посета на Бари;
  • организација, водство и реализација на аранжманот;
  • ТРАНСФЕР на ПАТНИЦИ – БЕЗ НАДОКНАДА, од Скопје, Велес, Кавадарци, Прилеп, Ресен, Охрид и Струга;

Во цената не е вклучено:

  • Факултативните излети и посети;
  • влезниците при посета на културно-историските споменици;
  • патничкото осигурување;

Факултативи :

  • разгледот на Рим (трансфер + стручен водич + слушалки + метро карти) – 30 € по лице;
  • Ватиканските музеи заедно со Сикстинската Капела – 55 € по лице (резервација за влез во одреден термин, без чекање во ред + трансфер + влезница + стручен водич + слушалки + метро карти – ОБАВЕЗНА РЕЗЕРВАЦИЈА и уплата во агенција!);
  • влезница за Villa Del Este (Тиволи) – 15 € по лице;

НАПОМЕНА:

  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

Со оваа програма важат Општите услови на  СКТМ и С ТРАВЕЛ