Велигден 2023 – Рим

(10.04-14.04.2023)

ПРОГРАМА – АВИОН

10 АПРИЛ (ПОНЕДЕЛНИК) СКОПЈЕ-РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 18:25часот.Лет за Рим W6 7757 во 20:25часот. Пристигнување во Рим во 22:10часот. Трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.

11 АПРИЛ (ВТОРНИК) РИМ-ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан (со метро), еден од најголемите музеи, со  многубројни уметнички дела собирани низ вековите од Римокатоличката црква. Посета на Ватиканските музеи, Сикстинската капела, Рафаеловите соби, и црквата СВ.Петар. По разгледот се упатуваме на прошетка кон Замокот на Ангелите и преку мостот на Ангелите се упатуваме кон плоштадот Навона, еден од најубавите уметнички плоштади, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан во 1ви век. Во оваа уметничка четврт е позната фонтана Fontana dei Quatro Fiumi.
Слободно време за индивидуални прошетки, закуски во прекрасните ресторанчиња долж овој плоштад. Препорачуваме прошетка до Fontana di Trevi, една од најпознатите во Рим, за која се вели дека, доколку фрлите паричка и замислите желба за повторно враќање во Рим, ќе ви се оствари. Ќе го посетиме Пантеонот еден од најзначајните монументи во Рим, зачуван од 125година и оттогаш е во употреба. Ке ги посетите и познатата шопинг улица Виа Дел Корсо, и Шпанските скали.  Ноќевање.

12 АПРИЛ (СРЕДА) РИМ-ТИВОЛИ
Појадок. По појадокот факултативна посета на Тиволи со прекрасната Villa D’Este со најзината спектакуларна градина и фонтани, кои припаѓаат на ренесансната доба, градини кој ќе изнудат воздишки. Вилата е нешто кое треба да се посети и доживее со нејзините петтстотини фонтани, нимфи, пештери, музика и игри со вода. Враќање во Рим. Посета на црквата Санта Мариа Маџоре и црквата Санта Мариа Дегли ди Ангели е деи Мартири, црквата Сан Пјетро ин Винколи. Прошетката продолжува до Колосеумот и до црквата Сан Клементе, каде ќе ги посетиме гробот на Св.Кирил и капелата. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

13 АПРИЛ (ЧЕТВРТОК) РИМ
Појадок. По појадокот со метро се упатуваме на прошетка до Сан Џовани Латерано и црквата Скала Санта. Од тука се упатуваме кон Термини и прошетката продолжува во боемскиот кварт Трастревере со посета на црквата Св.Марија ин Трастевере. Слободно време за индивидуална прошетка и ручек во некој од многуте прекрасни традиционални ресторани кој нудат прекрасна италијанска кујна. Слободно време. Ноќевање.

14 АПРИЛ (ПЕТОК) РИМ-СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за индивидуална прошетка низ Рим, шопинг, кафе. Во договорено време собир на група пред хотел и трансфер до аеродром во 19:00часот. Полетување кон Скопје во 22:45часот. Слетување во 00:35часот.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА  – 469€
РЕДОВНА ЦЕНА 489€ ПО ЛИЦЕ

Во цената е вклучено:

  • -Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
  • -Аеродромски такси;
  • -4 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • -Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
  • -Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20cm – макс.8кг;
  • -Сместување во двокреветни соби во хотел со 3*  – 4 ноќевања со појадок;
  • -Пратител на групата за време на целото патување
  • -Организација на аранжманот, локален водич и придружник на патувањето.

Во цената не е вклучено:

-Доплата за 10кг или 20кг багаж (информации во агенција)
-Туристичка такса од 4-6€ по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот) се плаќа на рецепција
-Билети за јавен превоз (метро и бус 1,5€ во правец или дневна 7€)
-Патничко осигурување
-Доплата за еднокреветна соба -150€

Факултативни посети со задолжителна пријава при резервација:

Ватикан: 50€по лице со локален водич, билет и слушалки (се патува со метро)
* За остварување на факултативата се потребни минимум 15лица
Тиволи: 55€ по лице, превоз, влезница и водич за Вила Д’Есте
* За остварување на факултативниот излет се потребни минимум 20лица

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават при резервација во агенција.
Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место за факултативата Ватикан и Тиволи.

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Останати услови и попусти:

  • Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.

Важат Општите услови на Т.А. С-Травел