Помпеја-Неапол-Рим-Ватикан-Тиволи-Пиза – Велигден 2019 – Сигурна Реализација

Велигден – Помпеја-Неапол-Рим-Ватикан-Тиволи-Пиза

Рим – Срцето на Италија, град на седум рида, најголем и најброен град во Италија… според легендата основан од Ромул и Рем во 753 год. п.н.е. Во современиот живот на градот се преплетуваат историјата и архитектурата, стари повеќе од 3000 год, па затоа овој град е единствен, неповторлив и не личи на ниедна друга метропола во светот… и со право го носи името Вечен Град. Историјата на градот ја создавале императори, папи, цареви и конзули а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници. Рим ќе Ве опчини со величенствените антички монументи, триумфални порти, раскошни дворци, колоритни плоштади, ренесансни фонтани, романтични фасади, Колосеумот… стариот дел на градот е вистински музеј на отворено. Сите патишта водат кон Рим!

1 ден  25.04.2019СКОПЈЕ-ДРАЧ-БАРИ-РИМ:

Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Албанија гр.Ќафасан кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во  22:30ч. Ноќно возење кон Бари. 

2 ден  26.04.2019БАРИ –ПОМПЕЈА-НЕАПОЛ- РИМ:

Пристигнување во Бари во 08.00.  Продолжуваме кон  Рим, предлагаме факултативна посета на античкиот град Помпеја кој бил комплетно уништен и затрупан под пепел по катастрофалната ерупција на вулканот Везув во 79 г. Потоа одиме на прошетка низ Неапол :Плоштадите Данте и Белини. Пристигнување во Рим во вечерните часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден  27.04.2019 РИМ – ВАТИКАН – ТИВОЛИ: 

Појадок.  Предпладне  посета на Ватикан и Ватиканските музеи, Црквата во Ватикан, Сикстинската Капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Потоа предлагаме прекрасен факултативен излет доТиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте.  Враќање во Рим. Слободно попладне за ручек, кафе и индивидуални активности… Предлагаме вечерна прошетка Roma by nightНоќевање.

4 ден  28.04.2019РИМ  – МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА:

Појадок. Предпладне предлагаме разглед на Рим со локален стручен водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Фонтана Ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот… Поаѓање за Монтекатини. Пристигнување во Монтекатини во попладневните часови. Сместување во хотел. Препорачуваме вечерна посета на Пиза – Разглед на плоштадот Plazza Dei Miracoli на кој се наоѓа Кривата Кула,  катедралата Santa Maria della Spina, крстилница Св.Јован. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел. Ноќевање. 

5 ден  29.04.2019МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА-СКОПЈЕ:

Појадок. Одјавување од хотел.  Заминуваме на   факултативна посета на Фиренца. Можност да уживате во ренесансниот град: мостот Векио, црквата Санта Кроче, Катедралата, плоштадот Сињорија, Палацио Векио, Галеријата Уфицио… Во вечерните часови поаѓање за Македонија. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден  30.04.2019 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 01.03  : 229/  14.20ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249/  15.44ден

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Рим-Скопје
  • Превоз со брод на релација Драч-Бари (седиште на брод)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим(околина)
  • 1 ноќевање во хотел 3* НП воМонтекатини
  • Посета на Неапол со водич
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  •   Задолжително патничко осигурување  210 денари
  •   Разглед на Рим со локален водич 15 €
  •   Посета на Помпеа со влезница и водич 25 €
  •   Задолжителана посета на Фиренца   30€
  •   Излет Roma by night 15€
  •   Посета на Ватикан(резервација, превоз, водич, влезница,слушалки) 50€
  •   Излет Тиволи ( превоз, водич, влезница) 25€
  •   Вечерна посета на Пиза 10 €
  •   Доплата за бродска кабина Драч-Бари  – 10 €
  •   Туристичка такса  Рим 6€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  •   Туристичка такса  Монтекатини 2€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  •   Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ