РИМИНИ ЗА 23 – ТИ ОКТОМВРИ
Состанок на групата на паркингот кај хотел Русија во 09:00 часот. Поаѓање за Италија во 09:30 часот. Патувањето се одвива преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Ноќно возење.
Пристигнување во Римини. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Препорачуваме посета на плажите кои се во близина на хотелот. Во вечерните часови уживајте во некој од локалните ресторани и барови и прошетка низ стариот град во Римини. Ноќевање.
По појадокот во хотел групата се упатува на целодневна факултативна екскурзија во Болоња, еден од најубавите градови во регионот Емилиа Ромања. Познат по многу работи, универзитетскиот центар на Италија, кој ќе ве воодушеви со специфичната црвена боја на фасадите, град кој ќе ви понуди едно гастрономско искуство кое никогаш нема да го заборавите. Во вечерните часови враќање во Римини. Ноќевање.
По појадок во хотелот, слободно претпладне за индивидуални активности. Во попладневните часови, се упатуваме на факултативна посета на Република Сан Марино. Една од најмалите држави во светот. Стариот град е прогласен за културно наследство на УНЕСКО, поставен е на највисокиот дел од планината Титан, и нуди преубав поглед на целиот регион. Прекрасен град кој ќе ве остави со воздишки. Продолжуваме кон Сантарканџело, типичен град за регионот, кој нуди вечерна забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Во договорено време се упатуваме кон хотел. Ноќевање.
По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање кон градот Трст кој е бесплатен за посета и е вклучен во цената на аражманот. По посетата на Трст продолжувме кон Македонија.
Пристигнување во Македонија во попладневните часови.
РЕДОВНА цена :199eвра по лице
ПРОМО цена 159 евра по лице