Романија и Замокот на Дракула – 8ми Март 2020

Мистична Романија за Осми Март

Цена по лице за резервации до 31.01.2010 – 119 евра

Редовна цена – 129 евра

Организиран трансфер од Битола Прилеп и Кавадарци 10 евра по лице.

ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 31.01.2020 БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА ПРИЛЕП И КАВАДАРЦИ

 

Програма на патувањето:

 

Прв ден (05/03/2020) четврток

Собир на групата на Континентал во 17:00 часот. Тргнување за Романија во 17:30ч. Патувањето се одвива преку Бугарија.

 

Втор ден (06/03/2020) петок

Пристигнување во градот Брашов во претпладневните часови. Сместувањето е во хотел 3*
По одморот од патувањето на разглед на Брашов и посета на знаменитости (плоштадот, Црната Црква…)
Брашов е град кој е дел од Трансилванија и каде е споена целата романска готика, барок и ренесанса на историјата раскажана преку архитектурата и атмосферата на овој град. Луѓето во овој град се едни од најгостопримливите во цела Романија.

 

Трет ден (07/03/2020) сабота

По појадокот факултативно се заминува на целодневен излет при кој се посетува замокот Бран, познатиот замок на Дракула каде што бил затворен. По замокот на Дракула се посетува градот Синаиа каде се посетува дворецот Пелеш, некогашна летна резиденција на Романските кралеви којшто се смета за еден од најубавите дворци во Европа. По разгледот на дворецот имате слободно време за ручек.
Враќање во Брашов во вечерните часови. Во договор со групата посета на традиционален ресторан во срцето на Брашов.

 

Четврти ден (08/03/2020) недела

Појадок и напуштање на собите по што се поаѓа кон Букурешт.
По пристигнувањето факултативно со лиценциран водич се упатуваме на разглед на главниот град на Романија.
Прво се посетува Плоштадот на Револуцијата каде се наоѓаат Атенеумот (концертна сала), Националниот музеј на уметноста на Романија (поранешната Кралска Палата), Универзитетската Библиотека, споменикот на националниот препород и зградата на поранешниот Централен Комитет на Романската Комунистичка Партија каде денес е сместено Министерството за Внатрешни Работи на Романија.
Се продолжува со панорамски разглед на Авенијата Викторија при што се гледаат Воениот Клуб, Зградата на CEC, Националниот Историски Музеј итн. Потоа се застанува на Плоштадот Унири (Uniri) при што се посетува Патријаршијата.
Следува посета на Плоштадот Унири, потоа се упатуваме по булеварот Unirii до импозантната зграда на Романскиот Парламент, каде се издвоени 20 минути слободно време.

Слободно време за ручек и шопинг. Во договореното време се упатуваме назад кон Македонија.

 

Петти ден (09/03/2020) понеделник

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

– Превоз со високотуристички автобус на дадената дестинација

– 2 Ноќевања во хотел 3* на услуга ноќевање со појадок

–  Придружник од агенцијата за време на патувањето

–  Организација и реализација на аранжманот

 

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

•    Целодневен излет Бран (замокот на Дракула) Синаиа и замокот Пелеш со вклучени влезници и превоз – 50 евра

•    Разглед на Букурешт со лиценциран локален водич – 10 евра

•    Задолжително патничко осигурување

•    Туристичка такса 1 евро по лице на ден (се плаќа во хотел)

•    Индивидуални трошоци

•    Доплата за single соба + 80 евра

  • Трансфер од Штип – 10еур по лице
  • Дете до 11,99год – плаќа 80% од цената на возрасно лице

 

 

Пакет факултативи: Посета на замокот на Дракула, замокот Синаиа, замокот Пелеш и разглед на Букурешт – 55 евра по лице (со резервација во агенција)

 

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

НАПОМЕНА!!!

За реализација на аранжманот се потребни минимум 40 патници, во спротивно краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на поедини содржини од програмата. За факултативните излети се потребни 25 патници.

 

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. С-ТРАВЕЛ и СКТМ