Рим – 8ми Март 2019

8ми Март – Рим (Монтекатини, Пиза, Фиренца)

1 ден 06.03.2019 СКОПЈЕ МОНТЕКАТИНИ

Состанок на групата во 10:30ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање во 11:00ч. Се патува преку гр.премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 07.03.2019  МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.03.2019 МОНТЕКАТИНИ – РИМ

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот…Сместување во хотел. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.03.2019 – РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Предпладне предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои највпечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим. Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим. Ноќевање.

5 ден 10.03.2019 – РИМ – ФИРЕНЦА

Појадок и напуштање на хотелот. Патувањето за Скопје продолжува со посета и прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio…Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден 11.03.2019 – СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 15.02: 219/ 13.580 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249/ 15.440 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Рим (околина)
  • 1 ноќевање во хотел 3* НП во Moнтекатини
  • Организација и водство на програмата
  • Лиценциран туристички придружник
  • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

* Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Задолжително патничко осигурување – 5€
  • Вечерна посета на Пиза – 15 €
  • Разглед на Рим со локален водич – 15 €
  • Факултативна посета на Ватикански музеи, со влезница, водич, превоз – 50 €*( резервација при уплата)
  • Влезница за Базилика Св.Петар. 5 €*
  • Факултативна посета на Тиволи 25 €*
  • Rome by night излет 15 €
  • Задолжителна посета на Фиренца 30 €
  • останати влезници, метро карти
  • еднокреветна соба 4.960 денари
  • туристичка такса за ноќевање во Монтекатини ( 3 евра , се плаќа во Италија)
  • туристичка такса за ноќевање во Рим ( 6 евра по лице на ден , се плаќа во агенција)

*** Цените на влезниците може да бидат променливи во зависност од цената на локалотетите во моментот ***

НАПОМЕНА

  • За реализација на аранжманот потребен е минимален број 45 платежни патници.
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање.
  • Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени платежни патници да го откаже патувањето и за тоа да ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.
  • Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 20-30 лица (во зависност од факултативата). За факултативните излети задолжитело е да се изјасните во агенцијата при уплата на аранжманот како би се направиле навремени резервации
  • Ако некои наведени разгледи и посети во понудата, не се реализираат а се предизвикани од непредвидени околности: работа на патот, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, застој по граничните премини, природни катастрофи и сл. агенцијата не сноси одговорност.
  • Го задржуваме правото за промена на цените во случај на промена на цени во транспортот и др. непрдвидени трошоци или доколку не се оствари минималниот број на патници.
  • Седиштата во автобусот се определуваат автоматски во систем на денот на авансната уплата – договорот. (нема можност за измена)
  • Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
  • Организаторот на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
  • Факултативите се плаќаат на лице место или во агенцијата пред заминување.
  • За ова патување важат и се применуваат Одредбите на Законот за туристичка дејност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови за патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ