You are currently viewing 8МИ МАРТ 2021 – РТАЊ – БЕЛГРАД

8МИ МАРТ 2021 – РТАЊ – БЕЛГРАД – 2 НОЌЕВАЊА 

 

Оваа навидум стандардна програма за Р.Србија, каде се посетуваат двата најбитни градови, е збогатена за еден регион кој се наоѓа во Источниот дел на државата, а кој сигурно вреди да се посети и престојува во некој од бројните етно-хотели…

РТАЊ е планина обвиткана со мистерија и многумина, барем до неодамна, затоа што тука може да се случат необјасниви настани. На Ртањ, ако планината ве „прифати“, ќе ја видите енергијата како делува на „натрапниците“. Батериите на телефонот нагло се трошат, камерите не можат да се вклучат, апаратите се тресат …Природната пирамида во Источна Србија, за која се верува дека е шуплива внатре, сите влезови во неа се затворени, бидејќи, како што велат, кој поминувал низ неа веќе не бил истата личност. Пирамидите треба да ја имаат целата своја енергија на врвот, но Ртањ ги испраќа своите најсилни бранови на дното, што е само една од особеностите на Ртањ. Иако истражувањето на академик Јован Давидовиќ и научникот Саша Нафефеј започнало кон крајот на 20 век, оваа планина им била позната на луѓето со милениуми по своите необични способности. Значењето на Ртањ за Словените низ вековите најдобро се објаснува со фактот дека Ртањ бил важен како Олимп за Грците уште од античко време. Се верува дека Ртањ ја апсорбира енергијата со својот врв „колку што достигнува нејзината сенка“, кои се електрични, магнетни и органски. Подоцна, таа енергија од планината зрачи и се „апсорбира“ од оние на кои им е потребна. Ефектот на овие енергии може да се почувствува во Светилиштето, исто така познато како „Врело“.

 

1 ДЕН (06.03.’21 – сабота) : БИТОЛА – РТАЊ Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 03.30. Поаѓање за Србија во 04.00 часот…денско патување, со кратки попатни одмори. Патот води покрај Прилеп, Велес, Скопје, Врање, Лесковац, Ниш…пристигнување во подножјето на планината – посета на местото познато како „Врело“…сместување во етно-хотел „Балашевиќ“ (www.balasevicrtanj.com), слободно време за одмор и/или релаксација во СПА-центарот на хотелот…Вечерта – СВЕЧЕНА ВЕЧЕРА со програма и комплетно мени (факултативно). Ноќевање.

2 ДЕН (07.03.’21 – недела) : БЕЛГРАД Појадок. Одјавување од хотелот. Поаѓање за престолнината на Србија…пристигнување во Белград во пладневните часови – панорамски разглед на градот со стручен водич…црквата Св. Сава, брдото Топчидер (стадионите на „Црвена Звезда“ и „Партизан“), Дедиње, мостот Газела, мостот на Бранко Ќопиќ, црквата Св.Марко, музејот 25-ти Мај, улицата на кнезот Михаило, плоштадот на Никола Пашиќ, Теразије, Народниот Театар, Собранието, тврдината Калемегдан – каде и завршува разгледот…Сместување во хотел „Балашевиќ“ (www.centarbalasevic.rs). Слободно попладне за индивидуален разглед на градот или одмор. Вечерта (по желба) – ноќна прошетка низ центарот на Белград, со посета на боемскиот кварт „Скадарлија“ (факултативна вечера со мени и програма)…Ноќевање.

3 ДЕН (08.03.’21 – понеделник) : БЕЛГРАД Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Трансфер до центарот на градот – можност за факултативно крстарење по реките Сава и Дунав, устието каде Сава се влива во Дунав и на градот му даваат сосема друга димензија…Посета на Т.Ц. УШЧЕ…планирано поаѓање за Македонија во 15.00 часот, со попатна неколкучасовна посета на IKEA-Белград…

4 ДЕН (09.03.’21 – вторник) : БИТОЛА Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 5.520,00 денари (89 €)FIRST MINUTE – ЦЕНА – за уплати до 20.02.2021!!!

                                                 6.140,00 денари (99 €) – РЕДОВНА ЦЕНА

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ : Исклучиво во денарска противвредност

 

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ : 30 % од сумата при резервација – готовински или со платежни картички. Останатиот износ до полната цена на аранжманот – готовински или со платежни картички, најкасно 10 дена пред поаѓање или на основа на фактура која мора да биде реализирана во рок од 7 дена од датата на издавање, а најкасно 10 дена до почетокот на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • 1 НП во хотел со 3* во РТАЊ (етно-хотел БАЛАШЕВИЌ; www.balasevicrtanj.com;),
  • разглед на Белград со стручен водич,
  • 1 НП во хотел со 3* во Белград (хотел центар „БАЛАШЕВИЌ“; www.centarbalasevic.rs; ),
  • посета на Т.Ц. УШЧЕ,
  • посета на ИКЕА,
  • ТРАНСФЕР на патници без надокнада од Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово, организација, водство и реализација на аранжманот.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :

  • Влезниците при посета на културно-историските споменици,
  • патничкото осигурување (150,00 ден. – по лице),
  • таксата за престој во хотелот (се плаќа на лице место) – 1,4 €  по лице на ден,
  • трансфер на патници (Струга, Охрид, Ресен, Кичево) – доплата од 10 € по лице,
  • свечената вечера во РТАЊ (доколку безбедносните мерки тоа ќе го дозволат) – 20 € по лице,
  • крстарење по Сава и Дунав – 20 € по лице.

 

НАПОМЕНА : За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 34 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.

  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • За ова патување не е потребен PCR тест.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

За отказ на резервација важат опшите услови, односно :


– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

 

Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

 

Со оваа програма важат Општите услови на т.а. ПАЛАС т.а С-Травел и СКТМ.