SAMMY’S APARTMANTS – НЕА ПОТИДЕА

Ако сакате вашиот престој, да го поминете уживајќи покрај море, покрај кристално чиста вода и белата песок на плажата, во истражување на богатата историја, уживајќи во врвната гастрономија, НЕА ПОТИДЕА е идеален избор за вашиот незаборавен одмор или подолг престој. Богатата инфраструктура, бројните туристички комплекси, марини и трговски центри, како и свежиот воздух од околните планини обраснати со борови шуми, се причина Неа Потидеа да биде посакувана дестинација за подолг престој, одмор и живеење. Ви овозможува да уживате во многубројните, таверни, кафе барови, бутици, дискотеки и ноќни клубови кои ги привлекуваат туристите од сите околни места со што се вбројува во еден од најзабавните градови на Халкидики, а разновидните продавници и бутици нудат можност за шопинг интересен за туристите од сите возрасти.

Вилата е лоцирана во Неа Потидеа на втора линија од морето, во близина на голем маркет. Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, како и со големи двоспални и троспални апартмани за 6 и за 8 возрасни лица, реновирани и целосно опремени. Вилата е на два ката со сопствен лифт и ниско приземје. Сите студија и апартмани имаат комплетно опремена кујна, балкон, фен, ТВ, клима која е вклучена во цена и бесплатен интернет во јавни простории. Вилата нема приватен паркинг, паркирање на авомобилите е дозволено на сама улица пред вилата.  Во дворот на вилата има заедничка кујна со скара која е на располагање на гостите.

http://sammys.gr/en/contact/

Напомена:

  • Максимален број на лица кои можат да се сместат во студио/ апартман е согласно конфигурација и тип на соба како во табела. Доколку се сместат повеќе лица (на барање и со претходно одобрение) се намалува комодитетот на собата и сместувачкиот капацитет.
  • Доколку не се пријават дополнителен број на лица во соба навремено во агенција (надвор од резервација и Договор за патување), истите нема да бидат примени во собата или ќе им биде наплатено за повисока категорија на соба, доколку истата е расположлива во моментот.
  • Сместување во собите е по 13 часот по локално време, а напуштање на апартманите е до 10 часот по локално време
  • Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

 

Пакет цени за наем на студио и апартман за период од 7 ноќи како по дадена смена со можност за организирање на превоз. Можност за индивидуалени термини на барање (мин. 5 ноќевања) со сопствен превоз.

7 НОЌИ  период   1/2 СТУДИО 1/3 СТУДИО 1/4 СТУДИО 1/6 АПАРТМАН
20.05-27.05.18 7 99 129 179 269
27.05-03.06.18 7 99 129 179 269
03.06-10.06.18 7 129 179 219 299
10.06-17.06.18 7 179 219 269 349
17.06-24.06.18 7 239 269 299 399
24.06-01.07.18 7 299 349 399 489
01.07-08.07.18 7 299 349 439 529
08.07-15.07.18 7 349 399 489 599
15.07-22.07.18 7 349 399 489 599
22.07-29.07.18 7 419 439 529 659
29.07-05.08.18 7 419 489 529 699
05.08-12.08.18 7 419 489 529 699
12.08-19.08.18 7 419 489 529 699
19.08-26.08.18 7 349 439 489 639
26.08-02.09.18 7 299 349 399 529
02.09-09.09.18 7 219 269 299 399
09.09-16.09.18 7 129 179 219 299
16.09-23.09.18 7 129 179 219 299
23.09-30.09.18 7 129 179 219 299

 

Плаќањето е во денарска противвредност 1 Евро = 62 денари.
При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Дoплата за туристичка такса 0,5 € пo сoба на ден (се плаќа вo агенцијата)!

Во цената е вклучено: Ноќевање, клима уред и wi-fi.

Во цената не е вклучено: Превоз, патничко осигурување.

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (секоја сабота):

  • 03:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес– 40€ по лице
  • 04:00 h Скопје (Дрводекор) – 35€ по лице
  • 04:30 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) – 35€ по лице
  • 05:00 h Неготино (бензинска пумпа, Неготино) – 35€ по лице
  • 05:00 h Струмица (бензинска пумпа Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово –  40€ по лице
  • 05:40 h Удово (бензинска пумпа, Удово) – 35€ по лице
  • 06:00 h Граничен премин(бензинска пумпа Шимов) – 35€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики:

  • 04:00 h Битола(Автобуска станица Транскоп) – 30€ по лице
  • 03:15 h Прилеп (бензинска пумпа Салида) -Трансфер до Битола – 30€ по лице
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола – 35€ по лице
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола – 30€ по лице

– Деца oд 2 до 11,99 години: Попуст 10€ од редпвната цена за поаѓањата од Скопје,
                                                      Попуст 15€ од редовната цена за поаѓањата од Битола,
– Деца од 1,99 години: бесплатно
– Возрасни лица над 63 години – Попуст 10€

ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ

  • За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
  • Попустите не може да се комбинираат,
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 год. во кревет со родител,
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
  • Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.

Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
 
Предлог посета на места: Доколку сакате да уживате во убавините на белата песок, мирното море и денските забави на само 16km од Неа Потидеа се наоѓа Sani Beach, плажа со бел песок и мирис на борови кои ги негува сите сетила. Се работи за одлично организирана плажа, која неколку пати добивала „сино знаменце“. Многу често, на оваа плажа се организираат забави со познати диџеи. За младите кои што сакаат ноќни забави на 20km од Неа Потидеа се наоѓаат најдобрите летни ноќни клубови во пошироката област на Халкидики, Night Club Pearl и Ahoy Summer Night Club на 2km од Калитеа. Ветуваат незаборавни ноќи за време на Вашиот престој на Халкидики. Меѓународните и Грчките хитови за денс музика ветуваат врвна забава која трае до утрото. Влезницата е  10€. Исто така не пропуштајте да го посетите најубавото гратче на Халкидики- Афитос, кое е одалечено 16km од Неа Потидеа. Афитос се разликува пo својата архитектура, камените куќи, неколкуте цркви, традиционалните таверни и улиците со калдрма.