Санторини
ОПИС:
Монденски, незаборавен, традиционален…остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви, за најголемиот Христијански празник Велигден е центар на светот! Имате можност да го посетите најсветото место на Санторини – Пиргос, каде на традиционален начин се прославува Велики Петок…Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО :
1.ДЕН (01.05.’24 – среда) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 17.00 часот. Поаѓање за Грција во 17.30 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2.ДЕН (02.05.’24 – четврток) : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.25 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса…Во вечерните часови – прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во хотел. Ноќевање.
3.ДЕН (03.05.’24 – Петок) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот, околу 09.30 часот заминување на факултативна целодневна екскурзија и разглед на островот…археолошкиот град Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава. Можност за посета на музејот, каде можете да ги погледнете прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш (влезница за локалитетот се плаќа дополнитено по цена која е на каса)…посета на „црвената“ плажа, Манастирот Св.Пророк Илија (Prophitis Ilias) кој се наога на највисоката точка на островот, од каде се пружа прекрасен поглед на целиот остров (можност за фотографирање), посета на Фира и Имеровигли – Калдера. Во попладневните часови посета на најмонденското селце OIA…можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место…питорескната и монденска OIA, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…авантурата продолжува кон ПИРГОС каде на ВЕЛИКИ ПЕТОК се поклонуваат сите христијански верници проследено со специфичен традиционален ритуал кој го приредуваат мештаните. Целото село е осветлено со илјадници запалени свеќички од смола, кој и најсилниот ветер на овој ден не може да ги изгасне. По завршувањето на ритуалот можност за посета на црквата, разглед на ПИРГОС кој така осветлен ќе не остави без здив од преубавата глетка, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
4.ДЕН (04.05.’24 – Сабота) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 3,5 € за искачување до врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Во доцните вечерни часови (Велика Сабота) подготовка за традиционална посета на некоја од православните цркви по наш избор каде се чествува ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ, по црковните ритуали – враќање во хотел. Ноќевање.
5.ДЕН (05.05.’24 – Недела) : САНТОРИНИ Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки или капење во кристално чистото Средоземно море…можност за организација на Велигденски ручек во некоја од многубројните таверни во Камари или Периса. Ноќевање.
6.ДЕН (06.05.’24 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 11.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата – слободно време во Фира се до 14 часот, кога имаме трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреа. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови – наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 19.780,00 денари (319 €)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА : Автобуски превоз на горенаведената релација, 4 Н/П во хотел со 4* во Периса; трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа; трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште; посета на Фира – by night; ТРАНСФЕР на патници БЕЗ НАДОКНАДА од Скопје, Велес, Сирково, Прилеп, Струга, Охрид и Ресен; на група; организација – водство и реализација на аранжманот;
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА : Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици, патничкото осигурување (210,00 денари по лице). ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА : Целодневен излет низ Санторини – 40 € по лице (автобус + водич); крстарењето со брод – 40 € по лице (трансфер + брод + водич); посета на винаријата – 20 € по лице (трансфер+резервација+влезница+дегустација на вина); Факултативниот Велигденски ручек – 0 € по лице; За изведување на било која факултатива, потребен е минимум од 30 патници.
СЛИКИ:
ДОПЛАТИ :
– Доплата за еднокреветна соба : 75 € (4.650,00 ден.)
– Прво дете до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – плаќа само превоз+брод : 160 € (9.920,00 ден.)
– Второ дете до 11,99 години со 2 возрасни лица – плаќа 70% од цената за ворасен
– Туристичката такса се плаќа на лице место
НАПОМЕНА :
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
– Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Р.Грција, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до градовите од каде што се патниците.
– Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
– Цените се по лице, сместување во двокреветни и трокреветни соби.
– Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.