САНТОРИНИ ЗА 24ТИ МАЈ – 3 НОЌЕВАЊА
Термин : 19 – 23 Мај 2022
Монденски, незаборавен, традиционален остров кој ќе ве остави без здив, најромантичниот остров на светот Санторини! Издигнувајќи се од сините води на Егејското море, тркалезниот архипелаг на вулкански острови, 200 километри југоисточно од копното на Грција, со своите живописни и разнобојни карпи раскажува своја историја. Симболот на грчкиот туризам, наречен Санторини, а препознатлив по куќичките од бел камен со плави покриви е еден од 10-те најромантични дестинации во светот. Како што ќе се доближувате до островот, се потешко е да сфатите дека тој кружен залив, некогаш бил вулканско срце. Како што рековме, Санторини се наоѓа во Егејското море и припаѓа на групата острови Киклади. Опфаќа територија од околу 96 км2, должина на обала од околу 69 км. Западната страна на островот, онаа која е свртена према вулканот е карпеста и стрмна и се вика KALDERA. На југоисточниот дел се наога варовитовулканска планина MESA VOUNO со највисок врв Prophifitis Ilias. Климата е умерена и е медитеранска. Во текот на летото дувка североисточен ветер познат по името meltemi, а во текот на зимата температурата никогаш не пага испод 10 степени. Дожд врне понекогаш во зима, а во текот на летото нема врнежливи денови.
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
1 ДЕН (19.05.’22 – четврток) : БИТОЛА Состанок на групата на Градската Автобуска станица во 16.00 часот. Поаѓање за Грција во 16.15 часот. Патот води преку г.п. Меџитлија, Лерин, Птолемаида, Вериа, Катерини, Ламиа…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.
2 ДЕН (20.05.’22 – петок) : ПИРЕА – САНТОРИНИ Пристигнување во Пиреа во раните утрински часови. Слободно време за краток одмор. Во 06.30 часот – трансфер на траект и поаѓање за Санторини во 07.30 часот. Планирано пристигање на Санторини околу 15.30 часот. Сместување во хотел. Слободно време за одмор или уживање на плажата во Камари/Периса… Во вечерните часови прошетка низ ФИРА главниот град на Санторини, местото на светлината и шармот на островот, каде ќе имаме можност за ноќно фотографирање. Во полноќните часови со нашиот автобус, враќање во Камари. Ноќевање.
3 ДЕН (21.05.’22 – сабота) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – Ви нудиме целодневен факултативен излет, посета на Акротири, последните остатоци од Миноанската цивилизација, место кое многумина го споредуваат со Помпеа, затрупано со вулканска лава во 2-от век п.н.е. Можност за посета на прекрасно сочуваните куќи, скали, улици кои го краселе тоа место тогаш посета на „црвената плажа“, можност за фотографирање…патувањето продолжува кон бродото Профитис Илиас – највисоката точка на островот, можност за прошетка низ главното двориште на истоимениот манастир…стигнуваме до градот Фира – главниот град на островото, уникатно место на светот, единствено по своите бели куќички со сини покриви и сводови…слободно време за индивидуален разглед на местото истражувајќи го истото низ неговите тесни улички како од бајките и нивните продавници за сувенири…во касните попладневни часови – Ве водиме во Oia (Иа), можеби сте слушнале, можеби сте гледале на слики, сега е време да ја почувствувате магичноста на едно од најпознатите светски залези на сонцето кое се случува токму на тоа место, Иа, изградена на северниот дел од Калдера од каде се гледа остатокот на островот и Егејското море била испирација за многу поети, сликари и писатели…враќање во хотелот во вечерните часови. Слободно време, или посета на некој од ноќните барови во Камари. Ноќевање.
4 ДЕН (22.05.’22 – недела) : САНТОРИНИ Појадок. По појадокот – слободно време или факултативно крстарење…посета на Неа Камени (новонастанатиот вулкан ПЕС – обавезна доплата од 2,5 € за искачување до врвот на истиот на лице место) – можност за фотографирање покрај активниот кратер…продолжуваме кон островот Тирасија, можност за кафе-пауза или ручек во таверните кои се поставени на самото море…крстарењето продолжува кон Палиа Камени (стариот вулкан), каде ќе имате можност за капење во термалните води…пловидбата продолжува долж сртот на островот, од каде се гледаат градовите Иа и Фира…враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН (23.05.’22 – понеделник) : САНТОРИНИ – ПИРЕА – БИТОЛА Појадок. По појадокот – одјавување и заминување од хотелот околу 12.00 часот. Факултативна посета на на најубавата и една од таков вид винарија во Грција – Koutsoyannopoulos Winery – Wine Museum, која датира од 1600-та година и се наоѓа 8 метри под земја (во природна карпа) во должина од 300 метри, поврзана со подземни простории во кој се гледаат (со анимации) презентации за историјата на виното. Во историјата на оваа винарија прикажани се сите 14 генерации на производители на вино, од нејзиниот почеток до денес. По посетата на винаријата околу 14 часот, трансфер до пристаниште, чекирање и сместување на фери. Денско и ноќно пловење према Пиреја. Пристигнување на пристаниште во Пиреа околу 23:30 часот. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Битола во раните утрински часови –
наредниот ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 11.720,00 денари (189 €)
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
Автобуски превоз на горенаведената релација,
3 Н/П во хотел со 3* во Камари или Периса,
трансфер со брод на релација Пиреа-Санторини-Пиреа,
трансфер со автобус од пристаниште во Санторини – хотел – пристаниште,
пратител на група,
организација водство и реализација на аранжманот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
Факултативните излети и посети,
влезниците при посета на културно-историските споменици,
патничкото осигурување (210,00 денари по лице).
ЦЕНИ ЗА ФАКУЛТАТИВАТА :
Целодневен излет низ Санторини – 35 € по лице (автобус + водич – минимум 30 лица) – препорака!,
крстарењето со брод – 40 € по лице (трансфер + брод + водич – минимум 30 лица) – препорака!,
посета на винаријата – 20 € по лице (трансфер+резервација+влезница+дегустација на вина) препорака!.
ДОПЛАТИ :
– Доплата за еднокреветна соба : 55 € (3.410,00 ден.)
– Прво дете до 7 год. кое не користи кревет, а е со 2 возрасни лица – плаќа само превоз+брод : 130 € (8.060,00 ден.)
– Второ дете до 11,99 години со 2 возрасни лица – плаќа 70% од цената за ворасен
– Туристичката такса (6 € по лице за целиот престој) се плаќа на лице место
НАПОМЕНА :
– За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
– Комплетна уплата на аранжманот треба да се реализира најкасно 10 дена пред поаѓање;
– Патувањето се одвива според новите COVID 19 пропишани протоколи за работа со туристички групи.
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и
да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
– Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во Р.Грција, пасошот треба да важи минимум 6 месеци од денот на враќање, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на Република Грција. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата гранница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до градовите од каде што се патниците.
– Агенцијата/Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда, да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои предходно го уплатиле аранжманот немаат право на надомест на средства во разлика на цена.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
– Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.
ПОСЛЕДЕН РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ : 15.05.2022 !!!
СЛИКИ:
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ