You are currently viewing Сараево (Дрвенград – Вишеград – Мостар) – Нова Година 2022

Сараево (Дрвенград – Вишеград – Мостар) – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-02.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ДЕН (30.12.’21 – четврток) : БИТОЛА 

Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 17.30 часот. Поаѓање за Босна и Херцеговина во 18.00 часот. Патот води преку Скопје, Ниш, Лесковац, Чачак…ноќно и денско патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (31.12.’21 – петок) : САРАЕВО 

Пристигнување во Сараево во утринските часови… панорамски разглед на градот со стручен водич…Грбавица, Олимписките борилишта, Баш Чаршија, Себиљ, Парламентот, Латинскиот мост (местото каде е извршен атентатот врз Франц Фердинанд), Гази Хусреф-беговата џамија, католичката катедра, како и соборната Православна црква Св.Никола…Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта – ДОЧЕК на НОВАТА 2022 година!!! (на отворено). Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.’22 – сабота) : САРАЕВО – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА – МОСТАР 

Појадок. По појадокот – слободно време за индивидуален разглед на градот, или Ви нудиме факултативен полудневен излет по долината на Неретва…прва наша дестинација е Јабланица и посета на Музејот на Ранетите – каде ќе имате можност да „учествувате“ во битката кај Неретва…музејот Ви овозможува битката да стане реалност за секој посетител. Патувањето продолжува за Коњиц – посета на Титовиот бункер – познат и како АВК (Атомска Воена Команда), направен да го заштити Југословенскиот Претседател, како и 350 негови најблиски соработници од евентуален нуклеарен напад…АВК е атомско засолниште и е еден од најголемите подземни објекти направени во бившата држава…продолжуваме за Мостар – најважниот град во Херцеговина…посета на старата чаршија, Камениот мост (16.век) – ремек-делото на Мимар Хајрудин, кулите Тара и Хелебија, Караѓоз-беговата џамија…слободно време за одмор, или индивидуален разглед на градот…враќање во Сараево во касните попладневни часови. Ноќевање.

4 ДЕН (02.01.’22 – недела) : САРАЕВО – ВИШЕГРАД – МЕЧАВНИК (ДРВЕНГРАД) – БИТОЛА 

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот. Слободно време за шопинг во центарот (посетете го BBI трговскиот центар – препорака) до 12.00 часот, кога е и предвидено поаѓање за Македонија, со попатна посета на Вишеград, посета на култниот мост овековечен во делото на Иво Андриќ „На Дрини Чуприја“, како и етно-селото на Емир Кустурица – „Дрвенград“…пристигнување во Македонија во раните утрински часови – наредниот ден.

ЦЕНА:

5.520,00 ден. (89 €)    

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација,
  • разглед на Сараево со стручен водич,
  • 2 НП во Сараево хотел со 3* или 4*,
  • посета на Мокра Гора (Дрвенград),
  • посета на Вишеград,
  • организирани ТРАНСФЕРИ – без надокнада од Струга, Охрид, Прилеп, Велес, Скопје и Куманово,
  • организација, водство и реализација на аранжманот.

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативните излети и посети,
  • влезниците при посета на културно-историските споменици…
  • полудневен излет по долината на реката Неретва (Коњиц – Мостар – Јабланица) 3-от ден – 30 € по лице (трансфер+влезници за музејот на ранетите и бункерот),
  • патничкото осигурување
  • влезница за Дрвенград – 2 € по лице,
  • туристичка такса – 2 ЕУР по лице (се плаќа на лице место).

ПОТРЕБНИ COVID – документи за ВЛЕЗ во Б и Х (за Р.Србија моментално не е потребен никаков документ) :

  • Негативен PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Б и Х
  • Негативен RAPID антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Б и Х 
  • GREEN PASS (вакцинален пасош, за примени 2 дози на вакцина и тоа од било кој производител
  • СЕРТИФИКАТ за прележан COVID 19 (не постар од 6 месеци од денот на влез во Б и Х )

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • За евентуален отказ на овој аранжман – патниците ќе бидат известени најкасно 5 дена пред денот на поаѓање.
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи.
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на сатница закажана однапред од страна на агенцијата.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ