НОВА ГОДИНА во САРАЕВО
1 ДЕН 29.12.2024 Поаѓање за Сараево во 19:00 ч преку граничниот премин Табановце , низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
2 ДЕН 30.12.2024 Во утринските часови пристигнување во Сарево и разгледување на градот со локален водич: Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Величенствената Газихусербегова џамија, Катедралата. Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН 31.12.24Појадок. Факултативна посета на Титовиот Бункер. Факултативно излет до Мостар со попатна посета на Благај и Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од Битката на Неретва и Стариот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Попладнето враќање во Сараево. Дочек на Новата 2025 Година. Факултативна вечера во ресторан со музика. Ноќевање.
4 ДЕН 01.01.25 Појадок. По појадокот – факултативна посета на Босанските Пирамиди. Потоа поаѓање за Сараево со посета на Шопинг центар. Попладнето Заминување за Вишеград каде ќе се види Мостот на Дрина изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и Андриќ Град или Камен град . Потоа продолжување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
Промо цена: 109 евра (за резервации и уплата од 1000 мкд до 30.11.2024)
Редовна цена: 129 ден.
Во цената е вклучено:
– превоз со туристички автобус
– сместување во хотел со 3* или 4* на база 2 ноќевања со појадок
– разглед на Сараево со локален водич
– организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
-Мостар, Титов Бункер – 40 евра
–Босанските пирамиди (Тунел равно)- 30 евра
–Туристичка такса– 3 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
– Патничко осигурување
Напомени:
- Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 – 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 – 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
- За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.