You are currently viewing Сараево- 1ви мај 2025

САРАЕВО – МОСТАР – ВИШЕГРАД
(01.05-04.05.2025)

Програма на патувањето:

1 ДЕН (01.05.2025 – четврток) БИТОЛА Поаѓање за Сараево во 19:00 ч преку граничниот премин Табановце , низ Србија со попатни паузи и царински формалности.
2 ДЕН (02.05.2025 – петок) САРАЕВО Во утринските часови пристигнување во Сарево и разгледување на градот со локален водич… Врело Босне, Грбавица, народниот театар, градското собрание, па се оди пеш по Башчаршија, Кујунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусрефбеговата џамија, Катедралата…Сместување во хотел. Слободно попладне. Ноќевање.
3 ДЕН (03.05.2025 – сабота) КОЊИЦ – МОСТАР – САРАЕВО Појадок. Слободно време или факултативен целодневен излет на Коњиц (Титовиот Бункер), Мостар со попатна посета на Благај и Мостот на Неретва – познат од 2 – та светска војна од битката на Неретва, прошетка низ Мостарската чаршија со посета на Камениот мост на Неретва во Мостар – симбол на градот. Слободно време за индивидуален разглед на градот. Враќање во Сараево во касните попладневни сати. Ноќевање.
4 ДЕН (04.05.2025 – недела) Појадок. По појадокот – факултативна посета на Босанските Пирамиди. Потоа поаѓање за Сараево со посета на Шопинг центар. Попладнето Заминување за Вишеград – слободно време за посета на мостот на Дрина (опеан во романот на Нобеловецот Иво Андриќ – „На Дрини Чуприја“) изграден од Мехмед Паша Соколовиќ…прошетка до амбиенталната целина „Андриќ Град“, попозната како „“Камен град“.
Патувањето продолжува за Македонија, ноќно возење со кратко попатни паузи. Пристигнување во Битола во раните утрински часови.

Цена на аранжманот : 119 € (7.380,00 ден.)

Во цената е вклучено:

  • превоз со туристички автобус
  • сместување во хотел со 3* или 4* на база 2 ноќевања со појадок
  • разглед на Сараево со локален водич
  • организација и придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Мостар, Титов Бункер – 60 евра
  • Босанските пирамиди (Тунел равно)- 30 евра
  • Туристичка такса– 4 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
  • Патничко осигурување

СЛИКА

 

Напомени:

  • Бројот на седишта во автобус се доделува по број на резервација. Предност во првата половина на автобусот имаат повозрасни лица, како и мали деца. Постои можност за доплата на седиште (освен прв ред кој) од преостанатите седишта по цена од 10 евра.
  • За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
  • За деца од 3 – 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 – 12 години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжмано
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Во случај на отказ на патувањето од страна на патникот од лична неоправдана причина, авансот е нерефундабилен.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ