Саранда – 24ти Мај  -10% за уплата до 21.04.2021

Саранда – 24ти Мај

ТЕРМИН: 21.05.2021-24.05.2021

ОПИС:

Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива а особено туризмот. Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа. По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ.
Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу  1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ, современо купатило опремено со када или туш, крпи.  Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. 

ПРОГРАМА:

1 ДЕН 21.05.2021 – Петок:
Поаѓање за Саранда од Битола , на паркингот Спортска сала во 04.00 ч. со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан  низ Албанија по новиот автопат до Валона. Пристигнување во Саранда  во претпладневните часови, сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* Слободно време. Разглед на градот. Ноќевање.

2 ДЕН 22.05.2021 – Сабота:
Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Ноќевање.

3 ДЕН 23.05.2021 – Недела:
Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Можност за факултативна организирана  прошетка до Дрвениот град Бутринт (грчки: Βουθρωτό , албански: Butrint) (ФАКУЛТАТИВНО). Враќање во хотелот . Ноќевање.

4 ДЕН 24.05.2021 – Понеделник:
Појадок. По појадокот во 10ч. напуштање на хотелот и посета на Ликурешката тврдина. Во 12ч. е предвидена  организирана  посета на природниот феномен наречен „Сино око“ или „Syri i kaltër“ (ФАКУЛТАТИВНО). Попладне во 16 ч. поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

ЦЕНА:               105 евра (6.499 денари)            -10% за уплата до 21.04.2021

Цената вклучува:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* во Саранда на база 3 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса
  • 2 лежалки +чадор
  • Организација и пратител на патувањето

Цената НЕ вклучува:

  • Трансфери останати градови (10 Еур)
  • Факултативнa посетa  на Бутрин  (7еур)
  • Факултативнa посетa   „Сино око“ или „Syri i kaltër“ (5еур)
  • Патничко осигурување

Доплати и попусти:

  • Еднокреветна соба 129 Еур.
  • Деца 2 -12 години 69 Еур.
  • Трет возрасен 79 еур.
  • Сопствен превоз -20 Еур од цената.

СЛИКИ : 

Неколку топ знаменитости кои не смеете да ги пропуштите (ФАКУЛТАТИВИ):

  1. Дрвениот град Бутринт (грчки: Βουθρωτό , албански: Butrint)Овој антички локалитет е хеленистички град кој датира од праисторискиот период.Митолошки е познат по тројанскиот принц Енеја, кој по неговото патување од Троја, го посетил овој град.На ова место тој се сретнал со Андромаха (жена на принцот Хектор) и Хелен.                                                                                                   (45 мин во правец)
  2. Ѓирокастро (грчки: Αργυρόκαστρο, албански: Gjurokastër) е мало гратче во близина на Саранда, со околу 30.000 жители вклучувајќи го и грчкото население. Името на градот потекнува од грчки зборови, што во превод значат “сребрена тврдина”. Градот е центар на Власите во Албанија. Специфично за ова мало гратче е неговиот изглед, тоа е како недопрено од османлискиот период, при што целосниот изглед од тоа време е сеуште зачуван.                                                                     (1ч и 15 мин во правец)
  3. Ликурешката тврдина  се наоѓа токму над градот Саранда. Од таму ќе имате можност панорамски да ја видете убавината на Саранда, чудото на природата познато како, Изворот-“плаво око ” , длабок околу 50 м,  и Манастирот  40 Маченици  кој е патрон на градот. Оваа тврдина има квадратна форма со две кули. Во почетокот, објектот служел за иследување на морето. Денеска, објектот претставува туристика атракција на Албанија, и во самиот склоп на објектот се наоѓа ресторан.                     (15 мин во правец)
  4. „Сино око“или Syri i kaltër“ на околу 20 km оддалеченост од центарoт на Саранда на западната падина на планината Мали и Ѓере ќе го пронајдете природниот феномен наречен  „Сино око“ , кој претставува извор длабок околу 50 метри под земја низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s. Водата е толку многу чиста што, верувале или не, може дури и да ја пиете доколку сакате. „Синото око“ е природен резерват обвиен со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј продорен мирис се меша со бучното тиркизно синило. Сите оние кои се подготвени за малку авантура може слободно да се нурнат во длабокиот извор или мирно да запливаат по водата која претставува главен извор на реката Бистрица. Патем, тоа е единствената река во земјата која се влева во Јонското наместо во Јадранското Море.                                                                      (35 мин во правец)

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН – Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ