You are currently viewing Саранда – 8ми Септември -Автобуска Програма

Саранда – 8ми Септември -Автобуска Програма

Kalemi’s Beach and Hotel 3* – Саранда, Албанија

5 ДНЕВЕН МИНИ ОДМОР (4НП)

Саранда (албански: Sarandë; италијански: Santi Quaranta; грчки: Άγιοι Σαράντα) — град во јужна Албанија, сместен покрај брегот на Јонското Море. Тој е центар на истоимената околија и е една од најважните туристички центри во Албанија. Наспроти Саранда се наоѓа познатиот грчки остров Крф или Керкира. Во градот живеат околу 50.000 жители, а има и бројно етничко грчко население. Во последните години градот брзо се развива, а особено туризмот.

Името Саранда потекнува од грчкиот збор -Σαράντα , што значи четириесет и се однесува на 40-те ерменски војници кои што не сакаа да се одречат од Христа.

По наредба на кралот Лициниј, оставени се на немилост да умрат од студ.

Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки. Отприлика 1:2 е соодносот со македонскиот денар.

Хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* – сместен е само на неколку чекори од приватна плажа во склад на хотелот и на околу 1,3 км од центарот на градот Саранда. Секоја соба е климатизирана (во цената), ТВ, современо купатило опремено со када или туш, крпи. Достапна е и услугата rent a car. Хотелот нуди прекрасно мени на храна каде што може да вкусите традиционална грчка храна. Располага со 5 двокреветни, 2 четирикреветни и 18 трокреветни соби. Хотелот е оддалечен околу 1 км од Фери пристаништето и главната автобуска станица. Ксамил е оддалечен на околу 15 км. Замокот Лекуриши e оддалечен околу 5 км од каде што може да уживате во панорамскиот поглед на Саранда. Националниот парк Бутринт, заштитен од УНЕСКО и неговиот антички град се наоѓа на оддалеченост од околу 20 км.

1 ден:

Поаѓање за Саранда од Битола на паркингот Спортска сала во 04.00 часот со туристички автобус. Патот води преку Ќафасан низ Албанија по новиот автопат. Пристигнување во Саранда во претпладневните часови, сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3*. Ноќевање.

2 4 ден:

Појадок. Ден за слободни активности и одмор. Ноќевање.

5 ден:

Појадок. Во 10ч напуштање на собите и слободно време за на плажа. Попладне во 14ч. поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Битола во доцните вечерните часови.

Во близина на Хотел Kalemi’s Beach:

  • Supermarket alfa 2 – 0.29 км         
  • Restorant Kalaja e Lekuresit – 2.88км
  • Carrefour Market – 0.44 км           
  • Demi Beach Bar – 1.80км
  • Bar Restaurant Limani – 1.37 км

ТЕРМИНИ : 08.09-12.09.2020

ЦЕНА: 8.000 денари

  • Еднокреветна соба 6.050 ден.
  • Деца 2 -12 години 4.100 ден.
  • Трет возрасен 6.500 ден.
  • Сопствен превоз 1.240 ден. од цената.

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел Kalemi’s Beach and Hotel 3* на база 4 ноќевања со појадок
  • Туристичка такса
  • 2 лежалки
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

Трансфери останати градови (10 Еур)

Патничко осигурување

Факултативи

  • Националниот парк Бутрин заштитен од УНЕСКО
  • Сино око“ или „Syri i kaltër“, природниот феномен, кој претставува извор длабок околу 50 метри под земја низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s. Водата е толку многу чиста што, верувале или не, може дури и да ја пиете доколку сакате.

ВАЖНО:

  • Патувањето за Саранда се реализира преку граничен премин КАФАСАН-Струга со што може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж.
  •  
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

НАПОМЕНА:

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Т.А. С-Травел го задржува правото на, во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, а во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ