С. ЗОВИЌ – ЕТНО КУЌА – МАРИОВО

 

С. ЗОВИЌ –  ОПШТИНА  НОВАЦИ

 

Село Зовиќ е лоцирано во општина Новаци, на 52 км од Битола. Расположено е на надморска височина од 725 метри помеѓу два ридски гребени на југ и север на чиј врв е изградена малата црквичка Свети Атанасиј. Во близина на селото течи Градешка Река, на која што се наоѓа едно од најубавите зданија во мариовскиот крај – Зовичкиот Мост.  Мостот е изграден 1955/56 г на местото на стариот дрвен мост, кој се преполовил под товарот на еден локален селанец, кој водел претоварена воловска кола. Веднаш потоа е изграден новиот (постоечкиот) мост од мајсторот Џуладин од Струга.
Воодушевен од убавината на мостот, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, сними дел од својот филм „Прашина“, токму на ова место.
Во непосредна близина на мостот на една висока карпа е насликана фреска од светецот Свети Ѓорѓи, која е остаток од пештерното црквиче кое постоело таму, а веднаш до него постои и воденица.

Во село Зовиќ има две цркви. Св. Атанасиј  (ΧVII век) која се наоѓа на врвот на ридот веднаш над самото село и црквата Св. Никола, лоцирана во центарот на селото, изградена 1862, претрпела големи оштетувања за време на Првата Светска Војна и е обновена 1927 година. Интересно за оваа црква е дека нејзините китори, односно два од побогатите селани кои го помогнале нејзиното градење, се прикажани како светци на влезовите на црквата, што претставува вистинска реткост во овие краеви.

Во селото функционира етно куќата  “Кај Мостот”. Изградена во етно стил, куќата располага со 4 соби (вкупно 11 кревети), етно ресторан и прекрасен двор. Работи 8 месеци во годината , со предходна најава. Се служи традиционална еко храна и производи исклучиво од Мариовскиот дел: месо под сач, месо во фурна, леб селски во фурна, домашно овчко сирење, мазници…..

Селото благодарение на дел од мештаните и дел од нас туристичките работници полека почна да функционира и да се развива во позната дестинација на околните градови, полека и во цела Македонија, а веќе се слуша и надвор од државата. Постојат и веќе обележани патеки преку кои селото се спојува и со другите локации во Мариово, па така нуди голем потенцијал за селски етно туризам, историски туризам (тука се одвивале големи битки од првата светска војна) црковен (голем број на стари цркви и манастири). Mестото е идеално и за велосипедски туризам, рибарски туризам итн.

 

Етно куќа  КАЈ МОСТОТ ЦЕНА
1 НП 950
1 ПП 1.500
1 ПА 1.900

 

НП– НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК                                   ПП-ПОЛУПАНСИОН                       ПА-ПАНСИОН

 

  • Цените се дадени по лице од ноќ, со вклучен ДДВ и такса за привремен престој.
  • Попуст за групи и престој од 3 и повеќе ноќи -10% од цената.
  • Дете до 6 години-гратис (во соба со две возрасни лица).
  • Дете од 7 до 12 години плаќа 50 % од цената за соодветна услуга(во соба со две возрасни лица).
  • Трето лице во соба(13 и повеќе години) плаќа 70% од цената за соодветната услуга.
  • Плаќањето се врши во денарска противвредност по среден курс на НБРМ.

 

 

ОПИС

Етно куќата „Кај Мостот“  во село Зовиќ е семеен бизнис на Митко и Наташа Крстевски. Со повеќе од 30 години искуство во областа угостителство и огромна љубов кон родното село, отварањето на етно куќа во село со помалку од 10 жители претставуваше вистински предизвик за ова семејство.
Имајќи го секогаш квалитетот во прв план, во етно куќата се приготвува свежа и автентична храна од регионот Мариово. Традиционалното Мариовско сирење, месо под сач, домашен леб, зелник и секогаш свежи салати од домашната градина, се специјалитетите кои ќе Ви останат долго време во сеќавање. Ресторанот има капацитет од околу 50 гости и задолително е да се најавите барем еден ден претходно. За посетителите кои сакаат да побегнат од урбаниот хаос, Етно куќата има на располагање и 4 автентично уредени соби со вкупно 11 кревети, заеднички тоалет во објектот и плус 2 тоалети надвор.

 

https://www.youtube.com/watch