You are currently viewing Сириус Хотел Спа и Велнес 4*- Струмица 2025

Сириус Хотел Спа и Велнес

ОПИС

Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.Хотел Сириус располага и со Spa & Wellness Центар на површина од 1500 м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини:базен, турска бања, џакузи,парна бања,солено џакузи,инфра-ред сауна,теретана,фитнес ,6 соби за масажа,2 соби за луксузни ритуали и третмани.

ЦЕНОВНИК 2025

Ноќевање со појадок/ полупансион и користење на СПА центар:

Услуга Ноќевање со појадок Цена со појадок и вечера
Еднокреветна соба 2.800 ден по лице 3.800 ден по лице
Двокреветна соба 4.500 ден за 2лица 6.000 ден за 2ца
 Апартман 6.040 ден по соба /

Доплата за деца на НВ:

  • до 3 год бесплатно
  • од 4 до 8 год –  900.00 ден
  • од 8 до 13 год –1,500.00 ден
  • од 13 до 16 год – 2,100.00 ден
  • над 16 год- 3000 ден

Доплата за деца на ВВ:

  • до 3 год бесплатно
  • од 3 до 7 год – 670.00 ден
  • од 8 до 12 год – 1,150.00 ден
  • од 13 до 15 год –  1,570.00 ден
  • над 15 год – 2250ден. 

 

Цената вклучува:

• Користењето на надворешните базени во месеците Јуни,Јули и Август е бесплатно.
• Спа и велнес центарот вклучува користење на:
– базен, – турска бања,
– џакузи, – парна бања,
– солено џакузи, – инфра-ред сауна,
– теретана, – финска сауна,
* Во цената имате вклучено бањарка и папучи.
* Работно време на Спа и веленс центарот секој ден од 10:00 до 19:00 часот

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци

Доплата и попусти:

  • Дополнителна доплата за масажи и третмани (цената е во зависност од масажата/третманот) и е потребна претходна резервација
  • Деца до 3години бесплатно
  • Работно време на Спа и веленс центарот секој ден од 10:00 до 20:00 часот.
  • Check in после 14:00 и Check out до 12:00 часот

СЛИКИ

 

Услови

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.

Отказ на резервација:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

Приговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ