You are currently viewing Велигден 2022 – Скијатос-Сигурна Реализација
Skiathos town, Skiathos island, Sporades, Greece in afternoon.

Велигден на Скијатос

Скијатос е островот на „Мама Миа“ мјузиклот и остров кој ги цени квалитетните туристи и оние кои ѝ се восхитуваат на уметноста, културата и храната.

За оние што размислуваат дали треба да го поминат летниот одмор на островот, нашата агенција им организира викенд патување за Велигден кога островот живее.

Зајдисонцата кои ги има Скијатос, кафулињата кои нудат безброј уникатни моменти и зеленилата кои ги голтат плажите ќе ве поттикнат да се вратите повторно, но овојпат на една или две седмици.

Затоа не размислувајте многу, приклучете се на нашето патување за Велигден. Три ноќевања далеку од градскиот метеж, со вашите најблиски и сакани, со морето пред вас.

Прв ден 21.04.2022 Поаѓање кон Скијатос во доцните вечерни часови. Доколку имате дневни работни обврски треба да знаете дека поаѓањето ќе биде доцна во ноќта и ќе се патува навечер, со тоашто пристигнувањето на пристаништето ќе биде во петок наутро. За точното време на поаѓање агенцијата ќе ве информира дополнително.

Втор ден 22.04.2022 Пристигнување на островот во претпладневните часови. Сместување во вилите кои ги имаме на располагање.Слободен ден.Ноќевање.

Трет ден 22.04.2022 Уживање на островот Скијатос, со можност за крстарење до островот Скопелос, односно реализација на „Мама Миа“ турата од Скијатос до плажата Лаларија, па до Скопелос со посета на значајни места каде се снимени сцени од мјузиклот „Мама Миа“.Враќање назад кон Скијатос.Ноќевање.

Четврти ден 23.04.2022 Уживање на островот Скијатос, со можност за организирана посета на неколку значајни плажи на островот.Ноќевање.

Петти ден 24.04.2022 Уживање на островот Скијатос.Во договореното време со водичот се одјавуваме од сместувањата и со куферите се упатуваме кон пристаништето од каде и се враќаме назад кон Македонија.Пристигнување во Македонија во ноќните часови.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 109 €

РЕДОВНА ЦЕНА 129€

Цената вклучува:

Три ноќевања во студиско сместување во градот Скијатос
Автобуски превоз
Повратен билет Волос-Скијатос-Волос
Туристички придружник за време на патувањето

Цената НЕ вклучува:

Факултативни излети како крстарење до Скопјелос и посета на плажите на Скијатос
Патничко осигурување
Трошоци за храна
Индивидуални трошоци

Факултативи:

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Истражување на повеќе плажи

Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.

Напомена:

Патниците треба да ги почитуваат протоколите на земјите во кои престојуваат
За влез во Грција ќе важат мерките кои ќе бидат активни во моментот на влегување во државата
Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Организаторот нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ