СУТОМОРЕ
Туристичката населба СУТОМОРЕ се наоѓа помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор. Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа и ги нуди следниве капацитети:
ВИЛА ЕКСКЛУЗИВ располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор. (колона 4 од табелата).
ВИЛА СКАУТ располага со двокреветни, трокреветни соби. Секоја соба има клима , тоалет, фрижидер, тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цената (колона 2 од табелата – соба со сопствен тоалет). Дел од ½ соби делат тоалет со друга ½ соба (колона 1 од табелата – соба со заеднички тоалет).
ВИЛА СКАУТ 1 располага со стандардно опремени соби со тоалет, клима, фрижидер и со тераса. Во својот сместувачки капацитет има трокреветни и четворокреветни соби. (колона 2 од табелата). Kористење на клима уредот е вклучен во цената.
ВИЛА ИВАНКО располага со двокреветни, трокреветни и со четворокреветни соби. Секоја соба е опремена со клима , ТВ, тоалет, фрижидер и со тераса. Користењето на клима уредот е вклучено во цена. (колона 3 од табелата).
* Цените се изразени во евра и се однесуваат на ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ (9 полни пансиони со вклучен превоз).
– Прво дете до 13.99 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот.
– Второ дете до 13.99 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
Попустот важи за сместување со две возрасни лица (во трокреветна соба)
– Дете до 5 години кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ).
* Намалување за патување со сопствен превоз – 20 евра.
* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
* Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на самото место.
Период |
Вила Скаут Вила Скаут 1 |
Вила Иванко |
Вила Ексклузив |
||
1 | 2 | 3 | 4 | ||
1 | 14.06-23.06 | 195 | 235 | 250 | 270 |
2 | 23.06-02.07 | 195 | 235 | 250 | 270 |
3 | 02.07-11.07 | 195 | 235 | 250 | 270 |
4 | 11.07-20.07 | 205 | 245 | 260 | 280 |
5 | 20.07-29.07 | 205 | 245 | 260 | 280 |
6 | 29.07-07.08 | 205 | 245 | 260 | 280 |
7 | 07.08-16.08 | 205 | 245 | 260 | 280 |
8 | 16.08-25.08 | 195 | 235 | 245 | 260 |
9 | 25.08-03.09 | 175 | 215 | 235 | 250 |
10 | 03.09-12.09 | 155 | 195 | 215 | 220 |
Поаѓање за Црна Гора:
Прилеп (стара автобуска) – 02.00 часот
Кавадарци 03.00 часот (пумпата кај Росоман)
Велес (пумпа Макпетрол, спроти мотел Македонија) 04.00часот
Скопје (Дрво Декор) – 05.00часот
Поаѓање од Сутоморе – 16,00часот
-Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
-Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ
Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.
Цените може да се корегираат според Општите услови на патување, во случај на промена во курсот за размена на валути или промена на тарифата од давателот на услуга. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.