Светско Првенство Ракомет 2023 – БЕРЛИН
13-17.01.2024
13.01.2024 (сабота) Скопје- Берлин
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 10.15 часот.
Авионот за Берлин на Визер полетува во 13.15 часот.
Слетување во Берлин во 15.40 часот. Трансфер до хотел и сместување.
Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.
14.01.2024 (недела) Берлин – разглед на град и ден за навивање
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки или факултативен организиран разглед со локален водич.
Пешачка прошетка (факултативно) со локален водич: најголемиот плоштад во Берлин Александерплац – центар на бившиот источен дел на Берлин, ТВ кулата која со својата височина од 368 метри е на списокот на највисоки градби во Германија, Берлинската катедрала, Брандербуршката Порта, Рајхстаг, Градското собрание, контролниот пункт Чарли…
Слободно време за ручек.
Во договорено време поаѓање со локален превоз кон Мерцедес Бенз-Арена, следење на натпреварите Швајцарија-Франција во 18;00 часот и Германија–Македонија 20;30 часот.
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон хотелот со локален превоз.
15.01.2024 (понеделник) Берлин – слободен ден
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и можност за посета на некој од трговските центри, затворени базени, музеи, Олимпискиот Стадион.
Посета на шопинг центри ( Mall of Berlin, Plaza Frankfurter Allee, Die Hackeschen Hoefe…)
Посета на музеи : (Museum für Naturkunde (Museum of Natural History), The Deutschlandmuseum, Dejavumuseum, Museum Island Berlin, Madame Tussauds, Reichstag, Olympiastadion Berlin
Препорака за посета на Аквапарк (Tropical Islands , Liquidrom , Wellenwerk Berlin…)
Препорака за посета золошка градина ( Zoo Berlin )
Во вечерните часови (факултативно) посета на традиционална германска пивница.
Враќање во хотел. Ноќевање.
16.01.2024 (вторник) Берлин – ден за навивање
Појадок. Слободно време за индивидуално прошетки.
Во договорено време поаѓање кон кон Мерцедес Бенз-Арена, следење на натпреварите Македонија- Швајцарија 18;00 часот и Франција- Германија 20;30 часот.
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон хотелот со локален превоз.
17.01.2023 (среда) Берлин – Скопје
Појадок. По завршување на појадокот, одјавување од хотелот во 11:00ч.
Во 12:15ч. состанок пред хотелот и поаѓање кон аеродром со организиран трансфер. Полетување со Визаир во 16;35ч. Слетување во Скопје 18;55ч.
Крај на програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :
490 € / 30.380 денари
(цената е за по лице во двокреветна)
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.
Во цената Е вклучено:
Авионски превоз на релација Скопје-Берлин-Скопје ( Со Wizzair)
Аеродромски такси
Организиран трансфер од/до аеродром/хотел во Берлин
4 ноќевања со појадок во хотел со 3 *
Рачен багаж (1 торба/ранец со димензии 40x30x20)
Придружник на патувањето од агенцијата
Организација на аранжманот
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
Влезници за натпреварите на Македонија
Факултативните излети и посети,
Влезници при посета на културно-историските споменици;
Разглед на Берлин со локален водич 10 € по лице (14.01.2024 пешачка тура)
(со најмалку 15 пријавени патници)
Патничкото осигурување (околу 300 ден. – по лице)
Туристичка такса
Личен трошок на патникот
Берлин
Главен град на Германија и една од нејзините шеснаесет покраини.
Со население од 3,5 милиони жители, Берлин е најголемиот град во Германија
Тој е втор најнаселен град и осма најнаселена урбана област во Европската Унија.
Се наоѓа во североисточна Германија и е центар на областа Берлин-Брандербург
Во Берлин живеат 5 милиони луѓе од над 190 земји.
Напомена :
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 20 патници
За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата
не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено.
Сместување по 14:00 ч. (локално време)
Напуштање до 11:00 ч. (локално време).
Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
При резервација на аранжманот се уплатува 50% од износот на аранжманот – аванс.
Остатокот од аранжманот се доплатува на 14 дена пред поаѓање.