Светско Првенство Ракомет 2025
Вараждин (Хрватска) – 15.01-19.01.2025 г.
Програма:
14.01.2025 (Вторник) Битола-Прилеп-Велес-Скопје- Куманово-Србија-Загреб -Вараждин
Поаѓање во 19:00 часот од Битола (Автобуска станица Транскоп) за Вараждин, Хрватска. Патот води преку Прилеп, Дреново, Велес, Скопје, Куманово, граничен премин Табановце, Р.Србија. Ноќно возење со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Вараждин.
15.01.2025 (Среда) Вараждин – Загреб – ден за навивање
Пристигнување во Вараждин предпладне. Слободно време. Превземање на собите околу 14:00 часот (се однесува на патниците сместени во Вараждин, патниците сместени во Загреб ќе се сместат по завршување на натпреварите)Време за одмор и слободни активности.
Пред натпреварот можност за организиран престој во фан зоната. Заминување за следење на ракометните натпревари во Спортската сала во Вараждин (Arena Varazhdin).
18:00ч – Холандија – Гвинеја
20:30ч – Македонија –Унгарија
По натпреварите поаѓање кон Загреб и сместување. Ноќевање.
16.01.2025 (Четврток) Разглед на Загреб – Посета на Љубљана и шопинг
Слободно време за индивидуални прошетки или факултативен разглед на Загреб со професионален туристички водич (9:30 почеток на турата). Марков Трг каде е седиштето на Владата на Хрватска, кулата Лотршчак (13 век) каде е стартот на најкратката жичара и каде секој ден во 12:00 се пука од топ, се продолжува према Железната врата еден од влезовите во стариот град (13 век), пазарот на отворено Долац, главната Катедрала (100 метри висока) турата завршува кај малата фонтана некогашен извор на лековита вода (околу 90 минути). Околу 11:30 завршуваме со разгледот на Загреб, слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Љубљана и разглед на центарот. Симболот на градот – Змејскиот Мост, Трите мостови на реката Љубљаница, Прешерновиот споменик во чест на најголемиот словенечки поет Франц Прешерн, Фрањевачката Црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот, Робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер. Слободно време. Во договорено време поаѓање кон трговскиот центар (BTC City Ljubljana), слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање кон Загреб/Вараждин. Ноќевање.
17.01.2025 (Петок) Загреб-Вараждин – ден за навивање
Во договорено време организрано поаѓање кон Вараждин и упатување кон фан зоната.
Слободно време за индивидуални активности и следење на натпреварите
18:00ч – Холандија – Македонија
20:30ч – Гвинеја – Унгарија
По завршувањето на натпреварите поаѓање кон Загреб со организиран превоз. Ноќевање.
18.01.2025 (Сабота) Загреб/Вараждин – Крапинске Топлице/Плитивчки Езера/Грац (Австрија)
Ден за излети или индивидуално слободни активности. Целодневен престој на Крапинске Топлице (СПА, Аква парк, топли базени, сауни). Ноќевање.
19.01.2025 (Недела) Загреб-Вараждин – Македонија
Одјавување од сместувачките капацитети. Во договорено време поаѓање со организиран превоз кон Вараждин, се упатуваме кон фан-зоната. Време за индивидуални активности. Во договорено време се упатуваме кон (Varazhdin Arena) и следење на натпреварите:
18:00ч – Македонија – Гвинеја
20:30ч – Унгарија – Холандија
По завршување на натпреварите поаѓање кон Македонија. Ноќно и дневно возење, преку Р.Србија со попатни одмори, царински формалности. Продолжување кон Македонија.
20.01.2025 (Понеделник) Македонија
Планирано пристигнување во утринските часови. Крај на програмата.
Опции за сместување
1.Град Вараждин ПРОДАДЕНО!!!!!!!
Хотел Varazhdin 3* – hotelvarazdin.com
соба за 1 лице (single) со појадок – 559 евра
соба за 2 лица со појадок – 489 евра
соба за 3 лица со појадок – 489 евра ( 2 лица плаќаат по 489 евра, 3-то лице 469 евра)
(цената е по лице за сместување во 1/2; 1/3 или 1/4 соба)
За сопствен превоз се намалума 40 евра од цената.
Само превоз и билети за 3 те натпревари на Македонија – 300 евра по лице
Напомена : превозот во Хрватска е до сместувачките капацитети во нашата понуда.
Пријавување по 14;00 часот
Одјавување пред 11:00 часот
Хотелот Вараждин 3* е отворен во август 2007 година. Благодарение на добрата локација, а пред се на високото ниво на услуга, тој се разви во препознатлив. Се наоѓа недалеку од центарот на градот, во непосредна близина на железничката станица. 30 модерни и елегантно уредени соби овозможуваат атмосфера на пријатно опкружување, што е гаранција за квалитетен престој.
Бесплатен интернет пристап, клима во сите соби, паркинг места за гостите. Во уникатна атмосфера, професионалниот и пријателски персонал ќе ги исполни сите очекувања да го направи вашиот престој во нашиот хотел незаборавен.
Хотелски сорджини:
Ресторан
Финска сауна
Бесплатен интернет (wi-fi)
Кафуле – со затворен и отворен дел (дозволено е пушење)
Сервис за перење и пеглање
Сеф на рецепција
Сала за состаноци
Продавница за сувенири
Изнајмување велосипед
Паркинг
Сместување
31 модерна и елегантно уредена соба
Клима уред со индивидуална контрола
Бесплатен интернет пристап
Телефон
Сателитска телевизија
Фен
Минибар
Соби за непушачи
2.Град Загреб – ПРОДАДЕНО!!!!!!
Hostel 63 (во центарот на Загреб)
Соба за 2 лица без појадок – 459 Є
Соба за 4 лица без појадок – 399 Є
Соба за 4 (comfort) без појадок – 409 Є
(цената е по лице за сместување во 1/2; 1/3 или 1/4 соба)
За сопствен превоз се намалума 40 евра од цената.
Само превоз и билети за 3 те натпревари на Македонија – 300 евра по лице
Напомена : превозот во Хрватска е до сместувачките капацитети во нашата понуда.
Сите соби имаат сопствен тоалет.
Можност за доплата за доручек 8 Є по лице на ден.
За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
Hostel 63
Локација и околина
Лоциран во центарот на Загреб
Во близина има продавница за вино, пицерија, супермаркет на 100 метри од хостелот
Сместување во соби за 2 и за 4 лица.
Лоби, бесплатен wi-fi насекаде во хостелот. клима уред, паркинг.
Во сите соби и заедничките простории не е дозволено пушење цигари.
Можност за појадок со доплата (не е вклучен во цената).
3. Град Загреб
Хостел Chill Out и TimeOut Heritage (се наоѓаат во иста зграда во центарот на Загреб)
– chillout hostel zagreb , timeout heritage hotel zagreb.
Соба за 2 лица без појадок – 459 Є
Соба за 3 лица без појадок – 429 Є
Соба за 4 лица без појадок – 399 Є
(цената е по лице за сместување во 1/2; 1/3 или 1/4 соба)
За сопствен превоз се намалума 40 евра од цената.
Само превоз и билети за 3 те натпревари на Македонија – 300 евра по лице
Напомена : превозот во Хрватска е до сместувачките капацитети во нашата понуда.
Сите соби имаат сопствен тоалет.
Можност за доплата за доручек 8 Є по лице на ден.
За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка
Хостел ChillOut
Најдобра локација, се наоѓа точно во центарот веднаш до сите знаменитости, продавници, денски-ноќен живот, ресторани и историски градби. Се лесно достапено пешки. Соби со сопствено купатило со туш, бар со дневни теми и диџеи во живо. Ресторан со традиционална храна, 24-часовна рецепција.
Проверете зошто Чилаут хостел Загреб се смета за еден од најпознатите хостели во Европа, при што повеќето туристи кои го посетуваат Загреб престојуваат во овај хостел.
Бесплатен интернет во сите соби и заеднички простории.
Бесплатни компјутери за користење во секое време.
Користење на гостинската кујна за подготовка на сопствени оброци.
Постелнина во сите соби.
Шкафчиња и капацитети за складирање.
Електронски клуч картички.
Мапи и брошури.
Пролетна и летна тераса на отворено. огромен парк веднаш до зградата.
4.Град Загреб
Хостел Moving – (2 км од центарот на Загреб)
линк од сместувањето : sites.google.com/view/hostel-moving-zagreb
Соба за 2 лица со појадок – 429 Є
Соба за 4 лица со појадок – 399 Є
(цената е по лице за сместување во 1/2; 1/3 или 1/4 соба)
За сопствен превоз се намалума 40 евра од цената.
Само превоз и билети за 3 те натпревари на Македонија – 300 евра по лице
Напомена : превозот во Хрватска е до сместувачките капацитети во нашата понуда.
Сите соби имаат сопствена бања со туш.
За дете до 12 години попуст од 20 € од цената за возрасен.
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.
Hostel Moving
Лоциран во Загреб, на околу 500 метри од стадионот на ФК Загреб и Дом Спортова. Главниот плоштад е на 2,3 км.
Сите соби соби се со сателитска ТВ со рамен екран, клима, интернет, сопствена бања со туш.
Moving Hostel нуди 24-часовна рецепција и заедничка кујна со трпезарија на 2-ри и 3-ти кат. Исто така постои и заедничка дневна соба.
Најблиската трамвајска станица со врски до главниот плоштад е на 500 метри.
СЛИКИ:
Во цената Е вклучено:
- Превоз со високо–туристички автобус
- Поаѓања од:
Битола 19:00ч (Автобуска Транскоп)
Прилеп 19:40ч (бензиска пумпа Лукоил);
Велес 21:00ч (бензиска пумпа Макпетрол Каласлари);
Скопје 22:00ч (бензиска пумпа Лукоил, KFC до хотел Континентал);
Куманово 23:15ч (бензинска пумпа Макпетрол) - Сместување во Загреб или Вараждин во избраниот тип на сместување.
- Превоз од Загреб до Вараждин на денот на натпреварите кога игра Македонија.
- Блок билети за сите 3 натпревари од група каде што игра Македонија.
Комплетна организација и придружник за време на целото патувањe.
Во цената на аранжманот НЕ Е вклучено:
- Факултативните излети и посети (се реализираат со минимум 25 платежни патници)
- Разглед (запознавање) на Загреб со локален водич 10€ по лице (16.01.2025 во 9:30 часот)
- Факултативна посета на Љубљана ( 16.01.2025 во 12:00 часот)
- Факултатвна посета Крапинске Топлице (18.01.2025)
- Патничкото осигурување
- Личен трошок на патникот
Услови на плаќање:
Во денари, во готово во агенцијата, со фактура или со платежна картичка.
Опис на локации:
Загреб е главен град на Република Хрватска, најголем град во Хрватска по број на жители. Историски гледано, Загреб израснал од две населби на два соседни рида, Градец и Каптол, кои го сочинуваат јадрото на денешен Загреб, неговиот стар град. Денес Загреб претставува административен, деловен, културен, сообраќаен и научен центар на Хрватска. И по местоположбата и својата култура, Загреб спаѓа во градовите на Средна Европа. Стариот и Новиот град се сметаат за споменици на културата кои успеале да го сочуваат чувството на средниот век и барокниот период.
Љубљана e главен град на Словенија, сместен на местото каде реката Љубљаница се влева во Сава, во Централна Словенија, меѓу Алпите и Средоземното Море. Претставува град со средна големина (според пописот од 2003 година има 265.881 жители). Љубљана е географски, културен, научен, економски, политички и административен центар на Словенија. Во Љубљана може да се доживеат влијанија на голем број култури. Таа била раскрсница на германската, романската и на културата на словенските народи, нивниот јазик, манири и навики.
Вараждин — град во cеверниот дел на Хрватска , близу границата со Словенија . Претставува административно седиште на Вараждинската жупанија на 81 километар северно од Загреб . Вкупното население на градот е 46.946 жители. Стариот град е еден од најголемите туристички атракции. „Мала Виена“ со богато природно наследство проткаено во паркови, дестинација која мора да се види, сместена на северот на Хрватска на јужниот брег на реката Драва.
Важно:
За недолично, непристојно и некултурно однесување на патникот во автобусот, на гранични премини, во спортската сала, во сместувачките капацитети, на факултативните екскурзии и за цело време на аранжманот одговорноста и санкциите се на трошок на самиот патник.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на програма.
Патничкото осигурување е задолжително (одговорноста е на патникот)
Напомена:
- За патувањето во ЕУ патникот треба да поседува важечки пасош со важност од минимум 6 месеци од датата на завршувањето на аранжманот. Патникот е лично одговорен за исправноста и важноста на својот пасош, организаторот на патувањето не е овластен и не ја цени исправноста на патните и други исправи.
- Организаторот на патувањето го задржува правото да во случај на измена на цената на превозот, измена на девизниот курс, недоволен број на пријавени патници и слично, ја промени цената на патувањето или да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред поаѓање.
- Во рамките на разгледувањето на градовите или локалитетите наведени во програмата не се предвидени посети ниту обиколка на ентериери, јавни градби, институции и споменици на културата, освен кога тоа е посебно означено.
- Сместување по 14:00ч (локално време)
- Напуштање до 11:00ч (локално време).
- За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници.
- Аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд.
- При резервација на аранжманот се уплаќа 30% од износот на аранжманот – аванс.
- Остатокот од аранжманот се доплќа 10 дена пред поаѓање.