“Парк Хотел ПИРИН” е сместен на западните падини на Пирин планина, во близина на паркот Сандански Спа, кој претставува најдобар центар во Европа за лечење на бронхијална астма. “Парк Хотел ПИРИН” е член на ланецот хотели ‘Sharlopov Hotels’ и е идеално место за оставрување на Вашите соништа, нудејќи прекрасни градини, лековита минерална вода и незаборавни погледи. Во почетокот на 2009 година од страна на Европската Спа организација хотелот ја има добиено престижната награда ‘Eurospera Wellness’, која е гаранција дека хотелот ги исполнува сите европски стандарди за велнес објекти, безбедност, врвно ниво на хигена и квалитет на услугите. Капацитет: 76 делукс двокреветни соби, 2 делукс апартмани, 4 ВИП свити, 2 претседателски апартмани, 3 алпинистички свит.
Период на валидност:13.02-15.02.2022
Тип на сместување: |
Цена за 2 ноќевања |
Двокреветна соба |
212€ |
Цената вклучува:
- 2 ноќевања со појадок по соба
- туристичка такса,
- туристичко осигурување и ДДВ;
- романтична вечера за двајца на 14.02.2022
- масажз за него и неа-20мин еднократно за време на престојот
- 10% попуст за усуги од СПА менито
- Интернет,
- паркинг,
- бесплатен шатл според распоред до центарот на градот и назад;
- Употреба на базен со хидромасажни авиони, детски базен, џакузи;
- Сауна-парк финска сауна, био сауна, ледена фонтана, топли кревети и клупи и област за релаксација .
- Парк-градина со отворен базен и детско игралиште
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
Доплата и попусти:
- Дете од 0 до 3,99 години – бесплатно сместување.
- Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло доплаќа – 24€ за две ноќевања на база BB ( ноќевање со појадок )
- Дете од 12 до 17,99 години на дополнително легло доплаќа – 39 €за две ноќевања на база BB ( ноќевање со појадок ).
- Трет возрасен над 18 години на дополнително легло доплаќа – 49 € за две ноќевања на база BB(ноќевање, појадок и масажа од 20 минути – еднаш по престој ).
- Доплата за вечера на 14.02.2022. за дете од 4 до 11,99 години – 11€
- Доплата за вечера на 14.02.2022. за дете од 12 до 17,99 години – 18 €
- Доплата за вечера на 14.02.2022. за 3 возрасен над 18 години – 21€
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ