TIGNES – VAL D’ISERE
ОПИС:
На само 5км од француско- италијанската граница, се наоѓа еден од најатрактивните скијачки центри во Франција – Espace Killy, именуван по трократниот олимписки шампион Jean-Claude Killy. Espace Killy -Tignes i Val d’Iser, е ски област во Савојските Алпи кои ја сочинуваат ски стази со должина од 300 км. на надморска височина од 1550м до дури 3450м надморска височинаи важи за едно од најдобрите ски центри во светот. Исто така овој центар го носи и епитетот најдобар во поглед на атмосферата и ноќниот живот кој го нуди. Ќе имате можност да скијате на исклучително долги стази, од кои секако најпозната е велеслаломската стаза во Val d’Isere на која се вози Светскиот куп. Скијајте на местото каде што скијаат НАЈДОБРИТЕ! Делот Val Claret e по наше мислење најдобар избор поради близината на глечерот Grande Motte и врската Val d Isere како и одличниот ноќен живот. Центарот ги вклучува скијачките ресорти Val d’Isèreи Tignes.
ПРОГРАМА:
1.ден-петок. СКОПЈЕ-TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET:Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за VAL CLARET во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
2. ден-сабота. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Пристигнување во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање
3. – 8.Ден. TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET: Шест дневно скијање во Espace Killy –Tignes и Val d’Iser. Ноќевање
9. ден-сабота. 22.01.2022. TIGNES- LAVACHET-LAC-VAL CLARET–СКОПЈЕ: Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.
10. ден–недела: Скопје: Пристигнување во Скопје во попладневните часови.
ЦЕНОВНИК:
Термини: | TIGNES – VAL D’ISERE | од 569€ | |||||||
20.01.2023 | Ski F R A N C E 2023 | ||||||||
Residence:SKI IN – SKI OUT | ЛОКАЦИЈА | 6 | 5 | 4 | 3 | 2 | |||
СТУДИО, “HOME CLUB 2” | LAVACHET | 569 | 629 | 769 | |||||
СТД.”ROND POINT DES PISTES” | VAL CLARET | 589 | 659 | 809 | |||||
СТУДИО, ” PALAFOUR“ | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
СТУДИО, ” BEC ROUGE“ | LAC | 599 | 669 | 819 | |||||
АПАРТМАН, “HOME CLUB 2“, 2 соби. | LAVACHET | 599 | 639 | 699 | |||||
АПАРТМАН, “HAUTE DE TOVIERE“, 3 соби. | LAVACHET | 599 | 639 | 699 | |||||
АПАРТМАН, “PRARIOND A” 2 соби | VAL CLARET | 599 | 639 | 699 |
ЗАДОЛЖИТЕЛНА ДОПЛАТА ЗА ESPACE KILLY SKI PASS : 30 €. Се плаќа во агенција |
- Цените се дадени за пакет аранжман во eвра по лице.
- Плаќање исклучиво во денари според курсот 1€=62 мкд
Во цената е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација- Скопје –TIGNES-LAVACHET-LAC-VAL CLARET – Скопје
- 7 дневно сместување:студиa/апартмани во TIGNES: LAVACHET / LAC / VAL CLARET
- 6 дневен скипас за стазите на TIGNES / VAL CLARET
- Туристички пратител за време на турата
Во цената не е вклучено:
- Задолжително патничко, тип Конфорт, осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 750 ден.
- Задолжителна Туристичка такса 15€ по лице. Се плаќа во агенција, во МКД.
- Постелнина, крпи, и завршно чистење на апартманите.
- ЗадолжителнаДоплата за Ски комплекс Espace Killy, 300 km стази: 30€во МКД.
За ова патување важат Општите услови за патување на С-ТРАВЕЛ со Лиценца “А” 9, кои се составен дел на секој Договор за патување (освен отказните трошоци кои важат според наведеното за овој ски аранжман).
Генерален опис : Студиа /Апартмани Tignes: Lavachet –Lac –Val Claret
Сместувањето е во 4 креветни студиа, и 6 креветни апартмани.Апартманите и студијата во понудата се наоѓаат во различни резиденции/згради во деловите од Tigne регијата. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина. Истите се на самите стази или нивната близина и во близина на Ски лифтовите.Постои бесплатен дневен шатл бус кон Тињ, како и кон Вал Дизер (со доплата).
LAC:
Residence BEC ROUGE 704: СТУДИО за 4 лица, 28м2.
Реновирано студио на приземје. Тераса со поглед на југ. Ходник со кревети на спрат. 1 врата одвојува дневна и ходник. Дневна соба со: Софа тросед кој се претвара во голем кревет, телевизор, радио. Дневна соба со отворена кујна и трпезарија, 1 маса со 4 столчиња. Кујна со: фрижидер, машина за миење садови, рерна со 2 керамички стакла за готвење, микробранова. Бања со туш. Посебно WC. Сите кревети се со јоргани. SKI IN-SKI OUT
ResidencePALAFOUR: Резиденцијата PALAFOUR се наоѓа во центарот TIGNES LE LAC (2100 m), со директен пристап до ски-лифтот (лифтот Palafour и гондолата Tovière) и до точката за состанување на ски училиштата. 50 m од водениот парк Лагон, 100 m од Спортско-конференцискиот центар Tignespace. комерцијална галерија со сите продавници и услуги (скијачки продавници, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани).11 ката со 4 лифтови. Приватни шкафчиња за скијање на подрумот. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50м
СТУДИО PALAF1005, за 4 лица, 28м2, 10-ти спрат.Балкон со јужен поглед со поглед на езерото. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Во влезниот дел кревети на спрат. Кујна отворена во дневна соба со:4 рингли, Фрижидер, Печка, Машина за миење садови.Бања со када, мијалник и WC. Сите кревети се со јоргани.
СТУДИО PALAF204, за 4 лица, 28м2, 2-ти спрат.Тераса свртена кон југ.Топло и пријатно студио.Кујна отворена во дневна соба со:4 керамички стакла за готвење, фрижидер, печка, микробранова печка, Машина за миење садови, Машина за перење, 1 лизгачка врата го дели ходникот и дневната соба. Ходник со кревети на спрат. Дневна соба со софа: кревет на извлекување за 2 лица, телевизор.Бања со када, мијалник и WC.Сите кревети се со јоргани
LAVACHET:
Residence HOME CLUB 2: (2100m) се наоѓа во срцето на квартот LE LAVACHET на помалку од 20 m од продавници и услуги (супермаркет, пекара, пабови, ресторани и ски продавници), 150 m од 2-те лифтови Chaudannes и Pâquis до кои лесно може да се стигне пеш, можете да користите и бесплатни шатл-автобуси за да стигнете до поаѓање со скилифт во рок од 5 минути во TIGNES LE LAC или TIGNES VAL CLARET.
Уживајте во погледот на планините и глечерот Гранде Моте (ЈУГ) или езерото Шеврил и Гранде Сасиер (СЕВЕР). Резиденцијата има 9 ката 3 лифтови, приватни шкафчиња за одлагање на скии.На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 100м
HOME CLUB HC145 – Студио за 4 лица – 24m². Јужен балкон. Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.Сите кревети се со прекривки
HOME CLUB HC211- Студио за 4 лица – 24m². Јужен балкон, 4-ти спрат.Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
HOME CLUB HC226- Студио за 4 лица – 21m². Јужен балкон, 5-ти спрат.Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
HOME CLUB HC240- Студио за 4 лица – 24m². Јужен балкон, 6-ти спрат.Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
HOME CLUB HC198- Студио за 4 лица – 21m². Јужен балкон, 3-ти спрат.Распоред: 2 кревети на спрат во ходник. Дневна соба со 2 единечни кревети (софи), телевизор, DVD, 1 радио. Кујна во рамките на дневната соба со грејни плочи, Фрижидер,Рерна/микробранова печка, машина за миење садови. Бања со када и мијалник.Посебно WC.
HOME CLUB HC168/182 – АПАРТМАНИ со 2 простории,за 6 лица, 40м2. Дневна соба со Софа тросед на извлекување-2 единечни кревети, трпезариска маса со 6 столици, телевизор. Во склоп на дневната е отворена кујна со електрични решоа и микробранова печка, фрижидер, машина за миење на садови, умивалник, шанк. Посебна мала спална со голем кревет за двајца. Во ходникот има кревети на спрат. Бања со туш. Посебно WC.
Residence HAUTS DE TOVIERE B: Résidence Hauts De Toviere B е сместен во областа Lavachet во Tignes, на помалку од 1 км од Тињ/Вал д’Изер, 12 минути пешачење од Ecole du Ski Francais Tignes le Lac.
АПАРТМАН, 3 простории, за 6 лица, 42м2.Дневна соба соба со отворена кујна со шанк и маса со 6 столици. Во дневната има Софа тросед кој се отвара во голем кревет за двајца. Во мала спална има голем кревет за двајца. Во посебна кабина има кревети на спрат.Во кујната може да се најдат машина за миење садови и микробранова печка, фрижидер, електрични решоа и микробранова печка,умивалник. Бања со туш. Посебно WC.
VAL CLARET:
Residence ROND POINT DES PISTESB106: СТУДИО за 4 лица,24м2, 2-ри спрат, југозападен балкон
Резиденцијата ROND POINT DES PISTES е поделена на 3 згради A, B и CЛоциран во TIGNES VAL CLARET (2100m), скилифтови на 20m (жичница), сите продавници и услуги од 20 до 100m од вашата резиденција (продавници за скијање, француска скијачка школа ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани). Резиденција со лифт. Приватни шкафчиња за одлагање на скии.Дневна соба со софа тросед на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Кабинска соба со кревети на спрат. Кујна во рамките на дневната соба со шпорет со 4 рингли на струја, фрижидер, печка, машина за миење на садови. Бања со када и мијалник, Посебно WC. Кревети со јоргани.
Residence PRARIOND A: АПАРТМАН, 2 простории, за 6 лица, 41м2.1-ви спрат. Балкон со јужен поглед.
Резиденција PRARIOND во TIGNES VAL CLARET (2100m) е во непосредна близина на сите продавници и услуги наоколу (скијачки продавници, француска школа за скијање ESF, супермаркет, пекара, пабови и ресторани). Лифт, Приватни шкафчиња за одлагање на скии. На барање можен пристап до WiFi, изнајмуваме мали кутии за WiFi. На барање и да се плати однапред задолжителен затворен јавен паркинг на 50м.SKI IN-SKI OUT со лифтот Tufs. Дневна соба со софа тросед на извлекување-2 единечни кревети, телевизор. Кабинска соба со кревети на спрат. Спална соба со брачен кревет за 2 лица. Кујна во рамките на дневната соба со шпорет со 4 рингли на струја, фрижидер, печка, машина за миење на садови. Бања со када и мијалник, Посебно WC. Кревети со јоргани.
Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за средување на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како пред сместувањето. 50-100€ во зависност од големината на апартманот.
Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 12€ (единечна)-14€ (брачна) постелнина и 12€ сет крпи, по лице. Потребно е најмалку 7 дена пред тргање да се резервираат. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.
Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 100€ по лице во студио/апартман.Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е исклучиво со резервирање на средства во висина на депозитот од кредитна картичка (VISA или MASTERCARD).Депозитот на крајот од сместувањето се деблокира, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети), и гостите ќе го добијат блокираните средства наредните денови. Во случај на било какви оштетувања во студиото/апартманот при сместување, гостите се должни да достават писмена забелешка до локалната агенција во рок од 48 часови.
Ограничен број на Студиа/Апартмани !
ВАЖНИ ЗАВРШНИ НАПОМЕНИ:Дадената цена е пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман, за 7 ноќевања, 6 дневна стандардна ски карта и вклучен автобуски превоз.
РЕЗЕРВАЦИЈА:
- Резервација за аранжманот е со задолжителна уплата од 10.000 денари по лице, остатокот се доплаќа најдоцна до 03-ти. декември 2022.
- Со самата резервација и платен аванс, патниците добиваат договор за патување со сите податоци за патувањето, типот на сместување, разни доплати како и општи услови за патување.
- Уплатата може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
- Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува, но НЕ и да гарантира при ваквите случаи.
Затоа, дефинитивниот тип на студио/апартман и дефинитивната цена ќе зависи од бројот на лицата кои остануваат и типот на студиото/апартманот кој е одбран. Патниците однапред се согласни за овие услови, и истите ги прифаќаат.
- Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
- За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
- Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед, локација или одреден објект повеќе од наведеното. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
- FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 40€ по лице, без оглед на тип на сместување.
- Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
- Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет ски или борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на пријавени лица, најдоцна 30 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.
ОТКАЗНИ ТРОШОЦИ:
- Откажување од патувањето може да се направи исклучиво по писмен пат, доставен до агенцијата, со причини за отказот. Отказните трошоци се во согласност со отказните трошоци на иностраниот партнер, на кои агенцијата не може да влијае.
- Трошоците за откажување на патувањето кои се задржуваат:
- Од моментот на пријавување до 8 недели пред поаѓање: 10% од цената
- 8 – 4 недели пред поаѓање: 30% од цената
- 4 – 2 недели пред поаѓање: 50% од цената
- 2 недели и помалку пред поаѓање: 100% од цената
Espace Killy INFO:
Espace Killy е огромен комплекс на скијалишта во Савојските Алпи, сместен на надморска висина од 1550 м.-3450 м. и ги опфаќа скијалиштата Val d’Iser со 150 км ски патеки и Tignes исто со 150 км ски патеки. Вкупно 300 км. ски патеки. Изузетно добро припремени и долги ски патеки. Тука се наоѓаат и 2 глечера и за летно скијање: Grande Mote (3656 m/n.v.) над Tignes, иPissaillas (3488 m/n.v.) над Val d’Iser. Магично скијалиште, каде може во едно смуштање да скијате на преку 1600 м висинска разлика, од Grande Mote до Val d’Iser. И секако, најдобрата црна ски патека на светот: La Face de Bellevarde
Корисни информации за скијачите за комплексот Espace Killy:
- Вкупен број на ски лифтови: 96 ( 2 ски воза, 8 гондоли, 45 седишници, 41 влечуги )
- Вкупно категоризирани ски патеки: 137 (16 црни, 35 црвени, 64 плави, 22 зелени )
- 2 snowparka
- 331 топ за вештачки снег
Val d’Iser: Модерно скијалиште,сместен на 1800 м/н.в. и оддалечен 12 км од Tignes. Има прекрасен поглед кон глечерот.Убавината на местото ја дава и единствената камена архитектура на објектите. Поради одржувањето на Светскиот куп, целото место е преполно со тимови и посетители. Можда затоа понудата на забава е побогата но и поскапа. Многубројни ресторани, продавници,маркети, дневни и вечерни барови, ноќни клубови, дискотеки, кино, затворен базен и природно лизгалиште. Tignes :Скијашка мека, покрај заледено езеро, сместен на 2100 м/н.в. Познат и по најдобрите off патеки во Европа. Дури постои СПОТ зона за едукација и вежбање за скијање на off патеки. Се состои од 3 населби: Val Claret, Le Lac i Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски бус. Дополнителната понуда е многу богата и заокружена е со модерен wellness центар и базен со бесплатен влез за иматели на skipas Espace Killy.
Делот Val Claret е идеално лоциран, со ski IN-ski OUT сместување, и во непосредна близина на возот кој вози до глечерот Grande Mote. . Тука се наоѓа XXL SuperPipe, најголем halfpipe во Франција. Долг 190м,19м.широк, 7 м. висок. Секако богата ноќна програма за секого. Најдобрите ноќни клубови се Deep во Le Lac и Melting Pot во Вал Кларет.
La Face de Bellevarde– најадреналинска црна ски патека во Европа https://www.youtube.com/watch?v=qzPT_aYNJG8
Најпозната црна ски патека во Европа, припремена за машка спуст патека за Зимските Олиписки игри 1992 во Албервил. Црна писта со слика на `вертикална граница` за најискусните, најхрабрите скијачи. Дури и такмичарите тогаш реагирале на неверојатната стрмнина и почетна брзина од над 150 км/час, па организаторите поставиле дополнителни врати за да се успори брзината. Патека со голем технички предизвик стрмнина од 71% во долниот дел. Тука се одржале и трки за Светскиот куп 2009.
Факти за La Face. Должина: 3км, Вертикална висинска разлика: 959 м. Стартот е на 2905м. Нагиб: од 5%-71%. Може да се дојде со Олимписката гондола и ски лифт од Val d’Iser. Но La Face и не е толку страшна. Две третини на почетокот се дури и многу пријатни но последната третина е изузетно стрма. Најдобар период е да скијате помеѓу 12.00 и 14.00. Наутро е ледена а подоцна прилично неравна. И секако имајте неколку дена скијање на други патеки и со добра кондиција дојдете тука. Но само за многу искусни скијачи и секако направете кафе пауза на пола патека.
Но имаме и една тајна како да го одбегнете најстрмниот долен дел !. Под La Peau de Vache делот и баш над самата стрмина, има патека која води десно, кон Joseray. Тоа е црвена ски патека која ве води до подножјето на La Face.
Важат Општите услови на Т.А. С-Травел.