Тирана – Нова Година 31.12.20 – 02.01.2021

Тирана – Нова Година 31.12.20 – 02.01.2021

(организиран превоз / 3 дена / 2 ноќевања)

 

Програма:

 1 ден (31.12.2020) Четврток:  Македонија – Тирана

 Состанок на групата на паркингот на спортска сала Битола во 06:00 ч наутро. Поаѓање за Тирана во 06:15 ч од Битола, попатнo Охрид , Струга (се застанува доколку има патници), се продолжува преку граничен премин Ќафасан, цариснки формалности, попатни одмори. Продолжуваме на патот за  Тирана, преку Елбансан и пристигнување во Тирана околу 11:00ч. Пристигнување во Тирана , сместување во хотел As Tirana Hotel **** . Краток одмор. Разглед на градот со локален водич (Саат Кулата, Католичката Катедралата Св. Петар, Националниот Историски Музеј, Пирамида, Блокот, улицата Буш, Националната уметничка Галерија, плоштад Мајка Тереза, Православната Катедрала).  По завршување на разгледот слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на Тирана.  Дочек на Нова Година. Патниците кои ќе користат Гала вечера остануваат во хотелот , а патниците кои не одбрале да имаат гала вечера вечера во хотел имаат индивидуални активности за дочек на Нова Година во Тирана.

2 ден (01.01.2021) Петок:  Тирана – Драч

 Доручек. Brunch style oд 09:00 до 13:00 После доручекот, слободно време во Тирана. Континенталниот доручек  вклучува слатки и солени печива, јајца, салати, овошје, зеленчук, моцарела, како и јогурт, житарици, сокови, топли пијалоци. По Brunch доручекот предвидена факултатна посета на Драч. Поаѓање околку 12:00 часот ( возење околку 45 мин. ). Пристигнување во Драч околку 13:00 часот, слободно време за разглед на градот и индивидуални активности за ручек или кафе. Во договорено време со групата , предвидено поаѓање кон Тирана околку попладневните часови. Слободно време во хотел за одмор.  Во попладневните часови вечера во ресторанот на хотелот со избор од три различни јадења.

3 ден (02.01.2021) Сабота:  Тирана – Македонија

Појадок. Одјавување од хотел. Во 10 часот поаѓање кон шопинг центар, слободно време за шопинг и индивидуални активности. Во попладневните часови заминување за Македонија, попатни одмори, царински формалности. Пристигнување во Македонија околу 22:00ч / 23:00ч.

 

ЦЕНА:

  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ без Новогодишна гала вечера во Хотел 

              -1 Полупансион и 1 појадок-  5.550 МКД

  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ со Новогодишна Гала вечера во Хотел

            – Се вклучено , пијалоци вклучени,шампањ и коктел забава – 8.370 МКД

Цената вклучува:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– 2 ноќевања 1 полупансион и 1 појадок или 2 ноќи се вклучено во хотел As Tirana Hotel 4* https://www.astiranahotel.com/

– Разглед на Тирана

– Посета на шопинг центар

– Придружник од агенцијата

– Организација и реализација на аранжманот

Цената НЕ вклучува:

– Факултативна посета на Драч ( минимум 10 патници )– 10 евра

– Индивидуален трошок

– Влезници за музеи и културно – историски споменици

 – Патничко осигурување

– Неспомeнати услуги

– Личен трошок на патниците

Информации и практични совети

АЛБАНИЈА (потребни документи за патување пасош или лична карта )

Протокол за патување :

-Отворени се границите  и е е потребно одобрение за влез

 -Не е потребен ПЦР тест

-Не е потребен карантин или  самоизолација

– Официајлна валута е Лек ( 1 денар = 2 леки )

 -Битола – Тирана 200 км во еден правец / – Тирана – Драч 38 км во еден правец

Препорака на места кои можите да ги посетите за време на индивидуалните прошетки и слободното време:

  1. Плоштадот Скендербег
  2. Национален историски музеј,
  3. Саат кула
  4. Национална галерија на уметности
  5. Пирамида
  6. Плоштад Мајка Тереза

 7.Палатата на претседателот, Палатата на конгресите,

8.Археолошкиот музеј и Академијата за уметности.

Предлог ресторани : Gambero Gourmet, Uka Farm, Season Restaurant, Pizzeria Pavarotti

Предлог места за тие кои сакате да го искусат ноќниот живот : Hemingway Bar, Radio Bar, Shamrock Irish Pub, Small Tirana ..

Важни забелешки и напомени:

За реализација на аранжманот потребен е минимален број 15 платежни патници.

Агенцијата го задржува правото во случај на недоволен број пријавени патници да го откаже патувањето а за тоа ги извести патниците 5 дена пред датата на патувањето.

Минималниот број на патници за реализација на факултативни екскурзии е 10 патници.

Доколку некои наведени разгледи и посети во понудата не се реализираат, а се предизвикани од непредвидени околности/оправдани причини работа на патишта, локалитетите, штрајкови, сообраќаен метеж, или природни катастрофи, агенцијата не сноси одговорност

Агенцијата го задржува правото за промена на цените во случај на промена на цените во транспортот и патни трошоци.

Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со пријавувањето на патниците на денот на реализирање и авансната уплата – договорот ( нема можност за измена ).

Во Р.Албанија може да се патува и со македоснка лична карта.
Агенцијата НЕ Е надлежна да ја цени исправноста на патните документи.
Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
Организаторот/ на патувањето НЕ Е овластен да ја цени исправноста на патните и други исправи на патниците.
Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
Во согласност со одредбите на Законот за туристичка дејност, за ова патување важат и се применуваат Општите услови за патување на С-Травел.

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ