СКИЈАЊЕ ВО ТУРЦИЈА – АВТОБУС
( СКИЈАЊЕ ВО ТУРЦИЈА ЦЕНИ ОД 269 ЕВРА ПО ЛИЦЕ)
За првпат во нашата понуда, скијање во Турција. На само 36км јужно од Бурса се наоѓа еден од најпознатите зимски ски центри во Турција – Uludag. Во минатото познат по Античкото име Olympos Misios, во митологијата познато како место каде што Боговите ја гледале Тројанската војна. Uludag е највисоката планина во Западна Анадолија, со врвот Кара Тепа (2543m). Иделно за скијање и бордање со стази од 28км, со 16 ски лифтови. Сместувањето е во хотели во Бурса кадешто има жичара од која ве носи директно во планината.
- Hotel Crowne Plaza Bursa 5* ( http://www.cpbursa.com/eng/ ) на услуга ноќевање со појадок.
- Almira Hotel 5* ( https://www.almira.com.tr/ ) на услуга ноќевање со појадок или полупансион.
- Kirci Thermal Hotel 3* ( https://www.kircihotel.com/ ) на услуга ноќевање со појадок, полупансион или полн пансион.
- Holoday Inn Bursa 4* ( https://www.hinnbursa.com/ ) на услуга само ноќевање или ноќевање со појадок.
Специјално изненадување ГРАТИС НОЌЕВАЊЕ ВО ИСТАНБУЛ
ИНФОРМАЦИИ:
Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето
Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
Hotel Kirci Thermal 3* – ( https://www.kircihotel.com/ )
- 269 евра со појадок
- 282 евра полупансион
- 294 евра полн пансион
Hotel Crowne Plaza 5* – ( http://www.cpbursa.com/eng/ )
- 379 евра со појадок
Hotel Almira 5* – ( https://www.almira.com.tr/ )
- 379 евра со појадок
- 404 евра полупансион
Hotel Holiday Inn 4* – ( https://www.hinnbursa.com/ )
- 389 евра за наем
- 429 евра со појадок
Mercure Hotel 5* ( https://www.mercurebursatheplaza.com/ )
- 409 евра со појадок
ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ПО ЛИЦЕ БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД БИТОЛА ПРИЛЕП И ВЕЛЕС
ПРОГРАМА:
Прв ден 30.01.2021 (Сабота)
Средба на групата на Дрводекор во пладневните часови и сместување на багажот. Поаѓање за Турција. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.
Втор ден 31.01.2021 (Недела)
Планирано пристигнување во Бурса во утринските часови. По можност сместување во собите веднаш, доколку не, слободно време до check in во 14 часот. Слободно време за запознавање на околината и градот Бурса.
01.02.2021 (понеделник) – 04.02.2021 (Четврток)
Слободно време за скијање, користење на спа центар (доколку самиот хотел нуди), индивидуални активности.
Седми ден 05.02.2021 (Петок)
Појадок. По појадокот напуштање на собите и групата се упатува кон Истанбул. Пристигнување во Истанбул во пладневните часови. Сместување во соби. Слободно време за одмор и слободни активности. Во договореното време факултативна посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува една од највисоките згради во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул. Оттука, групата се упатува на плоштадот Таксим и најпознатата улица во Истанбул – Истиклал. Слободно време за вечера и шопинг. Во договореното време групата се враќа назад. Ноќевање.
Осми ден 06.02.2021 (Сабота)
Појадок. По појадокот напуштање на собите и факултативно крстарење на Босфор. 60 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето. По оваа факултатива, веднаш се упатуваме кон Долмабахче палатата. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
По ова групата се упатува кон трговски центар каде ќе има слободно време отприлика 2 часа. Во договореното време групата тргнува кон Македонија. Пристигнување следниот ден. (07.02.2021)
Цената вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- Пратител од агенција 5 ноќевања во избраниот
- 1 ноќевање со појадок во Истанбул во хотел 3*
(напомена: сите хотели се на барање)
Цената НЕ вклучува:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Факултативни разгледи во Истанбул Сафир Сехир со Таксим – 20 евра
- Крстарење по Босфор – 20 евра
- Посета на Долмабахче – 25 евра
Доплата и попусти:
-ДОПЛАТАТА ЗА ДЕЦА Е ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО АГЕНТ ОД С- ТРАВЕЛ
-За сингл соба се доплатуваат 80% дополнително од аранжманот
-Трет возрасен 20% попуст (доколку хотелот дозволува сместување во типот на собите коишто се во понуда)
Важни напомени:
-За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници
-За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
-Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
-За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 50% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
-Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
-Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
-Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
За ова патување важат Општите Услови за Патување на С-травел.
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
- Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
- Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
- Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
- 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
- Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.