You are currently viewing УЛЦИЊ – БУДВА  – БАР

Улцињ-Будва-Бар 8ми Септември

 

1 ден 06.09.2023 Состанок на групата, на договореното место и заминување за Црна Гора.

2 ден 07.09.2023 Пристигнување во Улцин, кој е еден од најстарите јадрански градови и посета на Стариот град – кој постои 25 век и е сведоштво за различните културни и економски околности, цивилизации и култури кои влијаеле на неговото појавување. Живописни улици, тесни и виткани, со компактни двокатни и трикатни камени куќи и елементи од барокен и ренесансен стил, воодушевува со својот изглед, но и со приказните што ги носи со векови. Се верува дека познатиот шпански писател, Мигел де Сервантес, бил
поробен во Улцињ на крајот на 16 век. Главната хероина на неговиот роман „Дон Кихот“, Дулчинеја од Тобоз, е препознаена како жена од Улцињ, а делото е создадено по неговото поробување во Стариот град, кое во романските држави го носи името Дулчино. Пауза за ручек или кафе. Заминување за Будва .
Сместување во соби и апартмани. Слободно време . Ноќевање.

3 ден 08.09.2023 Слободно време или факулативна целодневна посета на Херцег Нови, потоа заминување за Котор кој е крајбрежен град во југоисточниот дел на Црна Гора. Помеѓу 1420 и 1797 Котор и околината бил под власт на Венецијанската република и од овие причини на овие простори се среќава и архитектурата од овие народи. Тиват – приморски град во југозападниот дел на Црна Гора, сместен во Которскиот Залив, познат по Порто Монтенегро – марина за мега јахти и плац со површина од 24 хектари за изградба на станови наменети за продажба. Враќање во Бар. Ноќевање.

04ден 09.09.2023 Слободно време. 

05ден  10.09.2023  Одјавување од апартманите и заминување за Острошки Манастир. Манастирот Острог е манастир на Српската православна црква сместен со речиси вертикална позадина, издигнат во големата карпа на Острошка Греда, во Црна Гора. Тој е посветен на Свети Василиј од Острог (Свети Василије Острошки ), кој беше погребан овде. Од манастирот, може да се види извонреден поглед на рамнината Бјелопавличи. Манастирот се наоѓа во Општина Даниловград, 50 км од Подгорица и 15 км од Никшиќ. Манастирот Острог е најпопуларно место за аџилак во Црна Гора. Потоа заминување за Македонија со попатна посета на Скадар. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 12710 денари по лице во дво креветна соба 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
⦁ Сместување во БУДВА, СЛОВЕНСКА ПЛАЖА 3 ноќевања со доручек и вечера 
⦁ Превоз по дадените протоколи на дадената релација
⦁ Посета на Улцињ, Острошки Манастир, Скадар
⦁ Патничко здравствено осигурување
⦁ Организација и водство на групата

ЦЕНАТА не вклучува :
⦁ Туристичка такса на Острог 0,5 – 1 еврo ( се плаќаат на лице место)

⦁ Превоз со комбиња до и од манастирот 2 евра (се плаќаат на лице место)
⦁ Влезници за културно историските локалитети
⦁ Факултативна посета на Котор, Херцег Нови и Тиват – 35 евра

НАПОМЕНИ:
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 40 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во
програмата.
– Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со
туристички групи.
– За ова патување не е потребен PCR тест.
– За ова патување влезот во Р.Црна Гора – покрај патната исправа, може да се оствари и со лична карта. Пасошот како и личната карта треба да важат минимум 3 месеци од денот на завршување на овој аранжман.
– Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
– Доколку дојде до непредвидена „виша сила“ за нереализирање на патувањето, поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди, уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
– Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
– За реализација на факултативите постебен е број од минимум 20 патници
За отказ на резервација важат опшите услови, односно :
– за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
– за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
– за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
– за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата

Важат општите услови на патување на СКТМ и С-ТРАВЕЛ