Valentine’s Day 2022 – Будимпешта
ТЕРМИН:
- 10.02.2022-13.02.2022
ПРОГРАМА:
1 Ден. 10.02.2022 (четврток) Скопје – Будимпешта
- Состанок на групата во 18:00 часот и поаѓање за Будимпешта во 18:30 часот од Дрводекор. Се патува преку Р. Србија и Р. Унгарија со попатни паузи за царински формалности и одмор.
2 Ден. 11.02.2022 (петок) Будимпешта
- Пристигнување во Будимпешта во претпладневните часови. Разгледyвање на градот со водич: Плоштадот на Хероите, Парламентот, улиците Андраши и Ракочи, катедралата Св.Стефан, мостовите на Дунав, Кралската палата, Цитаделата, Рибарската тврдина, улицата Ваци која завршува со познатата слаткарницата Жербо. Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Вечерта можност за факултативно крстарење по реката Дунав. Ноќевање.
3 Ден. 12.02.2022 (сабота) Будимпешта-Сeнт Андреа-Вишеград-Естергом
- Појадок. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Сент Андреа, Вишеград и Естергом – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на обалата на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р. Унгарија и Р. Словачка. Разглед на градот и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р. Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Сент Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
4 Ден. 13.02.2022 (недела) Будимпешта-Скопје
- Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на шопинг ценарот Arena Plaza. Слободно време за шопинг. Поаѓање за Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА:
79 ЕВРА ПО ЛИЦЕ!!!
Цената вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Будимпешта
- Разглед на Будимпешта со водич
- Посета на шопинг центар Arena Plaza
- Организација на патувањето и пратител
- Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково), Велес и Куманово
Цената НЕ вклучува:
- Крстарење по Дунав – 15 евра
- Факултативна посета на Сент Андреа-Вишеград-Естергом – 30 евра
- Патничко осигурување.
СЛИКИ:
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
- За ова патување потребен е негативен PCR тест или сертификат за вакцинација (признаени се сите вакцини)
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- За реализацијата на факултативата потребено е да се пријават минимум 20 патници
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.