You are currently viewing Велигден 2022 – Рим – Авионска Програма

Велигден 2022 – Рим – Авионска Програма

Рим – Главниот град на Италија кој на секој чекор ги открива своите убавини и фасцинира со историјата која совршено се вклопува во секојдневието на градот. Вечниот град или градот на седумридови се само некои од епитетите кои Рим ги носи над три илјади години од своето постоење. Со векови бил главен град на најмоќното царство во историјата на Европа и многу подолго духовен центар на католичката религија и седиште на градот – државата Ватикан. Туристите секогаш го опишуваат како посебен и единствен град, а италјаните знаат да кажат дека Рим е посебен свет. Како древен град, со голем број на споменици Рим е музеј на отворено, но истовремено и модерен град кој постојано е во тек со трендовите. Полн со вибрации на современ град кој со помош на новите технологии, архитектура, уметност, мода и кулинарски вештини, постојано привлекува нови туристи. Рим е, но и останува популарен како што некогаш бил, кога луѓето од сите страни на Римското царство доаѓале да го видат неговиот величествен сјај.

1 ДЕН – (19.04.2022 – вторник) | Скопје – Рим

Пристигнување на скопскиот аеродром во 16:30 часот. Полетување за Рим во 18:30 часот. Слетување во Рим во 20:10 часот. Трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални прошетки низ градот (предлог од придружникот на агенцијата на лице место). Ноќевање.

2 ДЕН – (20.04.2022 – среда) | Рим

Појадок во хотел. По појадокот организиран панорамски разглед на градот со локален водич (пеш и метро), разглед на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН – (21.04.2022 – четврток) | Рим (Ватикан)

Појадок во хотел.По појадокот предлог факултативна посета на Ватикан (превоз со метро), – Ватиканските музеи, црквата Св. Петар и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 – ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 – тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини – најзначајниот уметник на италијанскиот барок. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ДЕН – (22.04.2022 – петок) | Рим – Неапол

Појадок во хотел. Наш предлог за денес е целодневна посета на прекрасниот Неапол – град на сонцето и град на светлината, родниот град на прочуениот архитект Бернини…Град кој изобилува со култура, театри, оперски куќи, статуи и споменици … Град – музеј на отворено, чие што централно јадро е под заштита на УНЕСКО. Во договорено време , враќање назад кон Рим. Пристигнување во хотел. Ноќевање.

5 ДЕН – (23.04.2022 – сабота) | Тиволи, Рим (Колосеум – однадвор), Сан Клементе

Појадок во хотел. Наш предлог за денес е посета на Тиволи (полудневен факултативен излет) и посета на комплексот Villa D’Este кој со својата градина и палата им припаѓа на најдобрите ренесансни градини.По враќањето во Рим може да ја посетите црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил. Потоа може да се разгледа (однадвор) една од најголемите знаменитости и атракции во Рим – Колосеумот, лоциран до дворецот  на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја. Слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ДЕН – (24.04.2022 – недела) | Рим – Скопје

Појадок во хотел и одјавување од собите. Следува време за слободни активности, прошетки, шопинг, кафе во Рим. Во договорено време трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 20:45ч., слетување во 22:30ч.

ПРОМОТИВНА ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: од 559 €
– за првите 6 места –

Во цената на аранжманот е вклучено:

· Директен лет на релација Скопје – Рим – Скопје со авиокомпанијата Wizz Air;
· Аеродромски такси;
· Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром;
· Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
· Сместување во двокреветни соби во хотел со 3* – 5 ноќевања со појадок;
· Организација на аранжманот ;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

· Доплата за 20 kg багаж (куфер);
· Туристичка такса – 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
· Билети за јавен превоз со метро;
· Патничко осигурување;

Предлог факултативи:

· Разглед на Рим со локален водич
· Факултативна посета на Ватикан и Систинската капела
· Факултативна посета на Неапол
· Факултативна посета на Тиволи,

Напомена:

  • Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.
  • Калкулацијата за реализација на факултативите е минимум за 16 лица.

Општи напомени:

· Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
· Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
· Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
· За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника;
· За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
· Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
· Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
· Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
· За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
· Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
· Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично