You are currently viewing Велигден 2022 – Азурен Брег-Сигурна Реализација

Велигден 2022 – Азурен Брег

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

1 ден  21.04.202СКОПЈЕ : 

Состанок на групата во 9 30ч. Поаѓање во 10:00 часот од паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија, Италија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден  22.04.202НИЦА: 

Пристигнување во Ница во пладневните часови. 

Панорамско разгледување: По пристигнувањето во Ница, ве водиме на прошетка низ градот со автобус: Руската црква, хотелот Негреско, шеталиштето на Англичаните, брдото Шато, пристаништето на Ница, плоштадот  и споменикот на Гарибалди, музејот на современата уметност, конгресниот центар Акрополис.

Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг

Вечерна прошетка:  Почнуваме со прошетка низ Авенијата Jean Medicin, Базиликата Notre Dame, плоштадот Masena Навлегуваме во стариот дел на Ница: кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата,платата на Националниот Совет, палатата Laskarnis, плоштадот Rosseti, Катедралата Saint Reparate de Nice.

Ноќевање.

03 ДЕН 23.04.2022  НИЦА – АНТИБ – КАН:

Појадок.  Препорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб: Прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо и каде се наоѓа музејот посветен нему а сместен во старата палата на фамилијата Грималди. Пријатна прошетка низ стариот град.    Кан: Продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската фестивалска палата. Се искачуваме во стариот град Сике, до тврдината на Кан и старата црква Notre Dame d’Esperiance. Ќе уживате во прекрасната панорамска глетка на Кан и Леринските острова.  Слободно време за индивидуални прошетки низ Кан и неговите булевари со брендирани продавници.

  Враќање во Ница во попладневните часови. Слободно време. Ноќевање

04 ден 25.04.2022 НИЦА ––СЕНТ ПОЛ  /  ЕЗ – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО :  Појадок.

Предпладне:  St. Paul de Vence: ве водиме во Кралскиот средновековен град на Франсоа I- Сент Пол. Втор град по посетеност во Франција, град-уметничка галерија, место каде се венчале Симон Сињоре и Ив Монтан.Прошетка низ тесните камени улици на овој град.

Попладне: посета на Монако и Монте Карло со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез.  Монако: прошетка низ гламурозниот стар град, океанографскиот институт, кралската палата, Фондацијата на Грејс Кели, катедралата Св. Никола, егзотичните градини… Монте Карло :продолжуваме по патеката на F1( пешки), посета на центарот на Монте Карло со неговите познати коцкарници. Слободно време за посета на казината. Враќање во Ница во вечерните часови. Ноќевање.

05 ден26.04.2022 НИЦА-СКОПЈЕ: Појадок.

Одјавување од хотел.  Слободно предпладне во Ница. Оклолу пладне заминување накај Македонија. Денско и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

06 ден27.04.2022 СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.

 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  279 € / 17.300 ден

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во Ница во хотел   3* на база 3 ноќевања со појадок,
  • Панорамско разгледување на Ница со автобус,
  • Вечерна прошетка низ стариот град
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 210 мкд, ( за лица до 60 год)
  • Посета на Ез,  Монако и Монте Карло (35€)
  • Посета на Кан и Антиб (35€)
  • Посета на Сент Пол (25€)
  • FULL ПАКЕТ ИЗЛЕТИ:  80€
  • Туристичка такса во Ница (2€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба  4,650 ден

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Попустите не се комбинираат
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време  и место на поаѓање.
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплата. За избор на седиште по желба ( освен првиот ред),се доплаќа 10€ по седиште. 
  • Агенцијата го задржува правото за промена на термините за излетите
  • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.