You are currently viewing Велигден 2022 – Сараево – Мостар-Сигурна Реализација

Велигден 2022 – Сараево – Мостар

ПРВ ДЕН (21.04.2022) ЧЕТВРТОК

Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Битола е планирано во 18 часот, од Скопје е околу 20:00 часот но патниците за точно време на поаѓање се известуват на еден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи и царински формалности.

ВТОР ДЕН (22.04.2022) ПЕТОК

По влегувањето во Босна на околу 20 км пристигнуваме во Вишеград, прекрасен град каде туристите имаат можност да уплатат за крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, а кој е под заштита на UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Исто така ќе го посетиме и Андричград – градчето е изградено по концепт на Емир Костурица од камен и тесни улички низ кои се наоѓаат педесетина објекти кое културен центар кој се наоѓа во Вишеград на самото устие на реките Дрина и Рзав. Официјално бил отворен во 2012 година. Во договореното време групата продолжува во Сараево на разглед со локален водич. По разгледот, слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел околу 19:00 часот. Ноќевање.

TРЕТ ДЕН (23.04.2022) САБОТА

По појадокот во хотел, групата се упатува кон „Тунел Спаса“ во 09 часот. Жителите на Сараево за време на војната не можеле да излезат од градот затоа што постоела опасност да бидат застрелани од снајперисти. Сепак тие сакале да најдат начин да стигнат до населбата Бутмир. Еден босански градежен инженер, Неџад Бранковиќ, ги подготвил плановите за тунелот што ќе ги поврзува двете предградија. Во тунелот се влегувало преку една обична куќа во близина на аеродромот, која му припаѓала на Бајро Колар, во Бутмир, а во Добриња влезот бил во една гаража во станбена зграда. Секојдневно меѓу три и четири илјади луѓе и триесет тони разна стока поминувале низ тунелот. Првично, набавките требало да се носат рачно или на грбот на војниците, додека не се поставила железничка пруга со вагони што ги туркале мажите. После тоа продолжуваме кон Врело Босне, извор на реката Босна во прекрасна природа. На оваа факултатива планирано е да се задржиме околу 2 и пол часа. После тоа се враќаме према хотел или центар. Слободно време за прошетки низ центар во Сараево. Вечерта можност за организирана забава во ресторан со жива музика. Ноќевање.

ЧЕТВРТ ДЕН (24.04.2022) НЕДЕЛА

Четвртиот ден започнува со појадок и во 08:30 часот. По појадокот се одјавуваме од хотел и поаѓаме према Мостар. Првото место за посета е Јабланица, која не пречекува со приказната за „Неретва“. Групата ќе има можност да го посети местото каде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“. Екскурзијата продолжува кон Мостар. Сместување во хотел околу 11 часот. Потоа продолжуваме кон пешачка тура према стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии. Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Овде групата има слободно време околу 2 и пол часа за прошетка или ручек. По прошетките со патниците кои доаѓаат на факултатива се упатуваме кон местото каде што се мешат убавината на природата, архитектурата и историјата oддалечено 12 км од Мостар, ВРЕЛО БУНА, извор на реката Буна. Изворот на реката Буна е пример за карстна река и е eден од најголемите и поубавите извори ширум Европа. Водата тече низ пештера која е дел од карпа висока 200 метри a Буна е лева притока на реката Неретва. Место е фантастично, богато со ресторани и кафетерии покрај реката, а доколку барате мир дефинитивно овде ќе го најдете. Групата има слободно време за прошетка, фотографии и останати активности. Заминување кон Мостар. Ноќевање.

ПЕТТИ ДЕН (25.04.2022) ПОНЕДЕЛНИК

Појадок. Одјавување од хотел во 08 часот. Планирана факултативна посета према Водопадите КРАВИЦЕ – место кое ќе ви го одземе здивот. Се наоѓаат на околу 40 км  јужно од Мостар. Водопадите се бисер на Босна и Херцеговина и најпопуларна природна атракција во јужниот дел од земјата. Нејзините води произлеегуваат од реката Требижат. Неговата висина е околу 25 метри со ширина од 120 метри. Слободно време за кафе, фотографирање и уживање во прекрасната вегетација. По разгледот поаѓање према Македонија. Доколку има патници кои не доаѓаат на факултатива остануваат во Мостар и истите ги собираме од таму во договорено место и време со водичот. Денско и ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во доцните часови.

Промо цена: 120 еу 

Редовна цена: 130 еу

Вo цената е вклучено:

-Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
-2 ноќевања со појадок во хотел со 4* во Сараево
-1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Мостар
-Разглед на Сараево со локален водич
-Разглед на Мостар
-Туристички придружник за време на патувањето
-Посета на Вишеград  и Андричград

Во цената не е вклучено:

-Вечера во ресторан со мени карта и жива музика- 25 евра (се плаќа во автобус)
-Посета на Тунел Спаса и врело Босне – 15 еу
-Крстарење по Дрина- 5 евра од лице (Се плаќа во автобус)
– Посета на ВОДОПАДИ КРАВИЦЕ И ВРЕЛО БУНА– 25 еу
-БОСАНСКИ ПАКЕТ ОД СИТЕ ФАКУЛТАТИВИ- 60 ЕУ
– Туристичка такса- 3 евра од лице за три ноќевања (Се плаќа задолжително во автобус)

Важно:

За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.

  • Потврдено приуство на корона вирус на еден или повеќе лица на кој се оденсува резервацијата (доказ позитивен ПЦР тест), затварање на граници и виша сила
  • За деца од 3 до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од сумата на аранжманот
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • За ова патување потребно е да се приложи сертификат за вакцина или брз антиген тест
  • Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште.