You are currently viewing Велигден 2022 – Париз – Авионска Програма

Велигден 2022 – Париз – Авионска Програма

Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “ Град на светлината “ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз одсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.

1 ден – 22.04.2022 (Петок)

Состанок на групата на аеродром во Скопје во 03.30 часот. Полетување за Париз преку Загреб во 05:45 ч од Скопје,со вклучени пијалоци и оброк во авион. Слетување во Париз во 11:05 ч. Организиран превоз и панорамски разглед на градот со попатни застанување:(Триумфалната Капија,Елисејски Полиња,Црквата Мадлена,Операта Гарние,Лувр,Латински Кварт,Ајфелова Кула…). После 14.00 часот сместување во хотел. Слободно време за одмор и ручек. Организирана прошетка (со метро) до Елисејските полиња.Вечерно крстарење со брод по Сена (факултативно). Слободно време за вечера (факултативно). Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

2 ден – 23.04.2022 (Сабота)

Појадок. Во 08.00 часот организирана (факултативна) посета на Лувр ( со метро) и водич. Влез во 09.00 ч. Разгледот трае до 12 часот. Слободно време за одмор и ручек. Организирана посета на Галеријата Лафајет и Операта Гарние (од надвор). Разгледот продолжува со организирана посета на Музејот Фрагонар, плоштадот Вандом и хотелот Риц. Враќање во хотел (со метро). Во вечерните часови организирана посета на Ајфелова кула (со метро).Заедничка вечера (факултативна) во ресторан на Трокадеро.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 24.04.2022 (Недела)

Појадок. Организирана( факултативна) посета на Версај со автобус и водич. Поаѓање од хотел во 09.30 ч. Се посетува дворецот и парковите. Вракање во Париз и тоа во Латинскиот кварт,посета на Богородична црква (однадвор). Слободно време за ручек и индивидуални прошетки во квартот. Организирана посета на Мон Мартр ,слободно време и прошетка во квартот на уметниците. Вечера во некој ресторан на Пигал. Враќање во хотел со метро. Можност за посета на најславното кабаре Мулен руж (факултативно). Ноќевање.

4 ден – 25.04.2022 (Понеделник)

Појадок. Во 08.30ч (факултативно) целодневна посета со автобус на забавниот парк за возрасни и деца – Дизниленд. За оние кои остануваат во Париз организирани прошетки по мостовите на Сена, плоштадите,парковите, Општината, Бастиља, центарот Помпиду, новиот дел на Париз. Ноќевање.

5 ден – 26.04.2022 (Вторник)

Појадок. Одјавување од хотелот,багажот се остава на рецепција.Организирана посета на La Defance . Организиран превоз до аеродром од хотелот во 14:30 часот. Полетување за Загреб во 18:30 часот, слетување во 20:15ч. Полетување за Скопје во 22:10, слетување во 23:25 часот.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 515€ ПО ЛИЦЕ!!!

Во цената се вклучени следниве услуги:

• Авио билет на релација Скопје-Париз-Скопје со Croatia Airlines
• Бесплатен багаж 20 кг + пијалок и храна во авион
• 4 ноќевања со појадок во хотел со 3* Ibis La Defence , https://all.accor.com/hotel/0771/index.en.shtml
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
• Организиран панорамски разглед на градот
• Организирани сите пешачки разгледи на Париз со метро и придружник
• Организација на патувањетои и сигурна реализација на факултативните екскурзии
• Придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз

Во цената не се вклучени следниве услуги:

• Аеродромски такси 90 еур / 5.560мкд ,
• Превозот со метро и автобус во Париз (цена околу 18,60 еур карнет за 10 возења)
• Влезница за Ајфелова Кула (влезница до 2-риот спрат 17.10 еур до врвот 26,80 еур)
• Посета на Лувр 55 еур влезница +резервација + водич (со метро) за лица до 18 год. – 25 еур
• Посета на Версај – 75 еур влезница + водич, за лица до 18 год. 40 еур (се патува со автобус од хотел) не е вклучена влезница за парковите и се плаќа на лице место ,чини околу 10 еур
• Влезница за брод по Сена 15 еур (се патува со метро) организирано!
• Посета на Операта Гарние и музејот Орсеј околу 15 еур-влезница за секој објект
• Посета на Мулен Руж со представа (цена од 135 еур со пијалок ½ шампањ)
• Посета на Дизниленд од 110 еур, (превоз од хотел + целодневна влезница за 1 парк)
• Вечера или ручек во ресторан од 15 еур без пијалок
• Задолжително здравствено и патничко осигурување 250 мкд.

За реализација на факултативните екскурзии потребно е минимум од 15 патници

• Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 62 мкд)
• За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
• За влез во Франција е потребно:

УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ФРАНЦИЈА ОД 12 ФЕВРУАРИ 2022

Државјани на Република Северна Македонија (портокалова зона) може да влезат во Франција почнувајќи од 12.02.2022 година под следниве услови:
• ДОКОЛКУ СЕ ВАКЦИНИРАНИ НЕ Е ПОТРЕБЕН ПЦР/ АНТИГЕНСКИ ТЕСТ
• За вакцинирани се сметаат лицата кои примиле една од следниве вакцини:
• Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield et Johnson & Johnson.
И тоа под услов да се поминати:
• 7 дена од втората доза Pfizer, Moderna, AstraZeneca/Vaxzevria/Covishield (вакцини признати од Европската агенција за лекови-EMA)
• 28 дена од Johnson & Johnson;
• 7 дена од трета доза mRNA вакцина (Pfizer) за лицата кои претходно примиле вакцина која не е призната од Европската агенција за лекови-EMA.
Вакцинираните патници се должни да приложат:
• ПОТВРДА ЗА СТАТУСОТ НА ВАКЦИНАЦИЈА.
• ДА ПОПОЛНАТ ИЗЈАВА ДЕКА НЕМААТ СИМПТОМИ НА ИНФЕКЦИЈА СО КОВИД-19 И КОНТАКТ СО ПОТВРДЕН СЛУЧАЈ НА КОВИД-19.
Може да се најде на следниов линк: https://www.interieur.gouv.fr/covid-19-deplacements-internationaux
• Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување

ОСТАНАТИ УСЛОВИ:

• За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
• За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници