Велигден во Apart Hotel Vicky 2024
02.05–05.05.2024
Халкидики, e полуостровот кој се наоѓа на југоисточниот дел на Грција, на само 60km од Солун. Со своите 3000 km2, излегува на северниот дел на Егејското Море. Во морето влегува со три краци, Касандра, Ситонија и Атос (Света Гора).
Касандра е прв или западен крак, од полуостровот Халкидики. Касандра е еден од главните туристички центари и има најразвиена патна мрежа, турисички комплекси, марини и трговски центри. Поголеми градови се Ханиоти, Полихроно, Калитеа, Афитос, Пефкохори, каде жителите живеат во текот на целата година.
ПРОГРАМА:
02.05.2024 -Четврток – Собир на групата во 04:00 h автобуска станица Транскоп Битола. Патувањето Продолжува со Попатна посетна на Cosmos и Икеа во Солун. Поагање од Солун во пладневните часови и пристигнување на Ханиоти . Сместување во хтл Вики – Ханиоти (Apart Hotel Vicky)
03.05.2024 Петок– Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови опција за факултативна посета на Афитос .
04.05.2024 Сабота -Слободно време за индивидуални прошетки. Во вечерните часови групна посета на локалната Црква Успениа на Богородица за Велигденската вечер во Пефкохори.
05.05.2024–Напуштање на собите до 11ч.Во Поаѓање Битола со попатни паузи и заснатување на Free Shop
Опис на објектот:
Локација: 300 m од плажа, 100 m од центар
Сместување: Студија за две, три и четири лица
Опрема: Кујна комплет за соодветниот број на гости, ТВ, клима, бања, тераса, WiFi,
Лежишта: Класични единечни и француски кревети.
Содржини: Рецепција, двор…..
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 6700 денар по лице
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Автобуски превоз на наведената релација во програмата,
- 3 ноќевања во хтл. Вики – Ханиоти (Apart Hotel Vicky),
- Организација, водство и реализација на аранжманот.
ДОПЛАТИ:
- 3 то и 4 то лице – 10 еур од редовната цена.
- Доплата за еднокреветна соба (70 % од цената на аранжманот)
- Деца од 2 до 11,99 години -20 еур од цената за возрасен
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Патничко осигурување.
- Факултативните Посета на Афитос – 10 еур од Ханиоти
- Факултативна посета на термалните бањи “Thermal Spa Agia Paraskevi” во Лутра (20-25 мин возење), доколку има минимум 25 пријавени и под услов да работи бањата. 15еур.
СЛИКИ:
“Thermal Spa Agia Paraskevi” – Од длабочините на земјата блика лековита вода .Поради својот уникатен состав на хемиски елементи кои содржат ретки лековити својства, го подмладува и телото и духот. Сместена на карпа, во прекрасен амбиент со поглед на Егејското Море. Модерна бања со преубав спа центар во Агиа Параскеви е идеално место каде можите да се опуштите 2 часа од секојдневието.Со базени, сауни, амам, хидромасажери, Минерална хипертонична вода со средно топлина од 34,5-36,0. °C……
ПРЕВОЗ:
- Организиран превоз од: Скопје, Велес,Кавадарци, Битола, Прилеп
- Доплата за трансфер од Охрид,Струга,Ресен – 10 еур по лице.
- Доплата за трансфер од Штип – 15 еур по лице.
НАПОМЕНА:За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 45 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање. Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.