GOLDEN BEACH 3* – Метаморфози
Метаморфози е едно од најмирните места на Ситонија, спој на мирис на море измешан со мирис на борова шума и низа на многу мали плажички. Одлично е позиционирано на почетокот на кракот и е перфектно почетно место ако сакате да го запознаете целиот полуостров Ситонија!
ЦЕНОВНИК:
ТЕРМИН | Ноќи | 1/2 Стандард |
03.05.2024 – 06.05.2024 | 3 | 99 |
01.05.2024 – 06.05.2024 | 5 | 139 |
ПРОГРАМА:
01.05.2024 (Среда)- Прв ден
Собирање на групата во 05:30 часот, поаѓање во 06:00 од Скопје,Дрво Декор (попатни одмори, царински формалности)
По пристигнувањето сместување во хотелот. Слободно време. Организиран првомасјки ручек на плажа со пиво и суфлаки. Ноќевање.
02.05.2024 (Четврток) Втор ден
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
03.05.2024 (Петок) Трет ден
Појадок. После појадокот има организиран факултативен излет. Во договорено време со водичот се чекаме на рецепција и се упатуваме кон Ормос Панагиас од каде што ни започнува крстарењето со брод околу Атос.Со вклучен ручек. По завршувањето на факултативниот излет се враќаме назад во хотел. Слободно време. Ноќевање. Цена за факултативниот излет ќе биде објавена дополнително!
04.05.2024 (Сабота) Четврти ден
Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки или релаксација на сонце покрај морето. Вечерта можност за посета на црква и дочекување на христовото воскреснување на полноќ. Ритуално кршење со велигденски јајца. Враќање во сместувањето и ноќевање.
05.05.2024 (Недела) Петти ден
Појадок. Слободни активности до ручек. Организиран веигденски ручек. Во договорено време со водич. Ручекот ќе биде во таверна во Метаморфози.
06.05.2024 (Понеделник) Шестти ден
Појадок. Одјавување од хотелот во договор со водичот во зависност од интересот за шопинг во Солун на враќање
СЛИКИ:
Во цената е вклучено:
- 3 или 5 ноќевања на база ноќевање со појадок
- Шопинг во Солун (по договор, само за оние што користат превоз)
- Традиционална вечера на Велика Сабота 04.05, после Воскресението во 00:30, (сезонска салата, Фета сирење, традиционална јагнешка чорба „Магерица“, црвени јајца.
- Велигденски ручек во Недела 05.05, на база „шведска маса“, сезонска салата, цацики, Фета сирење, јагнешко во фурна со компири, традиционален Велигденски ориз, десерт
Во цената не е вклучено:
- Првомајски ручек на плажа со суфлаки и пиво – 10 евра
- Крстарење околу Атос – 33 евра
- Туристичка такса – 3 евра по соба на ден
- Патничко осигурување
Напомени:
Цената е по лице за 3 или 5 ноќевања на база ноќевање со ПОЈАДОК.
- Сместувањето е во двокреветни / трокреветни стандард соби.
- Има ограничен број на четворокреветни студија / апартамни, каде постои можност за сместување на повеќе лица.
- Прво дете од 2 до 11,99 години, бесплатно.
- Второ дете од 2 до 11,99 години, плаќа 40% од цената.
- Трет и/или четврт возрасен, плаќа 60% од цената.
- Организиран превоз само за програмата со 5 ноќи:
- 45 еур за возрасен, 35 еур за деца до 11,99 години
ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на хотел Голден Бич;
* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;
* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.