Hotel Regina Blu 5*, Валона- Велигден 2021 – 2 ноќевања

Hotel Regina Blu 5* – Велигден 2021 – 2 ноќевања

01.05-03.05.2021

Валона (албански: Vlorë; италијански: Valona) е град во Албанија и второто поголемо
пристаниште по Драч, сместен на Валонскиот Залив. Според последните податоци, во Валона
живеат околу 85.000 жители. Последните години Валона прераснува во европска туристичка
дестинација.
Културно и економски, Валона е еден од најважните градови во јужна Албанија, а се смета и за
еден од најстарите градови во Албанија и регионот.Сместен на Заливот Валона – влезот на
Јадранското море, опкружен со маслинови градини, е едно од најсончевите места во Источен
Медитеран.Валона е дом на различни архитектонски стилови кои претставуваат влијателни
периоди во нејзината историја. Архитектурата е под влијание на илирската, грчката, римската,
италијанската и комунистичката архитектура. Во 21 век, Валона се претвори во модерен град,
со модерни нови згради и многу зелени површини, особено со реализацијата на проектот
Лунгомаре со кој Валона доби прекрасни пешачки зони, велосипедски патеки, паркови и
дрвореди и сосема нов блескав изглед на обалата..
Официјална валута е „лек “, не е проблем и да платите во евра, но кусурот го добивате во леки.
Во секој маркет, ресторан, кафуле – за 1 евро добивате 130 леки. Отприлика 1:2 е соодносот со
македонскиот денар.

ПРОГРАМА :

1 ден: 01.05.2021-Сабота Поаѓање за Валона од Охрид. Патот води преку Ќафасан низ
Албанија по новиот автопат до Валона. Пристигнување во Валона во претпладневните часови,
сместување во хотел Regina Blue 5*. Слободно време за разглед на градот.
Вечера и ноќевање.

2 ден: 02.05.2021-Недела Појадок. Организирана посета на Валона и островот Зврнец
(факултативно). Покриен со борова шума, до овој мал прекрасен остров покрај брегот на
Валона може да се стигне со прошетка по мост долг 270 метри, нудејќи уникатно искуство на
единство со природата.Островот е домаќин и на добро сочуваниот византиски манастир од 13
век, Св. Богородица. Слободно време за одмор, индивидуална прошетка низ центарот на
градот, кафе во некоја од бројните стилски уредени кафетерии, вечера покрај море. Враќање
во хотелот . Вечера и ноќевање.

3 ден: 03.05.2021 Понеделник. Појадок. Во 10ч. напуштање на собите и слободно
време.Можност за фактултативна посета на остров Сазан. Околу 19ч. заминување за
Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Охрид во доцните вечери часови.

ЦЕНА: 105 евра (6.510 денари) по лице во двокреветна соба.

❖ Деца до 3.99 години на сопствено седиште плаќаат само превоз 15еур.
❖ Деца 4 -12 години 60 Еур.
❖ Трет возрасен 105 еур.
❖ Сопствен превоз цената по лице се намалува за 15 Еур.

Во цената се пресметани следните услуги:

➢ Превоз со туристички автобус на дадената релација
➢ Сместување во хотел Regina Blue 5* во Валона на база 2 ноќевања
со појадок и вечера
➢ Организација и пратител на патувањетo

Во цената не се пресметани следните услуги:

➢ Туристичка такса 1еур по лице по ден
➢ Факултативни посети на Валона, остров Зврнец и остров Сазан.
➢ Индивидуални трошоци
➢ Патничко осигурување

 СЛИКИ :

Повеќе информации за Хотел Regina Blue 5* Валона

ПОЛОЖБА: Хотелот Регина Блу се наоѓа во живописното село Радхиме, Албанија. Со прекрасното
море пред хотелот и прекрасните планини и пејзажи во околината, локацијата е една од
ајдобрите адути.
СМЕСТУВАЊЕ: Хотелот Регина нуди вкупно 60 соби од кои 29 двокреветни, 28 трокреветни и 3
апартмани. Сите имаат сопствена бања, со туш, климатизација, фрижидер, греење и ТВ и се
модерно опремени, за сечиј вкус, по наша проценка најдобрите соби во овој регион.

ВАЖНО: Патувањето за Валона се реализира преку граничен премин ЌАФАСАН-Струга со што
може да се патува со ЛИЧНА КАРТА или ПАСОШ. Вие сте должни да сте на договореното место
и час, со Вашите документи и Вашиот багаж. Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се
реализираат со патнички возила или комбе. Превозот ги слегува патниците на најблиската
локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.

НАПОМЕНА!!! За реализација на аранжманот потребни се минимум 10 патници.