Охрид – Велигден 2021 Понуда на хотелско сместување

Хотел Лаки & СПА 4* 2021

30.04-03.05.2021

Лаки Хотел и Спа е микс на Западната и Источната хотелска култура и етика, ја спојува безвремената елеганција, комфор, луксуз, дизајниран простор и незаменлив поглед кон Охридското езеро и планинските пејсажи. Спој на модерно, елегантно, луксуз и потребниот мир за ова лето, со најубави бои на заслепувачка природа и сјајот на Охридското езеро, несекојдневна архитектура, најсовремен Спа центар наменет само за ваше уживање и заборавање на реалноста, базени за возрасни и деца, прекрасна тераса со неверајотен избор на кулинарски специјалитети, максимално уживање на коктелите покрај базен и разладување во топлите денови.

3 ноќевања со појадок 105 евра по лице

  • користење на спа центар
  • Tуристучка такса и ДДВ
  • Интернет и ТВ
  • Паркинг

 

Хотел Тино – Центар 4* 2021

30.04-03.05.2021

Хотел ТИНО 4* е проектиран и дизајниран,опремен према највисоки стандарди,на задоволство на секој гостин кој ќе ужива во пријатниот амбиент на хотелот. На самиот брег на прекрасното Охридско Езеро,на само 150 метри од срцето на древниот град на светлината-Охрид. Хотелот располага со 59 хотелски соби,2 апартмани,ресторан со 150 седишта,аператив бар,хотелска тераса со 150 седишта,комплетно технички опремена конференциска сала со 60 седишта,лифт.Сопствен паркинг обезбеден со сигурносни камери. Секоја соба е опремена со ТВ,интернет конекција,телефонска линија,централна климатизација,купатила целосно опремени со тоалетна галантерија и фанови,туш кабини,противпожарен алармен систем,24 часа рецепција со целосна секретарска опрема. Спа центар-џакузи,сауна,турска бања,достапен на гостите во цената на сместување.

Тип на соба 3 ноќевања со појадок
Еднокреветна 117 €
Двокреветна 177 €
Трокреветна 237 €

 

 

 

 

Цената вклучува:

  • Користење на Спа Центар (џакузи,сауна,парна бања)
  • 3 ноќевања со појадок по соба
  • Интернет и ТВ
  • Паркинг

Доплати :

  • Доплата за вечера 9 евра по лице на ден
  • Доплата за соба со поглед – 5 евра дневно за соба.
  • Туристичка такса 0.65 евра по лице на ден

 

Хотел Тино – Свети Стефан 4*

30.04-03.05.2021

Сместен на брегот на Охридското Езеро, хотелот Тино Свети Стефан нуди бесплатен wi-fi, бесплатна климатизација, 24 часовна рецепција, велнес центар и ресторан, бесплатен паркинг за гостите (со претходна резервација), конференциска сала. Хотелот располага и со внатрешен базен, надворешен базен и излез на брегот на Охридското Езеро. Вкусен појадок се служи секое утро во хотелот, а за вечера може да се ужива во ресторанот во куќата. Исто така, достапна е и услуга во соба. Велнес областа на хотелот се состои од затворен и отворен базен, сауна, амам и фитнес центар. Масажата се доплаќа и истата е на барање. Во самиот хотел има и посебна просторија за оставање на багажот. Античкиот театар на Охрид се наога на 4км од хотелот, а аеродромот се наоѓа на 12км.

3 ноќевања со појадок 177 евра за соба со поглед кон шума

  • Користење на внатрешен базен, детски базен,
  • Спа центар со џакузи, сауна и парна бања,
  • Детско игралиште, пинг понг маса,
  • Конференциски сали (за настани),
  • Wi-Fi

 Доплати :

  • Доплата за вечера 8 евра по лице на ден
  • Туристичка такса 0.65 евра по лице на ден

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Хотел Инекс Горица го задржува правото за промена на горенаведените цени.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ