Истанбул – Велигден 2021 – 3 ноќевања (автобус)

Истанбул – Велигден 2021 – 3 ноќевања

ТЕРМИН: 29.04.2021 – 03.05.2021

ПРОГРАМА:

Прв ден – четврток (29.04.2021)
Средба на групата на Дрводекор во 15:00 часот и сместување на багажот. Поаѓање за Истанбул во 15:30 часот. Ноќно возење со транзит преку Бугарија, попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – петок (30.04.2021)
Планирано пристигнување во Истанбул во утринските часови. Во зависност од расположливостa на собите во хотелот, доколку има слободни соби, сместувањето е веднаш. Доколку нема, според правилата check in ќе биде после 14 часот по локално време (агенцијата секогаш се труди патниците веднаш да влезат во собите, но не сносува одговорност доколку собите не се ослободени).
НАПОМЕНА: Доколку не успеат сите патници да влезат во собите, се оди на тура со цел да не се пропуштат локалитетите, а ќе влезат во хотел по завршувањето на разгледите).
Во договор со организаторот и претставник од агенцијата, во одредено време групата се чека на рецепцијата од хотелот со локалниот водич и се упатува кон разглед на населбата Аксарај, историскиот дел на Истанбул, каде се наоѓа најпознатата затворена чаршија на светот, Капали чаршија. Преку пешачката тура ќе имате можност да се запознаете со околината и крајната цел Сината џамија, Хиподромот, Аја Софија и Топ Капи палатата, како и Сулејмание Џамијата, местото каде се погребани Султанот Сулејман и неговата жена Хурем.

Топкапи палатата
Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче. Во попладневните часови планирано е посета на бизнис делот на Истанбул каде се наоѓаат големите холдинзи, облакодери и високи згради, секоја со свое посебно светло. Се посетува највисоката зграда во Европа (236м) Sapphire Seyir Terasi (панорамска тераса), можност преку четиридимензионалното небесно возење до хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула. Прекрасно искуство на 64иот кат на зградата од која се гледа целиот Истанбул.
По посетата на Сафир, се упатуваме кон најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани, а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. По завршувањето на посетата, групата се враќа во хотел каде следува ноќевање.

Трет ден – сабота (01.05.2021)
По појадокот, во договорено време, групата се чека со локалниот водич на рецепцијата од хотелот. Следува посета на една од најзначајните симболи на христијанството, Веселенската патријаршија, која е задолжителна за посета. Според рангирањето, оваа патријаршија е прва и се смета за центар на сите православни цркви во светот. Внатрешноста на црквата е богато украсена со извонредни златни иконостаси, кои прикажуваат детали од животот на Исус Христос. Најзначајна реликвија во црквата е столбот со црна боја за кој се верува дека е столбот на кој Исус бил заврзан пред да биде распнат на крст.
Потоа следува прекрасното крстарење по Босфорот. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, каде се снимани и најпознатите сцени од популарните турски серии и знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
По оваа факултатива, веднаш се упатуваме кон Долмабахче палатата.
Долмабахче палата – Турскиот Версај
Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со посета на најубавите места во Азија. Ова е фантастична прошетка низ Истанбул, автобуска екскурзија со која се доживува неверојатното искуство со преминување од европската кон азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор со посета на најзначајните места во Азија, кои буквално ќе ви го одземат здивот. Ја посетуваме џамијата на турскиот претседател Ердоган, која е најголемата џамија во Турција и се наоѓа на азиската страна на највиското брдо Чамлиџе. Бидејќи е пуштена во употреба во 2019-та година, таа претставува една од најмодерните џамии која се издигнува високо над градот. Потоа го посетуваме местото Чамлиџа кое го нуди најубавиот поглед на Истанбул кој буквално ќе ве остави без здив, а ќе имате можност да направите прекрасни фотографии и да се напиете турски чај во отворениот дел со типично турски масички. Следуваат уште две прекрасни места во Азија, а тоа е местото Ускудар, кое нуди неверојатен поглед кон Моминската кула, и на крајот населбата Кадикој, каде ако Таксим е најпопуларен во европската страна, тоа е Кадикој на азиската. Мали, тесни улички, преполни со елитни кафулиња, ресторани, продавници, типично турски, со европски шмек. Место каде ќе имате слободно време да се сплотите со ова место и прошетата и да се напиете кафе. Враќање во хотел, ноќевање.

Четврт ден – недела (02.05.2021)
По појадокот ве водиме на прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принцеските острови со посета на Buyuk ada (Големиот остров). Овој архипелаг се состои од 9 острови и тука е забранета употреба на моторни возила, а главно превозно средств е коњската кочија – Пајтон. Можност за ново искуство, прошетка со пајтон околу островот. Местото е прекрасно, пошумено, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период. Ова е местото каде императорот Јустин 1ви, внукот на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир. Можност за слободно време и ручек во еден од многуте рибни ресторани или едноставно уживање крај бреговите. Враќање во хотел по пладневните часови.
Вечерта посета на еден од најголемите и најнеобичните аутлети инспириран од прекрасната Венеција, трговскиот центар „Виа Порт Венеција“ (вклучено во цената). Долж целиот трговски центар можете да уживате во импровизираните венециски канали и гондоли, како и репрезентации на најголемите атракции и најпознатите историски знаменитости на прекрасниот италијански град. Тука имате достапни голем број на турски и интернационални брендови по многу поволни цени, како турскиот Waikiki, светскиот бренд Guess и безброј други брендови. Трговскиот центар има надворешен отворен дел со продавници и венециски канали, и подземен каде има уште поголем избор за шопинг. Сите детали за овој аутлет можете да ги погледнете на овој линк: http://veneziamegaoutlet.com/ По завршувањето на оваа посета, враќање во хотел. Ноќевање.

Петти ден – понеделник (03.05.2021)
По појадокот, одјавување и поаѓање од хотелот во договорено време. Групата се упатува кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа еден од најголемите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2, а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите поздемни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака.
Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:00 по турско време. Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Промотивна цена: 89€

Редовна цена: 109€

Цената вклучува:

  • Три ноќевања во хотел 3* со појадок во населбата Аксарај/Лалели
  • Автобуски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје
  • Пешачка тура низ стариот историски дел на Истанбул со лиценциран водич: Капали чаршија, Сината Џамија, Хиподромот, Аја Софија, Сулејмание Џамија,
  • Посета на трговскиот центар Форум Истанбул
  • Посета на аутлетот Виа Порт Венеција (http://veneziamegaoutlet.com/)
  • туристички пратител за време на престојот
  • организација за време на патувањето
  • Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Дреново, Росоман, Велес, Куманово

Цената НЕ вклучува:

  • Задолжително патничко осигурување

Факултативните излети:

  • Крстарење по Босфорот и посета на Вселенската патријаршија – 20 евра
  • Ноќен Истанбул со посета на Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција) – 20 евра
  • Топкапи палатата со лиценциран водич –20 евра
  • Долмабахче палата со лиценциран водич – 25 евра
  • Принцески острови – 20 евра
  • Туркуазу Аквариум со влезница – 15 евр

Доплата и попусти:

  • За сингл соба се доплатуваат 35 евра дополнително од аранжманот
  • Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Деца од 3 до 12 години плаќаат 50 евра

СЛИКИ:

ПАКЕТ ФАКУЛТАТИВИ:

1. SILVER – 45 евра

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган), Видиковецот Чамлиџа, Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
– Посета на трговски центар Форум Истанбул
– Посета на аутлет Виа Порт Венеција

2. GOLD – 55 евра

– Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган) која се наоѓа на брдото Чамлиџа,
Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
– Посета на трговски центар Форум Истанбул

3. PREMIUM – 100евра

– Топкапи палатата со влезница и водич
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган) која се наоѓа на брдото Чамлиџа,
– Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
– Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
– Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Галата Кулата и Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
– Долмабахче палатата со влезница и водич
– Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
– Посета на трговски центар Форум Истанбул

4. ВИП – 120 евра

Топкапи палатата со влезница и водич
Посети ја Азија: Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул:
– Посета на најголемата џамија во Турција (Ердоган), Видиковецот Чамлиџа, Ускудар (Моминска кула)
– одмор во населбата Кадикој во Азија
-Крстарење по Босфорот со посета на Вселенската патријаршија (по желба)
Највисоката зграда во Истанбул со 64 ката, Сафир Сехир Тераси со Таксим (вклучена влезница за 4Д проекција)
-Долмабахче палатата со влезница и водич
-Пешачка тура низ историскиот дел на Истанбул со Капали Чаршија, Сулејмание џамија (каде се погребани Султан Сулејман и Хурем), Хиподромот, Аја Софија, Топ Капи, Сина Џамија
-Принцески острови
-Туркуазу Аквариум
-Посета на трговски центар Форум Истанбул
-Посета на атлет Виа Порт Венеција

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото во случај на промена на цената на превозот, хотелот, недоволен број на пријавени патници и слично, да ја измени цената на аранжманот или пак да го откаже во целост аранжманот на 5 дена пред поаѓање.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми) за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета, државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети и сл.
  • Релациите кои се наведени како ТРАНСФЕР се реализираат со патнички возила или комбе.
  • Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • 2 дена пред започнување на аранжманот Агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање.
  • Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата. Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10€ по лице (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот).
  • Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
  • Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
  • Хотелот се одредува на неколку дена пред тргнувањето во зависност од бројката на патници

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ