You are currently viewing Hotel Regina Blu 5*, Валона – Велигден 2021 – 3 ноќевања

Hotel Regina Blu 5* – Велигден 2021 – 3 ноќевања

Regina Blu се наоѓа на една од најубавите плажи, долж јужниот брег на Албанија, со сите погодности што се неопходни за да го направат Вашиот престој пријатен и незаборавен. Со оглед на локацијата со поглед на Јонско Море, хотелското сместување има своја приватна плажа на само неколку метри оддалеченост. Гостите може да уживаат на нивните панорамнски балкони или на голема тераса опремена со лежалки, чадори и базен. Хотелот Регина нуди вкупно 50 соби – eднокреветни, двокреветни и трокреветни соби. Сите тие имаат сопствена бања со туш, клима уред, фрижидер, греење и ТВ. Хотелот нуди бар ресторан со локални и морски специјалитети. Персоналот е љубезен и спремен да Ви помогне при секоја потреба. Во самиот ресторан на хотелот се служи албанска и италијанска храна придружени со квалитетни вина. Исто така, постои и коктел бар и продавница за подароци. Интернет во самиот хотел како и во собите не се наплаќа.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ –  179 евра по лице

Бесплатен трансфер од Битола, Ресен и Охрид

ПРОГРАМА:

1 ден – Четврток (29.04.2021) Состанок на групата на Дрводекор во вечерните часови. Ноќно возење преку граничниот премин Ќафасан со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден – Петок (30.04.2021) Пристигнување во хотелот во пладневните часови. Сместување во собите. (доколку се сите спремни, доколку не check in во 14:00ч) Слободно индивидуално време за одмор. Вечера. Ноќевање.
3 ден – Сабота (01.05.2021) Појадок. Слободен ден за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
4 ден – Недела (02.05.2021) Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.
5 ден – Понеделник (03.05.2021) Одјавување од хотелот во утринските часови. Во договореното време групата тргнува кон Македонија.  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • 3 ноќевања во Hotel Regina Blu 5* на услуга полупансион.
  • Превоз со високотуристички автобус
  • Лиценциран пратител во текот на целото патување
  • Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената не е вклучено:

  • Патничко сигурување
  • Доплата за Sea View 10 евра од ноќевање.
  • Туристичка такса 1 евро од ноќевање (се плаќа во автобус)

Важни напомени:

  • Цена за со сопствен превоз -20 евра
  • За single соба се доплаќа 70% дополнително од аранжманот
  • Трет возрасен -10% попуст
  • Деца до 2г бесплатно (не користат седиште)
  • Деца од 2 до 4г плаќаат 40 евра
  • Деца од 4 до 12г со 2 возрасни -50% попуст

СЛИКИ : 

Напомена:

  • Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби валидни за најмалку 2 лица во соба.
  • За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
  • За влез во Албанија не е потребен PCR тест, ниту тест за антитела.
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 30 патници.
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
  • За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 15 патници.
  • За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
  • Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 5 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
  • За ова патување важат Општите Услови за Патување на С-Tравел.