You are currently viewing ВЕВЧАНИ

Едно од најстарите и најавтентични села во струшкиот регион, сместено во пазувите на Јабланица, опкружено со густа шума и природни извори. Се верува дека името на селото доаѓа од старословенскиот збор “Вес” што значи село а името Вевчани се сменило низ историјата.

Свети Никола e главна селска црква во селото Вевчани, а воедно и парохиски храм на Вевчанската парохија. Црквата Свети Никола е изградена на висок (доминантен) рид и се разликува од другите цркви во целата област, бидејќи е изградена под земја, за да не се издига над џамиите. Црквата има интересна локална архитектура и прекрасен ентериер, насликани од Аврам Дичов, син на најпознатиот зограф на Балканот од 19 век – Дичо Зограф.

Познатите Вевчански извори се наоѓаат во источните падини на планинскиот масив Јабланица кој проаѓа низ самото село Вевчани на надморска висина од 900метри. Најголемиот извор се наоѓа на влезот во една од многуте пештери во регионот, каде под најголемиот извор се спојуваат десет помали извори. Додека ги истражувате изворите по патот ќе ги забележите и параклисите Света Среда, Света Недела и црквата на Свети Јован Крстител.