ХОТЕЛ ВИКТОРИАН – ПОПОВА ШАПКА
Victorian Heights се наоѓа на падините на Шар планина. Поточно на 1км пред скијачкиотт центар Попова Шапка .
VIctorian heights Во своите простории располага со сопствен ресторант кој располага со 120 седишта и отворена панорамска тераса со капацитет 300 гости.
Горниот кат располага со дневен престој кој е во опслужување на 5те соби поставени околу него.
Секоја соба располага со сопствено тоалет.
Собите се со различен капацитет од 2 легла до 8 легла во зависност од потребите на клиентите.
Целиот објект е покриен со безжичен интернет.
Во функција на објектот е и бесплатен паркинг простор за сите сместени посетители и бесплатно комбе кое тргнува од истиот паркиг до ски стазите.
Работно време на хотелот е од 8 часот до 23 часот секој работен ден.
За време на настани и празници работно време до 01 часот
Прием на гости за смествање во хотелот е од 12 часот и одјавување во 10часот
За домашни миленичиња е потребно најавуање за добивање согласнот.
Иако сме пријателски расположени кон домашните миленици.
Цената е по лице на ден | Ноќевање со појадок | Полупансион | Полн пансион |
1/2 , 1/4, 1/6 | 1.800 денари | 2.000 денари | 2.200 денари |
Цената е по лице на ден
Цената вклучува:
- Појадок/полупансион или полн пансион- цени се без пијалок . ( исклучок е за време на доручек кога следува: кафе , чај, сок , млеко , јогурт )
- Интернет
- Паркинг
- превоз на гостите од хотел Викторијан до ски терените и назад.
Цената НЕ вклучува:
- Превоз
- Индивидуални трошоци
- Туристичка такса – 40 ден по лице на ден (се плаќа во агенција )
Доплата и попусти:
- Деца до 5.99 год. со 2 возрасни – бесплатно
- Деца од 6-11.99 год. на доп.легло – 50% попуст
- Над 12 години се плаќа цела сума
УСЛОВИ:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ