You are currently viewing Виена – Нова Година 2022

Виена – Нова Година 2022

ТЕРМИН:

  • 30.12.2021-03.01.2022

ПРОГРАМА:

1 ДЕН (30.12.’21 – четврток) : БИТОЛА 

Состанок на групата на паркингот пред спортската сала „Младост“ во 12.00 часот. Поаѓање за Австрија во 12.30 часот…патот води преку Скопје, Ниш, Белград, Будимпешта…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори.

2 ДЕН (31.12.’21 – петок) : ВИЕНА 

Пристигнување во Виена во утринските часови…разглед на градот со стручен водич…Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив, Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…прошетка низ зимската резиденција на Хабзбурговците – дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)…сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за одмор и припрема за дочек на најлудата ноќ…околу 20.00 часот – заминување за центарот на Виена…новогодишната еуфорија се чувствува несекаде, а градот е магично украсен воочи најлудата ноќ…СРЕЌНА НОВА 2022.ГОДИНА!!! Собир на групата околу 01.00 часот. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ДЕН (01.01.’22 – сабота) ВИЕНА 

Појадок. По појадокот – факултативна посета на Шенбрун – еден од најубавите барокни дворци на светот, летната резиденција на Хабзбурговците…прошетајте низ просториите и прекрасните градини, почувствувајте ја атмосферата во која уживале Моцарт, Гете, Франц Јозеф, Марија Антоанета, Наполеон…посета и разглед на Божиќниот базар кој се наоѓа во дворот од дворецот…следи посетата (факултативно) на Дунавската кула – висока 252 м. (терасата се наоѓа на 150 м. висина), од каде се пружа спектакуларен поглед на цел град, ракавците на Дунав, се до Словачка…слободно време за индивидуален разглед на градот…враќање во хотел во вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН (02.01.’22 – недела) : ВИЕНА 

Појадок. По појадокот, одјавување од хотелот и заминување за PARNDORF OUTLET CENTER – еден од најголемите шопинг центри во Централна Европа…патувањето продолжува за Македонија, патот води преку Будимпешта (можност за организирање на ноќно крстарење со брод по Дунав – факултативно), Белград, Ниш…денско и ноќно патување, со кратки попатни одмори…

5 ДЕН (03.01.’22 – понеделник) БИТОЛА 

Пристигнување во Битола во утринските часови.

ЦЕНА:

8.000,00 ден. (129 €) – FLASH SALE ЦЕНА (за уплати до 27.11.’21)!!!

9.240,00 ден. (149 €) РЕДОВНА ЦЕНА

Цената вклучува:

  • Автобуски превоз на горенаведената релација; 
  • Разглед на Виена со стручен водич; 
  • 2 НП во хотел со 3* во Виена (околина);
  • Посета на PARNDORF OUTLET CENTER;
  • ТРАНСФЕР на патници БЕЗ НАДОКНАДА од Струга, Охрид, Ресен, Кичево, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје и Куманово;
  • Организација, водство и реализација на аранжманот;

Цената НЕ вклучува:

  • Факултативните излети и посети; 
  • Влезниците при посета на културно-историските споменици;
  • Патничкото осигурување;

Факултативи:

  • Замокот Шенбрун – 30 € по лице – (трансфер+влезница+водич – препорака);
  • Дунавската кула – 20 € по лице (трансфер+влезница+водич – препорака);
  • Крстарењето со брод по Дунав (Будимпешта) : 15 € по лице;
    *НАПОМЕНА : За изведување на факултативата, потребен е минимум од 30 патници.

Доплата и попусти:

  • Доплата за еднокреветна 1/1 соба : 1.860,00 ден. (30 €)

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници!!!
  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Патувањето се одвива според новите пропишани протоколи за работа со туристички групи. За ова патување потребно е да поседувате COVID докумeнти и тоа : ДОКАЗ ЗА ВАКЦИНАЦИЈА (минимум 2 дози) ИЛИ ДОКАЗ за ПРЕЛЕЖАН COVID 19 (со дата не постара од 02.07.2021). 
  • Патниците се должни во секое време да внимаваат на својата и безбедноста на сите во групата, како и да ги почитуваат дадените насоки и препораки за однесување во автобус од страна на организаторот.
  • Доколку дојде до „виша сила“ и нереализaција на патувањето (поради новонастанати ситуации кои агенцијата не можела да ги предвиди), уплатените средства ќе бидат вратени на клиентот.
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • ВАЖНО : Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ (Унгарија-Австрија) или Србија.
  • Патниците се должни самите да внимаваат на валидноста на нивните пасоши. За влез во ЕУ, пасошот треба да важи минимум 3 месеци од денот на завршување на аранжманот, во спротивно можно е патникот да не биде пуштен на територијата на ЕУ. Агенцијата не сноси одговорност доколку настане проблем на самата граница и не е во обврска да рефундира средства од аранжманот, ниту да обезбедува повратен превоз до Македонија.
  • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
  • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Хотелот од оваа понуда е регистриран, прегледан и стандардизиран од страна на Националната туристичка асоцијација на земјата, така да описот на хотелот е информативен и превземен од веб страницата на истиот. За евентуална отстапка од квалитетот на услугата, организаторот не сноси одговорност, бидејќи тоа зависи исклучиво од хотелот.
  • За разни информации дадени по усмен пат, агенцијата не сноси одговорност.
  • Aгенцијата има право да го откаже патувањето, најдоцна до 5 дена пред терминот на тргнување.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ