Вила Адонис – Неи Пори 2024
ОПИС:
НЕИ ПОРИ – едно од најурбанизираните места во Пиериа, идеално за фамилијарен одмор. Основни карактеристики на Неи Пори се долга и широка песочна плажа, паркови и зеленило, широки улици, ресторани и кафетерии покрај плажа, луна парк и картинг патека.
Вила АДОНИС (А-кат) се наоѓа во вториот дел на местото, на околу 200 метри од плажа. Сите соби се опремени со кујна, ТВЦ, ТВ и тераса. Користењето на WI-FI е бесплатно.
Климата е со доплата од 5 € на ден.
СПЕЦИФИКАЦИЈА НА СОБИТЕ (студиата/апартманите) :
- ДВОКРЕВЕТНО (1/2) СТУДИО : 2 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (северозапад) и клима.
- ТРИКРЕВЕТНО (1/3) СТУДИО : 3 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (северозапад) и клима.
- ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН (1/4) АПАРТМАН : 4 единечни кревети (2 во спална соба + 2 во собата каде се наоѓа кујната), комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (југ) и клима.
GPS : 39.974856, 22.652908
ПОПУСТИ:
– 20% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 31.12.2023
– 10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 28.02.2024
ЦЕНОВНИК:
Вила „АДОНИС“ – 200 м. од плажа | |||||
ТЕРМИН : | НОЌИ | 1/2 СТУДИО | 1/3 СТУДИО | 1/4 АПТ | коментар |
25.05.-01.06. | 7 | 89 € | 99 € | 109 € | ПРОМО |
01.06.-08.06. | 7 | 129 € | 149 € | 169 € | ПРОМО |
08.06.-15.06. | 7 | 169 € | 189 € | 209 € | ПРОМО |
15.06.-22.06. | 7 | 209 € | 229 € | 249 € | |
22.06.-29.06. | 7 | 249 € | 269 € | 289 € | |
29.06.-06.07. | 7 | 279 € | 299 € | 319 € | |
06.07.-13.07. | 7 | 309 € | 329 € | 349 € | |
13.07.-20.07. | 7 | 329 € | 349 € | 369 € | |
20.07.-27.07. | 7 | 349 € | 369 € | 399 € | |
27.07.-03.08. | 7 | 349 € | 369 € | 399 € | |
03.08.-10.08. | 7 | 349 € | 369 € | 399 € | |
10.08.-17.08. | 7 | 349 € | 369 € | 399 € | |
17.08.-24.08. | 7 | 349 € | 369 € | 399 € | |
24.08.-31.08. | 7 | 309 € | 329 € | 349 € | |
31.08.-07.09. | 7 | 249 € | 269 € | 299 € | |
07.09.-14.09. | 7 | 209 € | 229 € | 249 € | |
14.09.-21.09. | 7 | 169 € | 189 € | 209 € | ПРОМО |
21.09.-28.09. | 7 | 119 € | 129 € | 149 € | ПРОМО |
- Цените се дадени по студиоза 7 ноќевања во евра, плаќањето е во денарска противвредност (1 € = 62.00 МКД). На промо цените не следува попуст.
СПЕЦИФИКАЦИЈА НА СОБИТЕ (студиата/апартманите) :
- ДВОКРЕВЕТНО (1/2) СТУДИО : 2 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (северозапад) и клима.
- ТРИКРЕВЕТНО (1/3) СТУДИО : 3 единечни кревети, комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (северозапад) и клима.
- ЧЕТИРИКРЕВЕТЕН (1/4) АПАРТМАН : 4 единечни кревети (2 во спална соба + 2 во собата каде се наоѓа кујната), комплетна кујна, ТВЦ, ТВ, тераса (југ) и клима.
НАПОМЕНА :
– Клима уредот е со доплата од 5 € на ден.
– Аранжманите кои се во рамките на ПРОМО понудите не подлежат на промена и не е можна рефундација на средствата.
– Туристичката такса од 0,5 € на ден – по соба се плаќа на лице место
Во цената е вклучено:
- 7 ноќевања за наем на соба
- Интернет (за јачината на истиот агенцијата не гарантира и не одговара)
- Клима
Во цената не е вклучено:
- Превоз
- Патничко осигурување
- Туристичка такса: 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
ПРЕВОЗ
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до ПИЕРИА секоја САБОТА:
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Скопје за Пиериа | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04:00 | 45 € |
Велес – БП мотел Македонија | 04:30 | 45 € |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03:40 | 60 € |
Неготино – бензинска, Неготино | 05:00 | 45 € |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06:00 | 45 € |
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно
Цена по ЛИЦЕ за ПРЕВОЗ од Битола за Пиериа | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04:00 | 40 € |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03:15 | 40 € |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02:15 | 50 € |
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола | 02:45 | 55 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02:30 | 50 € |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03:15 | 50 € |
Деца од 2 до 11,99 години: попуст -10 € од редовната цена
Деца до 1,99 години бесплатно
ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
14;00 | 13;00 | Лептокарија |
Релациите кои се наведени како (трансфер во МКД) се реализираат со патнички возила или комбe
С-ТРАВЕЛ го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50 или 70%
Услови:
- Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
- Комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
- Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
Отказ на резервации:
- За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Останати услови и попусти:
- Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.
- За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин,
- Попустите не може да се комбинираат,
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.