Вила Баба и Деде – Галичник

Вила Баба и Деде – Галичник

ОПИС:

Според зборовите на познатиот сликар Нове Франговски, ако Охрид е бисерот на Македонија, тогаш Галичник е дијамантот! Со своите восхитувачки пејсажи, природна убавина и богато културно наследство се вбројува меѓу најатрактивните дестинации во Македонија. Тука можете вистински да се препуштите на природата, да се напиете кристално чиста изворска вода од десетиците чешми, да посетите дел од црквите и музеите и да се запознаете со традицијата или да уживате во неверојатните галички специјалитети. Веруваме дека особен впечаток ќе ви остави и автентичната архитектура, а додека сте таму, можете да ги посетите и куќите во кои дел од животот поминале познати преродбеници како Ѓорѓија Пулевски, Партенија Зографски, Панајот Гиноски и др.

Кај „Баба и Деде“ нудат комплетно нови двокреветни и трокреветни соби за сместување, опремени со Wi-Fi. Апартманите се сместени на 80м од ресторанот, каде се служи доручекот како и други специјалитети по ваше барање. Во ресторанот можете да ги вкусите специјалитетите од овој крај, како надалеку познатото Галичко сирење, бакрдан, комат како и други Мијачки специјалитети. Нудиме bike rental заедно со кациги како и обучен водич во планина за mountain biking/cycling/hiking тури во секое време стои на располагање.

ЦЕНОВНИК:

990 МКД ПО ЛИЦЕ

Цената вклучува:

  • Ноќевање со појадок по лице на ден

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Индивидуални трошоци
  • Bike rental
  • Водич за mountain biking/cycling/hiking тури

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ