вила Дајмонд – Ксамил 2025
ВИЛА ДАЈМОНД 3* КСАМИЛ – Вилата се наоѓа на околу 100 метри од плажите Lori и Paradise Beach, или на околу 2 минути пешачење до истите.
Вилата располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студиа и апартмани за 4 лица со комплетно опремена кујна, фрижидер, шпорет без рерна, тоалет, клима уред (вклучено во цената), интернет – бесплатно, балкони со масичка, столчиња и тенда, комарници во секоја соба, сушари на балконите, крпи и паркинг (без доплата) – со претходна резервација и најава во агенција. На секој кат ќе биде поставена и даска за пеглање на алишта. Дел од собите имаат директен поглед према море. Вилата има прекрасно уреден двор и АТМ – Банкомат достапен на користење. Гостите ќе бидат сместени во исчистени соби a во текот на престојот гостите самите се грижат за хигиената на студијата.
ВАЖНО ЗА СЕЗОНА 2025 – ДЕЛ ОД ПЛАЖИТЕ околу вилата ќе бидат PUBLIC – Што значи гостите сами ќе можат да си поставуваат лежалки и чадори без изнајмување.
Ценовник:
20% попуст за резервација со целосна уплата до 31.01.2025
15% попуст за резервација до 31.01.2025 и целосна уплата до 28.02.2025
10% попуст за резервација до 28.02.2025 и целосна уплата до 31.03.2025
5% попуст за резервација до 30.04.2025 и целосна уплата до 30.05.2025
ПОПУСТИТЕ ЌЕ ВАЖАТ САМО ЗА ТЕРМИНИ ДО 12.07.2025
ВИЛА ДАЈМОНД |
|||||
Термин | Ноќевања | 1/2 СТУДИО | 1/3 СТУДИО | 1/4 СТУДИО | 1/4 АПАРТМАН |
31.05 – 07.06 | 7 | 89€ | 99€ | 109€ | 129€ |
07.06 – 14.06 | 7 | 149€ | 159€ | 179€ | 159€ |
14.06 – 21.06 | 7 | 229€ | 239€ | 259€ | 199€ |
21.06 – 28.06 | 7 | 269€ | 279€ | 289€ | 319€ |
28.06 – 05.07 | 7 | 339€ | 349€ | 359€ | 389€ |
05.07 – 12.07 | 7 | 379€ | 389€ | 399€ | 429€ |
12.07 – 19.07 | 7 | 399€ | 419€ | 429€ | 449€ |
19.07 – 26.07 | 7 | 399€ | 419€ | 429€ | 449€ |
26.07 – 02.08 | 7 | 399€ | 419€ | 429€ | 449€ |
02.08 – 09.08 | 7 | 399€ | 419€ | 429€ | 449€ |
09.08 – 16.08 | 7 | 399€ | 419€ | 429€ | 449€ |
16.08 – 23.08 | 7 | 379€ | 389€ | 399€ | 419€ |
23.08 – 30.08 | 7 | 339€ | 349€ | 359€ | 389€ |
30.08 – 06.09 | 7 | 269€ | 279€ | 289€ | 309€ |
06.09 – 13.09 | 7 | 199€ | 219€ | 239€ | 259€ |
13.09 – 20.09 | 7 | 109€ | 129€ | 149€ | 159€ |
20.09 – 27.09 | 7 | 99€ | 109€ | 119€ | 149€ |
УПЛАТА ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА 50% ОД ВКУПНАТА СУМА И ДОПЛАТА ДО ОДРЕДЕНИОТ ДАТУМ
Во цената е вклучено:
- Наем на студио / апартман за 7 ноќевања
- Интернет
- Клима
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- Автобуски превоз
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Ксамил преку Грција:
- Скопје (Дрводекор) –Трансфер – 65€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер – 80€ по лице
- Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) -Трансфер – 65€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Ксамил преку Грција:
- Битола (Транскоп) – 55€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) – 55€ по лице
- Струга (Хотел Дрим)- Трансфер до Битола – 60€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола -60€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола -60€ по лице
- Деца од 2-11,99год: -10еур од цената на возрасен
Време на поаѓање за АЛБАНИЈА:
- Скопје (Дрводекор) – трансфер – 00:00 часот
- Велес (Мотел Македонија) трансфер – 00:45 часот
- Штип (Нова Пошта ) трансфер – 00:00 часот
- Дреново (бензиска пумпа) трансфер – ден претходно 01:30 часот
- Прилеп ( Бензиска пумпа Лук Оил На излезот за Скопје) – 02:20 часот
- Битола– (Спортска сала) 03:00 часот
- Ресен (спроти автобуска станица) Ресен 02:00 часот
- Охрид– (бензиска Пумпа Лук Оил наизлезот кон Битола) 01:30 часот
- Струга – (Нептун – кружен тек) 01:15 часот
ПОАЃАЊЕ ОД АЛБАНИЈА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО 13 ЧАСОТ
Напомени:
- НЕМА МОЖНОСТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНО ЛЕГЛО ВО СТУДИЈАТА!
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот;
- Деца до 5.99 години дозволено да спие со родител на еден кревет;
- Климата е вклучена во цената;
- Собите се превземаат во 13:00 часот, а се напуштаат во 09:00 часот по локално време;
- За хигиената на собите се грижат гостите;
Попусти:
- За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин;
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
Плаќање:
- Плаќањето е во денари по курс 1 евро – 62мкд;
- Уплата при резервација 30% од вкупната сума, доплатата минимум 10 дена пред поаѓање;
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Отказ на резервации:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.