Вила Ексклузив – Сутоморе

Вила Ексклузив – Сутоморе

ОПИС:

Локација: Вила Екслузив се наоѓа во населба Сутоморе помеѓу Бар и Чањ во еден од најубавите делови од Јадранското крајбрежје. Со својата долга песочна плажа, прекрасното сино море, како и многубројните ресторани, кафе баровите, дискотеките, забавните пaркови за деца и другите објекти за забава е омилена туристичка дестинација и нуди можност за незаборавен одмор. Сместувањето е во центарот на градот на само 250м од плажа.

Соби: Располага со двокреветни и со трокреветни соби опремени со клима (вклучена во цената), ТВ, тоалет, фрижидер и тераса. На секој кат во вилата има заедничка кујна опремена со основен прибор.

Услуга: Полнпансион

Плажа: 250 метри од плажата.

ЦЕНОВНИК: 

14.06-23.06.2021 200
23.06-02.07.2021 220
02.07-11.07.2021 250
11.07-20.07.2021 280
20.07-29.07.2021 280
29.07-07.08.2021 280
07.08-16.08.2021 280
16.08-25.08.2021 260
25.08-03.09.2021 250
03.09-12.09.2021 220
  • Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ!!!

Цената вклучува:

  • 9 ноќевања на база полнпансион
  • Превоз

Цената НЕ вклучува:

  • Индивидуални трошоци
  • Tуристичка такса 1 евро на ден по лице која се плаќа на лице место

Доплати и попусти:

  • Прво дете до 12 год. ПОПУСТ   од 50 % од цената на аранжманот.
  • Второ  дете до 12 год. – ГРАТИС (доплата за превоз 40 евра/не користи кревет).
  • Попуст за трето возрасно лице и дете над 12год – 20% попуст
  • Дете до  5 год. кое не користи кревет – ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра).
  • Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
  • Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.

Поаѓање за Црна Гора

  • Скопје (Дрво Декор) – 05.00часот

СЛИКИ:  

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

  • за отказ на резервација важат опшите услови , односно:
  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патувањена организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ