You are currently viewing  Вила Елени– Никити 2023

Никити се наоѓа на северниот дел на полуостровот Ситонија помеѓу Метаморфозис и Неос Мармарас и ги разделува двата полуострови Касандра и Ситонија. Во последните неколку години ова е едно од најбараните туристички места на Халкидики. Има долга песочна плажа и кристално чиста морска вода, а на прекрасно уреденото шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат изобилство кафе барови, ресторани и таверни.

 ВИЛА ЕЛЕНИ – НИКИТИ
ПОПУСТ  – 13%  за комплетни уплати до 28.03.2023

Вила Елени е лоцирана во прекрасното гратче Никити, на 200м од плажа, во мирниот дел на градот. Од центарот е оддалечена 500м, односно од прекрасното уредено шеталиште покрај градската плажа се наоѓаат многубројни продавнички, таверни и кафулиња. Во населбата Никити има три големи супермаркети: (Lidl, Masutis и Marinopoulos), мини маркети, месари, пекари, слатарници, лекар, аптека.
Објектот располага со 18 сместувачки студија, распоредени на прв и втор спрат 10 трокреветни и 8 четворокреветни студија.Секое од студијата е опремено со мини кујна со фрижидер, решо и прибор, тоалет, балкон со маси и столици, ТВ, клима вклучена во цената , WI – FI интернет. За гостите кои патуваат со свое возило, вилата располага со свој приватен паркинг. Вилата Елени е добар избор за фамилијарен одмор поради приватноста на самата куќа но може да ја препорачаме  и за млади гости.

 ЦЕНИТЕ во табелата се за наем на студио / 7 ноќевања

ТЕРМИН НАЕМ 1/3 стд 1/4 стд
21.05 7 ноќи 170 180
28.05 7 ноќи 200 220
04.06 7 ноќи 260 290
11.06 7 ноќи 340 370
18.06 7 ноќи 400 430
25.06 7 ноќи 430 460
02.07 7 ноќи 460 490
09.07 7 ноќи 490 520
16.07 7 ноќи 540 570
23.07 7 ноќи 540 570
30.07 7 ноќи 540 570
06.08 7 ноќи 540 570
13.08 7 ноќи 540 570 €
20.08 7 ноќи 490 520
27.08 7 ноќи 450 480
03.09 7 ноќи 340 370
10.09 7 ноќи 260 290
17.09 7 ноќи 200 220
24.09 7 ноќи 170 180

 НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио за 7 ноќевања.
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во агенција.
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.
  • Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот  е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз(Скопје):

  • Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€
  • деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Услови:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта или пасош.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање за резервации направи по редовна цена.
  • Комплетна доплата до 01.06.2023 за резервации направи по промотивна цена.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
  • Можност за плаќање од 6-12 рати преку СН кредити.
  • Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус.
  • При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената. По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
  • Во случај на причинета штета за време на престојот, корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата).
  • Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
  • Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Пруговори и поплаки:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм. 

Важат Општите услови на СКТМ и ТА С-ТРАВЕЛ