Вила Филоксенија – Врахос 2025
ОПИС:
ВИЛА ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа во крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел. На 50 метри од плажа, со прекрасен двор, природни сенки од маслинови дрвја и лулашки за деца. Вилата има сопствен паркинг и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со трокреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, фрижидер, ТВ и Wi-Fi, клима (со доплата 7евра на ден ), пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот (зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно.
Студио бр.4 и бр.5 двокреветно студио со 3 единечни кревети на високо приземје
Апартмнан бр.3, бр.4 и бр.5 четворокреветни апартман на 1 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.
Апартман бр.1 и бр.2 четворокреветни апартман на 2 кат, со две простории, спална со брачен кревет и излез на балкон, кујна со 2 единечни кревети.
ВАЖНA НАПОМЕНА: За хигиената на студиата се грижат самите гостии. По завршувањето на Вашето летување должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место. Студијата не поседуваат крпи, тоалетна хартија, средства за хигиенаи, паркинг. За брзината на интернетот не гарантира агенцијата.
Check in: 14:00h. локално време
Check out: 09:00h. локално време
ЛОКАЦИЈА: GPS 39°10’11.5″N 20°33’14.4″E
ЦЕНОВНИК:
-9% ПОПУСТ на цените во табелата за резервации во период од 22.01.2025 до 28.02.2025
(минимум уплата од 50% и доплата до 28.03.2025)
Термин | Ноќи | 1/3 СТД | 1/4 АПП |
31.05 | 7 | 240 € | 290 € |
07.06 | 7 | 280 € | 320 € |
14.06 | 7 | 340 € | 400 € |
21.06 | 7 | 390 € | 460 € |
28.06 | 9 | 490 € | 590 € |
07.07 | 9 | 590 € | 690 € |
16.07 | 9 | 590 € | 790 € |
25.07 | 9 | 590 € | 790 € |
03.08 | 9 | 590 € | 790 € |
12.08 | 9 | 590 € | 790 € |
21.08 | 9 | 550 € | 710 € |
30.08 | 7 | 400 € | 520 € |
06.09 | 7 | 350 € | 450 € |
13.09 | 7 | 290 € | 350 € |
20.09 | 7 | 250 € | 300 € |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
НАПОМЕНИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ (7 или 9 ноќи) НА СТУДИО / АПАРТМАН, согласно бројот на кревети.
- Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со родител.
- Термините во табелата се денови на започнување на аражманот. Поаѓањето е на денот објавен во табелата, состанок на група во 01.00 часот, поаѓање во 01.30 часот на паркингот спроти поранешен хотел Бристол. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минмум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
- За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи на редовните цени.
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 7 дена пред поаѓање.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставник на агенција или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 2 евра на ден по студио/апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, Магелан НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- При отказ на резрвација од страна на клиентот, од било каква причина, ќе бидат задржани манипулативни трошоци во фиксен износ од 620 денари.
- Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените и на самата агенција и поради кои НЕ можаe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.
ПРЕВОЗ:
Доплата за превоз:
- Превоз за возрасен 70 евра / Еден правец 50 евра
- деца до 12години 50 евра / Еден правец 35 евра
- Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
Oрганизиран превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусите..
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.