Вила Gyalos Beach има одлична локација во Неос Мармарас на вториот крак.
На само 50м од најубавата плажа на Неос Мармарас, кај фудбалското игралиште.
Од содржини располага со двор, веранда и скара, нема свој паркинг, гостите ги оставаат својте возила пред самиот објект.
Има вкупно 7 студија од кои: 5 модерно опремени двокреветни (4 со директен поглед кон море и 1 со директен поглед кон планина и странично кон море обележан во ценовникот со SSV) и 2 четворокреветни студија на приземје.
Сите се опремени со соодветен мебел, клима (доплата 5 евра од ден за користење директно на сопственикот), безжичен интернет, телевизор, комарник, тоалет, балкон/тераса, мини кујна, мала и голема крпа/пешкир по лице.
Вилата е одличен избор за фамилии и парови кој сакаат да се блиску до одлична плажа и градски содржини во модерно опремени соби.
Неос Мармарас е едно од најпознатите туристички места на Халкидики. Остатоците од византискиот период значително се забележуваат во Мармарас што дава денешен белег на популарна туристичка дестинација. Во текот на шеесетите години на минатиот век изграден во непосредна близина на Неас Мармарис е хотелот Порто Карас во кој одржуваат многу познати свечености и е посетуван од многу туристи од цел свет.
-20% за резервации со комплетни уплати до 31.12.2023
-10% за резервации со комплетни уплати до 15.04.2024
-7% за резервации со комплетни уплати до 15.05.2024
Цените се за наем на студио без превоз за 8 дена 7 ноќевања
период | STD 1/2 SSV | STD 1/2 SV | STD 1/2+2 GF |
19.05 | 199 | 219 | 239 |
26.05 | 255 | 275 | 295 |
02.06 | 280 | 300 | 320 |
09.06 | 340 | 360 | 380 |
16.06 | 379 | 399 | 416 |
23.06 | 425 | 445 | 465 |
30.06 | 478 | 498 | 518 |
07.07 | 548 | 568 | 588 |
14.07 | 558 | 578 | 598 |
21.07 | 558 | 578 | 598 |
28.07 | 578 | 598 | 618 |
04.08 | 578 | 598 | 618 |
11.08 | 558 | 578 | 598 |
18.08 | 548 | 568 | 588 |
25.08 | 458 | 478 | 498 |
01.09 | 369 | 389 | 409 |
08.09 | 339 | 359 | 379 |
15.09 | 309 | 329 | 349 |
22.09 | 179 | 199 | 219 |
Цени во € се плаќа во денари 1€ = 62 денари
Локација/ Кординати: 40.091626, 23.790781
Во цената Е вклучено:
- 7 ноќевања
- Безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
- Автобуски превоз (доплата за организиран превоз)
- Клима уред ( доплата 5€ на ден)
- Патничко осигурување
- Задолжителна туристичка такса 0,50 € по соба на ден (се плаќа во агенција)
Превоз:
45 € за возрасни – повратна карта
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец
35 € за деца до 12 години – повратна карта;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
Вие сте должни да сте на договореното место и час, со Вашите документи и Вашиот багаж
Важни информации:
- Сите Ваши лични податоци кои се внесуваат во системот за резервирање се користат само и единствено за потребите на резервацијата-договорот, дадените податоците од вас мора да се точни како во пасошот.
Агенцијата не сноси одговорност за неточно потполнети обрзаци за резервација од страна-изјава на клиентот.
Неправилното пополнување на податоците (име, презиме, дата на раѓање, адреса) може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. - Цената на аранжманот зависи од квалитетот, категоријата и локацијата на објектот.
Категоријата на објектите/хотелите се определува според законодавните одредби и критериуми на соодветната држава.
Доколку вие барате посебни потреби (а не се во договорот со агенцијата) од страна на објектот/хотелот и ако ви ги потврдат на лице место и ако таквите дополнителни потреби изискуваат дополнително плаќање истото го плаќа клинетот на лице место за време на престојот во објектот/хотелот.
Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга. - Категоријата на објектите/хотелите е определена според законите на државата на која се однесува резервацијата.
Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници за презентација или сликани од нас. Сликите на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат информации за сместувачките единици. Секојдневно се обидуваме да ги ажурираме овие информации, но не гарантираме дека тие се целосни, ажурирани или не содржат грешки.
Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица.
Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица. - Цените и достапните понуди се валидни во овој момент!
- Сместувачките капацитети првиот ден се превземаат по 14:00-15;00 часот,
Последниот ден напуштање на собата е 09:00-12;00 часот наутро.
Превземањето и напуштањето на собите е во зависност од политиката на секој објект.
Патниците се должни да ја одржуваат хигиената за време на престојот - Димензиите на креветите во апартмани и студија во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард за нормален кревет е 75-80 см x 185-190 см, брачен кревет (француски) 145-155 см со 180-190 см. - Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата.
Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето.
Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. - Агенцијата не сноси одговорност за неточно дадени информации за резервацијата од страна на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за односот на граничните и царинарски служби, авиокомпании, автобуски и железнички транспортни компании и не ги обесштетува туристите, независно дали поради тоа туристите пропуштиле дел од услугата или целата услуга.
Неправилното пополнување на името може да доведе пограничните служби да не ви дозволат влез во соодветната земја и да ви се откаже престојот. Агенцијата не ги компензира туристите за трошоци направени надвор од платената услуга.
Агенцијата не сноси одговорност пред туристот за неиздавање на виза кога тоа се бара. При поднесување на редовни документи и неиздавање на виза на туристот платените суми не се враќаат. При неиздавање на виза поради поднесување на непотполни или неточни документи, предходни криминални дејствија на туристот во соодветната земја, незапазување на роковите за поднесување на документите, како и не пријавување на интервју во конзуларните служби каде тоа се бара, услугата се поништува и се задржуваат пенали.
При штети кои што се нанесуваат во објектите/хотелите конретниот извршител или извршители ја прифаќа/ат материјална одговорност за штетата на лице место кога тоа се бара од оштетениот објектот/хотелот.
Агенцијата не прифаќа трошоци по тој основ и не е должна никакви компензации или обештетувања
Агенцијата не прифаќа трошоци поврзани со консумацијата за храна и пијалоци надвор од платената услуга и опишана во ваучерот издаден на клиентот.
Агенцијата не сноси одговорност за загуба на облека, пари и документи оставени во собата на објектот/хотелот.
Агенцијата не сноси одговорност за штети настанати при неисполнување или нецелосно исполнување на услугата при појава на непретпоставена или виша сила која што не може да се предвиди или избегне од страна на агенцијата или нејзините суб агенти ако истите совесно ги извршиле своите должности.
Агенцијата не сноси одговорност за проблеми поврзани со сместување на домашни миленици, ако не е пријавено во писмена форма и одобрено сместувањето од агенцијата при изработка на резервацијата. - Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите од понудата-безжичниот интернет не е задолжителен дел од опремата во собата, апартманот, студиото….
- По потврдување на резервацијата Вие сте обврзани со неа, треба да е платен аванс или да е платена во целост и во сила стапуваат сите услови за промена и анулација на резервацијата.
Во случај агенцијата да не ја добие сумата за направената резервација во предвидениот и договорен рок или до 7 дена пред нејзиниот почеток, постои правото резервацијата да биде анулирана, а сите трошоци кои прозилегуваат од условите за глоба се на Ваш товар.
Резервацијата која сте ја направиле е валидна само кога сте платиле аванс или во целост и ви е предаден ваучер од наша страна на наведен од Вас факс или е маил.
Секоја анулација од Вас на конкретна резервација треба да биде направена во писмен вид во агенцијата каде е платена резервацијата.
При резервации се уплаќа аванс од 30-50% од вредноста на аранжманот, (ако не е поинаку предвидено) а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 10 дена пред реализацијата на аранжманот - Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
- За резервации со попуст (рани попусти – EB):
При резервација e потребна уплата од минимум 30-50% од цената на аранжманот-резервацијата.
Останатиот дел од износот, треба да се доплати најдоцна до датата определена за попуст.
Уплатениот износ од 30-50%, не се враќа доколку патникот се откаже од патувањето. - За резервации по понуда – со редовни цени (освен EB и LM)
30% од вредноста на пакетот се плаќа при резервација на услугата,
30% од вредноста на пакетот ќе се плати до 30 дена пред датумот на поаѓање,
40% од вкупната вредност на услугите ќе се плати до 21 ден пред датумот на поаѓање; - Во случај на резервација во последен момент-last minute (LM), резервација ќе се изврши само со целосна уплата на услугите;
-
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма.
Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услуга / индивидуален престој се различни за секој објект/хотел и тие ке бидат составен дел во понудата. Доколку не се опишани во понудата други услови се применуваат и во сила и со важност се Опши условиА тие се:– за отказ од 60 до 45 дена пред патувањето се наплатува 5% од аранжманот
– за отказ од 44 до 30 дена пред патувањето се наплатува 10% од аранжманот
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30% од аранжманот
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50% од аранжманот
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80% од аранжманот
– за отказ од 5 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето се наплатува 100% од аранжманот.Напомена:
За отказ на резервации уплатени по специјални понуди (SPO), рана резервација (EB) или резервации во последен момент-last minute (LM), не се враќа уплатениот аванс потребен за резервација на услугите според описот и условите на програмата.Приговори и поплаки:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на (представникот). Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.
Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ