Вила Haus Lithea – Неа Потидеа 2021

Вила Haus Lithea – Неа Потидеа 2021

-15% попуст за резервација и целосна уплата до 10.06.2021

ОПИС:

Локација: House Lithea се наоѓа во Неа Потидеа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна.

GPS Координати: 40.1887778, 23.3391111

Соби: 

  • 1/3 студио: Во една просторија кујна и три стандардни кревети.
  • 1/4 апартман: Во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети.

Плажа: Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.

ЦЕНОВНИК:

преиод ноќевање 1/2 студио за 2 лица 1/3 студио за 2 лица 1/4 апп (со една спална)
05.06 – 12.06 7 130 € 150 € 170 €
12.06 – 19.06 7 150 € 170 € 220 €
19.06 – 26.06 7 180 € 200 € 260 €
26.06 – 03.07 7 260 € 280 € 320 €
03.07 – 10.07 7 270 € 290 € 360 €
10.07 – 17.07 7 300 € 320 € 380 €
17.07 – 24.07 7 320 € 340 € 440 €
24.07 – 31.07 7 340 € 360 € 440 €
31.07 – 07.08 7 340 € 360 € 440 €
07.08 – 14.08 7 340 € 360 € 440 €
14.08 – 21.08 7 320 € 340 € 420 €
21.08 – 28.08 7 300 € 320 € 380 €
28.08 – 04.09 7 280 € 300 € 350 €
04.09 – 11.09 7 170 € 190 € 260 €
11.09 – 18.09 7 120 € 140 € 190 €
18.09 – 25.09 7   80 € 100 € 140 €
  • Цените се по студио/апартман за 7 ноќевањa

Цената вклучува:

  • 7 ноќевања во студио или апартман,(по избор)
  • Користење клима уред,
  • Користење безжичен интернет

Цената НЕ вклучува:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 0,5 € по СОБА на ден (се плаќа во објектот)

Попуст за превоз по лице:

  • Дете од 2-11,99год попуст -10 € од редовната цена за возрасен
  • Дете до 1,99год – бесплатно и не користат седиште

Превоз:

Време на поаѓање и цена за превоз од Скопје за Халкидики (Сабота):

  • 05:40 h Штип (паркинг пред пошта) Трансфер до Велес 45€ по лице
  • 06:00 h Скопје (Дрводекор) 35€ по лице
  • 06:30 h Велес (бензинска мотел Македонија) 35€ по лице
  • 07:00 h Неготино (бензинска Неготино) 35€ по лице
  • 07:00 h Струмица (бензинска Макпетрол нов кружен тек) – Трансфер до Удово 45€ по лице
  • 07:40 h Удово (бензинска Удово) 35€ по лице
  • 08:00 h Граничен премин (бензинска Шимов) 35€ по лице

Време на поаѓање и цена за превоз од Битола за Халкидики (Сабота):

  • 04:00 h Битола (Пред спортска Сала) 35€ по лице
  • 03:15 h Прилеп (бензинска Салида) -Трансфер до Битола 35€
  • 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола 40по лице
  • 02:15 h Кичево (бензинска Пуцко Петрол) – Трансфер до Битола 45€ по лице
  • 02:30 h Охрид (бензинска Лук Оил излез за Битола) – Трансфер до Битола 40по лице
  • 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола 40€ по лице

Час и место на поаѓање од Грција:

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15;00 14;00 Калитеа
14;45 13;45 Полихроно
14;30 13;30 Ханиоти
14;15 13:15 Пефкохори

СЛИКИ:

УСЛОВИ:

  • Резервација се прави со авансна уплата од минимум 30% од цената на аранжманот и копија од лична карта.
  • Комплетна доплата 7 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд.
  • Можност за плаќање од 6 до 12 рати!!!
  • Услови за “early booking”: За резервација е потребно 30% уплата од сумата на аранжманот, доплата се врши најдоцна до датумот кога истекува попустот за рано букирање. Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на доплата.
  • Сместување во собите прв ден е после 14 часот (локално време),
  • Напуштање на собите последен ден најдоцна до 10 часот (локално време)
  • Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
  • За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст
  • Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
  • Агенцијата организатор не превзема одговорност за квалитетот и покриеноста на интернет конекцијата во капацитетите од понудата.
  • Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
  • Автобускиот превоз е организиран со високотуристички автобуси со клима и придружник на патвањето..
  • Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање на автобусот до/од објектот на сместување.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
  • Минимум 1 ден пред поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 мин пред поаѓањето.
  • Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои однапред се извинуваме.
  • Вие сте должни да сте на договореното место и час, со валидни Ваши документи за патувањето и багаж
  • Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести едно дете до 6 години во легло со родител
  • Превозот ги слегува патниците на локација до сместувањето каде може да се паркира автобуc
  • Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла.
  • Патниците се должни сами да ја одржуваат хигиената за време на престојот.
  • Тоалетни и хигиенските производи самите гости си ги обезбедуваат.

ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИЈА:

За отказ на резервација важат опшите услови , односно:

  • за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
  • за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
  • за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
  • за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.

Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација. Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
  • Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.

Важат Општите услови на СКТМ и Т.А. С-ТРАВЕЛ