Вила Haus Lithea – Неа Потидеа 2025
ОПИС:
Хаус Литеа се наоѓа во Неа Потидеа, првото населено туристичко место на Халкидики, првиот крак Касандра на околу 65 км оддалечено од Солун. Мало селце, познато по туризам и риболов, погодно за оние кои сакаат мир и тишина и идеално за фамилијарен одмор. Местото изобилува со различни таверни и ресторани во кои се подготвува традиционална грчка кујна.
Вилата е составена од два објекти А и Б.
Располага со трикреветни студија и четворокреветни апартмани.
Сите 1/3 студија се на III спрат
1/3 студио: во една просторија кујна и три стандардни кревети + тоалет.
1/4 апартман: во една соба кујна и два стандардни кревети и одделена спална со два кревети + тоалет.
Плажа – Сопствена плажа (широка и долга) пред самата вила со песок и камчиња.
Важна напомена:
Гостите се сместуваат во исчистена соба, во текот на сместувањето сами се грижат за хигиената. Секоја штета напрвена од страна на гостинот се плака на лице место. Студијата не поседуваат крпи. Агенцијата не е одговорна за брзината на интернетот или јачината на сигналот поради технички проблеми.
Check in: 14:00h. локално време
Check out: 09:00h. локално време
GPS 40.1888370673684, 23.339157851204625
ПОПУСТИ :
-10% попуст за резервации направени до 28.02.2025 со 30% уплата, остатокот до 01.04.2025.
Цените се за НАЕМ за 8 дена 7 ноќевања
термини | 1/3 студио | 1/4 апартман (со една спална) | 1/4+1 апартман (со една спална) | ||
поглед | зграда | море | зграда | море | зграда |
17.05-24.05 | 109 € | 139 € | 149 € | 169 € | 159 € |
24.05-31.05 | 179 € | 209 € | 199 € | 229 € | 219 € |
31.05-07.06 | 209 € | 239 € | 249 € | 279 € | 269 € |
07.06-14.06 | 249 € | 279 € | 299 € | 339 € | 319 € |
14.06-21.06 | 319 € | 349 € | 349 € | 389 € | 369 € |
21.06-28.06 | 359 € | 389 € | 419 € | 469 € | 439 € |
28.06-05.07 | 369 € | 409 € | 469 € | 519 € | 489 € |
05.07-12.07 | 389 € | 429 € | 509 € | 549 € | 519 € |
12.07-19.07 | 429 € | 469 € | 519 € | 569 € | 539 € |
19.07-26.07 | 449 € | 489 € | 539 € | 589 € | 539 € |
26.07-02.08 | 449 € | 489 € | 549 € | 599 € | 539 € |
02.08-09.08 | 469 € | 499 € | 569 € | 619 € | 579 € |
09.08-16.08 | 469 € | 499 € | 569 € | 619 € | 579 € |
16.08-23.08 | 439 € | 469 € | 519 € | 579 € | 549 € |
23.08-30.08 | 409 € | 439 € | 479 € | 529 € | 509 € |
30.08-06.09 | 359 € | 389 € | 459 € | 479 € | 469 € |
06.09-13.09 | 299 € | 339 € | 389 € | 409 € | 399 € |
13.09-20.09 | 249 € | 269 € | 309 € | 349 € | 329 € |
20.09-27.09 | 179 € | 189 € | 199 € | 209 € | 219 € |
Цените се во €, се плаќа во денари 1 € = 62 денари
Во цената Е вклучено:
7 ноќевања
2 лежалки со чадор на приватна плажа за студио/апартман
Користење клима уред,
Користење безжичен интернет
Во цената НЕ Е вклучено:
Автобуски превоз
Патничко осигурување
Туристичка такса 2,0 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Напомена:
Цените обележани со црвено се промо цени и не следува попуст за рана уплата
Вилата е “pet friendly” доплата за домашно милениче (куче) 50 €
Туристичката такса се плаќа на лице место по пристигнувањето во објектот..
За уплата на два последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин
Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата)
Купени или резервирани аранжмани по објавени/редовни цени не може да се споредуваат со ист аранжман понуден и продаден по рани резерваци или т.н. last minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот поради: отказ од клиент, намалена цена од сопственикот или непродадена соба од контингентот) НЕ следува корекција на цената.
Сликите и информациите за сите понуди на нашата веб страна се од информативен карактер..
Агенцијата не гарантира за конекцијата и брзината на интернетот во објектите.
Димензиите на креветите во капацитетите во Грција се разликуваат од нашите стандарди.
Грчкиот стандард: единечен кревет 70-90см x 180-190см, брачен кревет 120-160см со 180-190см
СЛИКИ:
ПРЕВОЗ:
Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до Халкидики
Цена по лице за превоз Скопје-Халкидики – САБОТА | време на поаѓање | цена |
Скопје – Дрводекор | 04;00 | 50 € |
Велес – (Кружен Тек на Влезот-Бензиска Макпетрол) | 04;30 | 50 € |
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес | 03;40 | 65 € |
Неготино – бензинска, Неготино | 05;00 | 50 € |
Граничен премин – бензинска Шимов | 06;00 | 50 € |
Цена по лице за превоз Битола- Халкидики – САБОТА | време на поаѓање | цена |
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон | 04;00 | 45 € |
Прилеп – БП Селида, трансфер до Битола | 03;15 | 45€ |
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола | 02;15 | 55 € |
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола | 02;30 | 55 € |
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола | 03;15 | 55 € |
Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe
ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА
локално (грчко) време | македонско време | летовалиште |
14:45 | 13:45 | Фурка |
15:00 | 14:00 | Сивири |
15:30 | 14:30 | Неа Потидеа |
15:45 | 14:45 | Неа Плагија |
Напомени:
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патничко возило или комбе.
Првиот ден на доаѓање и последниот ден на заминување патниците сами го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до/од објектот на сместување.
Ги замолуваме патниците на бидат на местата на поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Можни се доцнења во летната сезона заради густината на сообраќајот за кои се извинуваме.
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ:
За уплата на два или повеќе последователни термини одобруваме 7% попуст на вториот термин, (ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ САМО ЗА РЕДОВНИТЕ ЦЕНИ)
- Попустите не може да се комбинираат,
- Организаторот го задржува правото да ги продава своите капацитети преку понудата LAST MINUTE по цени кои се различни од оние во ценовникот. Страните кои платиле за аранжманот по цените објавени во овој ценовник немаат право да бараат надомест за разликата во цената.
- На промо цените НЕ следува попуст за рана резервација и 2 последователни термина.
- Патниците слегуваат на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
- При сместувањето влегувате во чисти соби, но за време на престојот сами се грижите за хигиената.По завршување на Вашето летување, должни сте апартманот да го оставите во пристојна(чиста) состојба.
- Во случај на причинета штета за време на престојот,корисникот на апартманот ја надоместува штетата на сопственикот на вилата на лице место
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
- Секој дополнителен багаж се наплаќа 10 евра по куфер.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),
- Минимум 1 ден пред секое поаѓање Ве замолуваме да се информирате во Агенција.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сеозна можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
ОТКАЗ НА РЕЗЕРВАЦИИ:
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
- за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
- за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
- за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
- за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
- Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство, елементарна непогода или слично), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала, туку само реалните трошоци произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати на крајниот давател на услугата, без право на рефундација
- Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.
ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ:
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на објектот или представникот. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од овој програм.